Телевизија во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Телевизијата во Македонија — за прв пат претставена во педесетите години на 20 век, а во 1964 година започнало емитувањето на сигналот на Телевизија Скопје. Денес во Македонија има број на слободни и заклучени телевизиски содржини кои се достапни преку различни сервиси, на кои има повеќе од 200 домашни, регионални и странски телевизиски станици.

Од 1 јуни 2013 година телевизиската содржина во Македонија се создава во дигитален формат, по гасењето на аналогниот земски сигнал низ целата држава. Дигиталната содржина е достапна преку земска мрежа, сателит, кабелска мрежа и интернет телевизија. Сепак, дел од кабелските оператори преку својата мрежа сè уште емитуваат аналоген сигнал.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е задолжена за контрола на содржината која ја емитуваат домашните телевизиски станици и програмите што се реемитувани од телекомуникациските оператори.
Remove ads
Земска телевизија
Историја
По поставуањето на првиот VHF предавател на радиодифузниот објект на Црн Врв, во јуни 1964 година започнал да се емитува првиот телевизиски сигнал, а веќе до крајот на годината започнала со редовна работа Телевизија Скопје. До крајот на шеесетите години целата територија на Македонија била покриена со телевизиски сигнал. Во февруари 1971 година се започнува со работа првиот предавател во боја, а до крајот на 1974 година е целосно развиена мрежата на предаватели и репетитори на сигнал во боја. Светското првенство во кајак на диви води во август 1975 бил прв настан кој РТВ Скопје го пренесува меѓународно во боја. Во 1978 година започнала со работа втората програма на Телевизија Скопје.
Кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со либерализацијата на медиумскиот пазар, се отвораат голем број на национални, регионални и локални телевизиски станици.
Дигитален пренос
Поради техничките ограничувања на аналогната телевизиска техника, преку истата на еден канал може да се пренесува само еден телевизиски сигнал, во стандардна резолуција (4:3 576i). За разлика, со дигитално кодирање на сигнал на еден канал можат да се пренесуваат повеќе телевизиски станици во висока резолуцја. Од тие причини, дел од европските држави преминот кон дигитална телевизија го започнале во деведесетите години. Поради сето ова, но и поради долгорочните планови да се ослободи дел од VHF и UHF подрачјето кое се користи за пренос на аналогна телевизија, во 2008 година започнала постапката за воведување на дигитално земско емитување.
Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.
Remove ads
Интернет телевизија (IPTV)
На 17 ноември 2008 година, Македонски Телеком ја вовел првата IPTV (интернет телевизија) платформа во Македонија, наречена „MaxTV“ која ги пренесува содржините преку интернет протокол. На 17 февруари 2016 година Неотел, под брендот „NeoTV“ ја вовел својата платформа за интернет телевизија. Поради далеку поголемиот проток на податоци возможен преку интернет протокол, овие оператори се во можност да понудат далеку поголема количина на содржини во висока резолуција споредно со класичните начини за пренос. Интернет протоколот исто така овозможува пристап до т.н. содржини по желба (англиски: on demand), како видеотека на телевизиска содржина емитувана во одреден претходен период и ризница на филмски и останати содржини, услуги кои се дел од понудата на двата оператори. Ова ја прави интернет телевизијата далеку поинтерактивна и богата со други содржини кои не се возможни кај други видови на пренос, пред сè поради практичните технички ограничувања.
Remove ads
Кабелска телевизија
Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.
Број на телевизиски претплатници по години
- Забелешка
- 1.^ Процентот на домаќинства кои се претплатени на одреден сервис не е податок кој е претставен во годишните извештаи на АЕК. Процентот прикажан е пресметан под претпоставка дека растот на бројот на домаќинства помеѓу пописите од 2002 и 2021 е линеарен, и дека нема повеќе од еден претплатник по домаќинство.
Remove ads
Телевизиски станици во Македонија
Заклучно со јуни 2023 година во Македонија постојат 52 активни телевизиски канали, од кои осум се програмски сервиси на државната МРТ, а останатите 44 се приватни комерцијални телевизиски станици. Од нив, 11 се со национална, 18 со регионална, а пак 15 со локална покриеност.[12][13]
Јавен програмски сервис
Македонската радио-телевизија како јавен сервис во Македонија има осум програмски сервиси, од кои шест се емитуваат на државно ниво, а два се емитуваат преку сателит и се наменети за македонската дијаспора.
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку сателит
Телевизиски станици со национална покриеност
Во Македонија има 11 приватни телевизиски станици кои имаат дозвола за емитување на национално ниво од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од нив, пет станици, членки на Македонската медиумска асоцијација, се достапни преку земската дигитална мрежа на мултиплекс под концесија на А1 Македонија, а еден е достапен преку сателит. Останатите пет телевизии се достапни само преку кабелските мрежи.
Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Телевизиски станици кои се емитуваат преку сателит
- Забелешка
- ^б 2 ТВ21 има дозвола за емитување само преку кабелски мрежи во Македонија. Меѓутоа, сигналот на телевизијата е достапен преку сателит, бидејќи албанскиот телекомункациски провајдер ДигитАлб го реемитува истиот без енкрипција.[13][14]
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Tелевизиски станици со регионална покриеност
Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Tелевизиски станици со локална покриеност
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Remove ads
Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици
Документарни канали со превод на македонски јазик:
- National Geographic Channel, со македонски DVB превод
- Discovery Channel, со македонски DVB превод
- Discovery HD Showcase, со македонски DVB превод (укинат 01.01.2021 година)
- Animal Planet, со македонски DVB превод
- TLC, со македонски DVB превод
- History channel, со македонски DVB превод
- H2, со македонски DVB превод
- Da Vinci Learning, со македонски DVB превод
- Viasat Explore, со македонски DVB превод
- Viasat History, со македонски DVB превод
- Viasat Nature, со македонски DVB превод
- DocuBox HD, со македонски DVB превод
- Travel channel, со македонски DVB превод
- BBC Earth, со македонски DVB превод
- Travel XP, со македонски DVB превод
Детски канали со превод на македонски јазик:
- OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот е повлечен од македонскиот пазар во текот на месец Март 2018)
- Pikaboo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод
- KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот престана со работење на 01.01.2014)
Тинејџерски и семејни канали со превод на македонски јазик:
- Vavoom, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод
Филмски канали со превод на македонски јазик:
- Star (поранешен FOX), со македонски DVB превод
- Star Life (поранешен FOX life), со македонски DVB превод
- Star Crime (поранешен FOX Crime), со македонски DVB превод
- Star Movies (поранешен FOX Movies), со македонски DVB превод
- AXN Adria, со македонски DVB превод
- AXN SPiN, со македонски DVB превод
- HBO Adria, со македонски DVB превод
- HBO 2, со македонски DVB превод
- HBO 3, со македонски DVB превод
- Cinemax, со македонски DVB превод
- Cinemax 2, со македонски DVB превод
- Cinestar TV, со македонски DVB превод
- Cinestar Action, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 1, со македонски DVB превод
- Cinestar Premiere 2, со македонски DVB превод
- Viasat Kino (поранешен TV 1000), со македонски DVB превод
- Viasat Epic Drama, со македонски DVB превод
- FilmBox Extra HD, со македонски DVB превод
- FilmBox Plus, со македонски DVB превод
- T Action (поранешен Tring Action / Tring Max), со македонски DVB превод
- T Prime 1 (поранешен Tring Fantasy), со македонски DVB превод
- T Prime 2 (поранешен Tring Super), со македонски DVB превод
- M1 Film, со македонски DVB превод
- M1 Gold, со македонски DVB превод
- M1 Family, со македонски DVB превод
- BBC First, со македонски DVB превод
- Pickbox TV, со македонски DVB превод
- Dizi, со македонски DVB превод
- Sky Showtime 1, со македонски DVB превод
- Sky Showtime 2, со македонски DVB превод
Забавни канали со превод на македонски јазик:
- MTV Adria, со македонски DVB превод (каналот опцијата за превод на македонски јазик ја има отстрането во текот на месец Март 2015 година, а на пазарот на поранешна Југославија престанува да работи на 31.12.2017)
- E! Entertainment, со македонски DVB превод
- 24 Kitchen, со македонски DVB превод
- Fine Living (FLN), со македонски DVB превод (каналот престана со работење на 01.01.2021)
- Zdrava TV, со македонски DVB превод
- Nova S, со македонски DVB превод (поранешен Top канал)
- HGTV, со македонски DVB превод
Remove ads
Поврзано
- Радио во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads