780
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
780 (DCCLXXX) — престапна година според општоприфатениот календар. Таа била 780 година од новата ера, 780. од првиот милениум, 80. од VIII век и прва од 780-тите. Оваа година била определена како 780 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6288 и 6289 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5530 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4540 и 4541 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1533.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 780 година се протега во 3416 и 3417, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3476 и 3477 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1323. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 163 и 164 исламска година.

Remove ads
Настани
Според место
Византиско Царство
- 8 септември - царот Лав IV ("Хазарот") умира по 5-годишно владеење, за време на кое доминирала неговата сопруга Ирина I Атињанка, иконопоклоник. Тој е наследен од неговиот 9-годишен син Константин VI; поради неговата возраст наместо него дејствувале како регенти Ирина и нејзиниот главен министер Ставракиј.[1]
Европа
- Саксонски војни: кралот Карло Велики наредува да бидат казнети со смртна казна сите Саксонци кои ќе одбијат христијанско крштевање. Во меѓувреме Видукинд развива бунтовничка сила во северниот дел на Саксонија.[2]
- Градот Оснабрик, формиран како пазар, е основан од страна на Карло Велики (приближен датум).
Британија
- Градот Олдвич стана познат како важен трговски центар во Лондон, под мерсиска контрола. Кралот Офа Мерсиски гради кралска палата во Алдерманбури, на местото на старата римска порта Криплгејт и амфитеатарот (приближен датум).
Азија
- Кралот Хјегонг од Сила е убиен во бунт, прекинувајќи ја кралската наследна линија на поранешниот владетел Мујол. Тој бил заслужен за обединувањето на корејскиот полуостров под власт на Сила (види 668).
Според тема
Религија
- Боробудур, будистички храмски комплекс во Магеланг (денешна Индонезија), е изграден (приближен датум).
Remove ads
Родени
- Ахмад ибн Ханбал, муслимански научник и теолог (почина во 855)
- Фредерик Утрехтски, фризиски епископ (приближен датум)
- Гуифенг Зонгми, кинески будистички монах (почина во 841)
- Хуго фон Тур, франачки благородник (приближен датум)
- Мухамед ибн Муса ел-Хорезми, персиски математичар (приближен датум)
- Рабан Мауро, архиепископ на Мајнц (приближен датум)
- Јунјан Таншенг, кинески будистички монах (почина во 841)
Починати
- 19 август – Кредан, англиски игумен и светец
- 8 септември – Лав IV, византиски цар (роден во 750)
- Дунчад ва Дајмине, крал на Хи Мејн (Ирска)
- Химилтруда, жена на Карло Велики (приближен датум)
- Хјегонг, крал на Сила (Кореја) (роден во 758)
- Кун Ло, основач на Луанг Прабанг (Лаос)
- Куме но Вакаме, јапонска благородничка
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
