Список на француски кралеви
список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ова е список на кралеви на Франција, распоредени по хронолошки редослед, од соодветните династии. Француските монарси владееле од воспоставувањето на Франкија во 486 па сè до 1870. Во текот на поголемиот дел од својата историја, Франција била под власт на кралевите. Сепак, четворица каролиншки монарси биле исто така и цареви на Светото Римско Царство а династијата Бонапарти биле цареви.
Во оваа статија се содржат сите владетели кои ја имале титулата „Крал на Франките“, „Крал на Франција“, „Крал на Французите“ или „Цар на Французите“. За другите франкиски монарси, види Список на франкиски кралеви.
Како дополнување на туканаведените монарси, Кралевите на Англија и Британија од 1340–1360 и 1369–1801 исто така ја барале титулата Крал на Франција. Кусо време, тоа барање имало основа in fact — под условите на Троанскиот договор од 1420, кога Шарл VI го признал својот зет Хенри V од Англија за регент и наследник. Хенри V починал пред Шарл VI па така синот на Хенри V, Хенри VI од Англија, го наследил својот дедо Шарл VI како Крал на Франција. Поголемиот дел на северна Франција бил под британска контрола сè до 1435, но околу 1453, Англичаните биле истерани од цела Франција освен од Кале (и Каналските Острови), а Кале го изгубиле во 1558. Сепак, англиските а потоа и британските монарси продолжиле да ја бараат титулата сè до создавањето на Обединетото Кралство во 1801. Титулата "Крал на Франките" (латински: Rex Francorum) останала во употреба сè до владеењето на Филип II. Во тек на кусиот период кога Уставот од 1791 бил на сила (1791–1792) и после Јулската револуција во 1830, стилот "Крал на Французите" се користел наместо "Крал на Франција (и Навара)". Тоа била уставна иновација позната како народна монархија која титулата на монарх повеќе ја поврзувала со Французите отколку со територијата на Франција.
Remove ads
Титула
Титулата и називот на француските монарси се менувала со тек на времето:
- до 1181 : крал на Франките ([Rex Francorum] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help)).
- 1181-1285 : од 1190, печатот на Филип Август е гравиран со ознака en [Rex franciæ] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help), крал на Франција[1].
- 1285-1328 : крал на Франција и на Навара, со бракот на Филип IV Убавиот со Јована I, кралица на Навара.
- 1328-1589 : крал на Франција.
- 1589-1789 : крал на Франција и на Навара, титула дадена на кралот на Навара, Анри Бурбонски кога станува крал на Франција под името Анри IV.
- 1789-1792 : Луј XVI ја добива титулата крал на Французите на 10 октомври 1789, после настаните поврзани со Револуцијата. Титулата ќе биде официјализирана на печатот во 1790 и во Уставот од 1791.
- 1804-1815 : Наполеон Бонапарт, Прв конзул, се прогласува себеси Наполеон I, цар на Французите на 18 мај 1804.
- 1815-1830 : Луј XVIII (1815-1824) потоа Шарл X (1824-1830) ја враќаат титулата крал на Франција и на Навара.
- 1830-1848 : Титулата на принцот Луј-Жилип од Орлеан гласи Луј-Филип I, крал на Французите на 9 август 1830.
- 1852-1870 : Принцот Луј-Наполеон Бонапарт, претседател на Републиката, станува Наполеон III, цар на Французите на 2 декември 1852.
Remove ads
Меровиншка династија (428–737)
Биле припадници на германското племе познато како Франки. Меровиншките кралеви започнале како војсководачи, а најстариот за кој се знае бил Хлодион. Хлодовик I бил првиот кој се воздигнал до вистински крал. После неговата смрт, неговото кралство било поделено меѓу неговите синови, на (Неустрија), Париз, Орлеан (Бургундија), и Мец (Австразија). Неколку меровиншки монарси го обединиле франкиското кралство и стекнале титула „Крал на Франките“. Но после нивната смрт, согласно франкискиот обичај, кралството честопати било повторно делено меѓу нивните синови.
Remove ads
Каролиншки интерегнум (737–743)
Последните меровиншки кралеви, познати како мрзливите кралеви (rois fainéants), немале никаква реална политичка моќ, додека мајордомите владееле наместо нив. Кога Теодорих IV умрел во 737, мајордомот Карло Мартел го оставил престолот празен и продолжил да владее сè до својата смрт во 741. Неговиот син Пипин Кусиот накратко ја обновил меровиншката династија со тоа што го донел Хилдерик III на престолот во 743, но потоа повторно го разрешил во 751.
Меровиншка династија, обновена (743–752)
Каролиншка династија (752–987)
Remove ads
Капетинска династија (987-1328)
Remove ads
Династија Валоа (1328-1589)
Валоа (1328-1498)
Династија Ланкастер (1422-1453)
Валоа-Орлеан (1498-1515)
Валоа-Ангујем (1515-1589)
Remove ads
Бурбонска династија (1589-1792)
Remove ads
Династија Бонапарт, Првото царство (1804-1814)
Бурбонска династија (1814)
Династија Бонапарт, Првото царство (Стоте денови, 1815)
Бурбонска династија (1815-1830)
Династија Орлеан (Јулската монархија 1830-1848)
Династија Бонапарт, Второ царство (1852-1870)
Поврзано
- Меровинзи
- Капетинска династија
- Династија Валоа
- Бурбонска династија
- Династија Бонапарт
- Династија Орлеан
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads