’Ржаничино

село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia

’Ржаничиноmap
Remove ads

’Ржаничино (или Р’жаничино) — село во областа Блатија, во Општина Петровец, на патот помеѓу градовите Велес и Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на последните куќи на селото од полето

Селото ’Ржаничино, се наоѓа во источниот рамничарски дел на Скопската Котлина на надморска височина од 225 метри[2]. ’Ржаничино лежи во алувијалната зона од левата страна на реката Вардар, на 22 километри оддалеченост од Скопје[2] и 9 километри оддалечност од општинскиот центар Петровец. Селото е расположено од двете страни на автопатот „Пријателство“ (Е-75) на делницата Скопје - Велес, а крај самото село поминува и регионалниот пат Скопје - Катланово. Североисточно од ’Ржаничино се издигнува високо земјиште составено од езерски наслаги на кое се наоѓаат селските пасишта и лозја, а југозападно се наоѓа пространата рамнина Блатија со ниви и ливади[3]. Во непосредна близина на селото некогаш постоело Катлановското Блато, кое било исушено со мелиоративни зафати по Втората светска војна. Непосредно од запад се наоѓа селото Петровец, на југозапад Огњанци, на југ е селото Таор со кое има директна врска со новоасфалтиран пат, на југоисток Катланово, на исток Ќојлија и на север е селото Миладиновци.

Remove ads

Историја

Подрачјето на ’Ржаничино е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Шамак источно од селото.[4]

Според предание запаметено од постарите жители, на местото на денешното село ’Ржаничино, постоело друго село населено со Македонци, од кое остатоци како темели од куќи, гробови и надгробни плочи,, ќупови, ќерамиди се наоѓале на потегот наречен Старо Село[3]. За време на османлиското ропство, на местото на раселеното село било основано ново село, а македонските христијански семејства кои се доселиле на чифлизите и го основале селото, му го дале денешното име ’Ржаничино[3]. До крајот на турското владеење во 1912 година, селото било поделено на неколку чифлизи, на кои работеле сите македонски семејства, а во 1912 година поради тешките услови настапило и масовно иселување во Скопје, при што во селото останале само 3 македонски куќи (2 од родот Тасевци и 1 од Латинови)[5]. Од чифлигарскиот систем селото се ослободило во 1919 година, кога на турските бегови им било оставено да откупат само 5% од земјиштето[5]. По Втората светска војна голем дел од атарот на ’Ржаничино бил намален, бидејќи околу 200 хектари биле доделени на факултетското стопанство, 30 хектари на фабриката за преработка на трска од Катлановското блато, 50 хектари на краварството, а на селото биле оставени 403 хектари од кои пасишта 190 хектари и 213 хектари обработливо земјиште[5].

Потекло и значење на името

Потеклото на името на селото доаѓа од името на житното растение ’рж, кое се одгледува на нивите во селото до денешни дни и се изговара како „р’ж“.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Населението главно се занимава со земјоделство, поради поволната географска положба во рамнината на Скопската Котлина во близина на Катлановското блато. Најзастапено е полјоделството со одгледување на житарици (пченица, јачмен, р'ж и пченка) и сточна храна (луцерка), градинарството (домати, пиперки, морков) и сточарството, односно краварството во поголема и козарството во помала мерка. Покрај земјоделието, населението се занимава и со други стопански гранки како занаетчиството (во селото постојат столарски, тапетарски, механичарски работилници), градежништвото и исцрпувањето на песок за цемент, како и работа на други дејности во Скопје.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Иржениче и било христијанско, каде имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 63 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 25 до 50 Албанци.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 855 жители, од кои 628 Македонци, 32 Албанци, 45 Срби, 137 Бошњаци и 13 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.043 жители, од кои 687 Македонци, 42 Албанци, 5 Турци, 1 Ром, 25 Срби, 226 Бошњаци, 8 останати и 49 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Најголемиот дел од жителите на ’Ржаничино, отсекогаш и денес се Македонци од православна христијанска вероисповед. Македонски родови во селото се: Латинови (старинци, „од векот овде“), Тасевски или Ѓорѓиевски (од с. Бујковци), Черепналковски (од с. Галичник во Западна Македонија), Николовски или Поповци (од с. Галате кај Гостивар), Тодоровски I (од с. Таор), Величкови (од с. Студена Бара - Кумановско), Петровски (од с. Глуво), Василевски (од с. Кожле), Тодоровски II и Тодорови (од блиското с. Блаце), Маневци, Стојчевски, Ордевски, Петрушеви, Кметовци и Миленковски (сите од с. Дивље), Стевковци, Стојчевци, Маневци, Ордевци (сите од с. Маркова Сушица и Барово), Велковци, Костадиновски и Ристевци од (с. Нова Брезница), Дилберовци од (с. Леуново - Гостиварско), Дојчевци (од с. Ново Село - Зелениковско)[14].

Remove ads

Општествени установи

Во селото постојат две цркви. Во селото во завршна фаза на изградба е црквата Света Троица, а на ридот над селото постои црквата Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) со голем крст, изградена од ктиторот Пидо Чужуков.

Цркви

Самоуправа и политика

Галерија

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Шамак — населба од неолитско време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од ’Ржаничино во минатото се забележани иселување на родовите Секуловци (доселени од с. Пакошево) и Спасовци во Скопје, односно некогашното село Влае, а исто така во Скопје се иселил и албанскиот род Шкека[15].

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads