1223
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1223 (MCCXXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1223 година од новата ера, 223. од вториот милениум, 23. од XIII век и четвртта од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6731 и 6732 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5973 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4983 и 4984 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1976.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1223 година се протега во 3859 и 3860, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3919 и 3920 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1766. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 619 и 620 исламска година.
Remove ads
Настани

- 26 март - Саншу II Португалски станува Крал на Португалија
- 31 мај - Битка на река Калка: Монголските сили на Џингис Кан ги победуваат Русите.
- 6 август - Луј VIII е крунисан крал на Франција.
- Битка кај Самара Бенд: Волшките Бугари ја поразуваат армијата на Монголското Царство.
- Флотата составена од италијанско-нормански сили не успева да ја освои Џерба.
- Монголска инвазија на Русија започнува кога монголската армија напаѓа, по 87 години од доминацијата на државата Новгородска Република.
- Герман II Цариградски станува Вселенски патријарх.
- За првпат се споменува градот Зебниц.
- Ибн Араби се преселува во Дамаск
Remove ads
Родени
- Михаил VIII Палеолог, никејски и византиски цар од династијата Палеолози
- Бајбарс, Султан од Египет и Сирија (п. 1277)
- Џон Фицалан (п. 1267)
- Стефан Урош I, српски крал од 1241-1242 до 1276 година
- веројатно
Починале
- 8 март - Винсентиј Камбрејски, бискуп и историчар (р. 1161)
- 25 март - Крал Афонсо II Португалски (р. 1185)
- 14 јули — Филип II, француски крал од Капетинската династија.
- Маргарита Унгарска - унгарска принцеза, византиска царица како сопруга на императорот Исак II Ангел и солунска кралица како сопруга на Бонифациј Монфератски.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads