Огњанци

село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia

Огњанциmap
Remove ads

Огњанци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Thumb
Геодетска карта на Огњанци.
Remove ads

Географија и местоположба

Огњанци се наоѓа во областа Блатија, во источниот дел на Скопската Котлина, на околу пет километри од општинскиот центар Петровец и на 18 километри југоисточно од градот Скопје.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Огјанче и било христијанско, каде имало 14 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 50 мажи христијани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 108 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 194 жители.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 25 до 50 Турци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.142 жители, од кои 543 Албанци, 317 Македонци, 8 Турци, 12 Роми, 256 Срби, 2 Бошњаци и 4 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.143 жители, од кои 268 Македонци, 527 Албанци, 10 Турци, 4 Роми, 178 Срби, 8 Бошњаци, 29 останати и 119 лица без податоци.[6]

Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Огњанци е мешано село, според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:

  • Македонски: Савевци (1 к.) они се староседелци; Вучиновци (2 к.) доселени се во турско време од Драчево, таму и сега имаат земја која ја обрадотуваат; Плачковци (5 к.) доселени се од селото Пакошево; Тошевци (1 к.) доселени се од селото Волково; Јаневци (1 к.) доселени се од Усје; Трипун (1 к.) доселени се од Бардовци; Никчевич Павле (1 к.) доселен пред крај на турското владеење од Ново Село; Атанасовци (1 к.) доселени се од Бадар; Станојче (1 к.) доселен од Наово; Николовци (1 к.) доселени се од селото Таор; Милутин (1 к.) доселен од Порече како домазет во 1930 година; Илијевци (1 к.) и Китановци (2 к.) доселени се од Говрлево; Василевци (4 к.) и Боцевци (1 к.) доселени се од селото Горно Соње, таму имале роднини (Милевци), уште подалечно потекло од Дебарско; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Говрлево; Јаневци (1 к.) доселени се од Порече; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Раштак во Скопска Црна Гора; Кметовци (1 к.) доселени се од селото Побожје во Скопска Црна Гора; Спасовци (1 к.) доселени се од селото Горно Соње; Петровци (1 к.) доселени се од Тиквеш, ги викаат и „Бугарчиња“; Петковци (1 к.) доселени се од селото Петровец; Ѓурчинова Санда (1 к.) дојдена е од Тетово ; Ивановци (1 к.) и Тимосиевци (1 к.) и они се доселени од Тетово; Мицевци (1 к.) доселени се од Ново Село кај Таорска Клисура; Матејевци (1 к.) доселени се од селото Маврово во Гостиварско.
  • Српски: Бубало (6 к.), Глушица (1 к.), Репац (1 к.), Кокотовиќи (1 к.) и Чучаковиќи (2 к.) доселени се во 1922 година од Лика во Хрватска како колонисти; Божиновиќи (2 к.) доселени се од околината на Заечар во Србија; Гајиќи (1 к.) доселени се од селото Пепељевац кај Крушевац во Србија; Пауновиќи (1 к.) доселени се од селото Трновац кај Заечар во Србија; Трифуновиќи (1 к.) доселени се од селото Витановац кај Крушевац во Србија.
  • Турски: Шериф Суља (2 к.) и Ибраимовци (1 к.) доселени се во 1878 година како мухаџири од Бугарија.
  • Албански: Абдуловци (2 к.) доселени се од селото Студеничани околу 1931 година; Јашар (1 к.) и Шабан Осман (1 к.) доселен од Скопје; Фетаовци (2 к.) и Бафти Лиман (1 к.) доселени се од селото Брест на Скопска Црна Гора; Јаировци (2 к.) доселени се од Косово; Шабановци (3 к.) доселени се од селото Танушевци на Скопска Црна Гора; Ќазим Нури (1 к.) доселени се во текот на Првата светска војна од селото Јазирце кај Гнилане во Косово; Ќазим Ајрула (1 к.) доселен е како домазет од некое село во Долен Полог. Повеќето родови подалечно потекло имаат од северна Албанија.
  • Поалбанчени Роми: Агушевци (4 к.) доселени се од околината на Урошевац во Косово; Садриовци (1 к.) доселени се од селото Орешани, подалечно потекло од околината на Урошевац; Бајрам Ајдин (1 к.) доселен во 1942 година од селото Трубарево, уште подалечно потекло од околината на Урошевац; Емин (1 к.) доселен од Студеничани, уште подалечно потекло од Косово; Зенуловци (2 к.) доселени се од Косово; Рамо Муртез (1 к.) доселен од околината на Гнилане; Реџеп Максут (1 к.) доселен од Косово; Амет (1 к.) доселен од Трубарево, подалечно потекло од Косово.[11]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Илија“ во Огњанци

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads