786
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
786 (DCCLXXXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 786 година од новата ера, 786. од првиот милениум, 86. од VIII век и седма од 780-тите. Оваа година била определена како 787 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6294 и 6295 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5536 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4546 и 4547 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1539.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 786 година се протега во 3422 и 3423, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3482 и 3483 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1329. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 169 и 170 исламска година.
Remove ads
Настани
Според место
Европа
- Кралот Карло Помладиот, син на Карло Велики и владетел на Аквитанија, ги посети Монтекасино и Капуа, во рамки на Беневенто. Принцот Арехис II потпишува договор наречен "pactum' со соседното византиско војводство Неапол.
Британија
- Кинехерд, брат на починатиот крал Сигеберт, го убива неговиот соперник Киневулф Весекски, додека тој е во Меретун (денес наречен Мартен) со неговата љубовница. Весекските благородници одбиваат да го признаат Кинехерд како цар.
- Кинехерд е убиен и наследен од страна на Беортрик, со поддршка од кралот Офа Мерсиски. Неговиот соперник Егберт, далечен роднина на кралот Ине, е прогонет преку Ламанш.
- Егберт се населува во дворот на Карло Велики и ги учи вештините на владеење во текот на неговото време во Галија.[1] За време на својот престој тој се запознава со Едберт, свештеник кој подоцна стана крал на Кент.
Арапска империја
- 11 јуни – Битката кај Факх: алидското востание во Мека предводено од Хасан ибн Али е задушено од страна на Абасидите. Еден од Алидите, Идрис ибн Абдалах, побегнува во Магреб во западниот дел на Северна Африка, каде што тој подоцна ја основа Идрисидската династија.
- 14 септември – Харун ал-Рашид станува абасидски калиф во Багдад, по смртта на неговиот брат Ал Хади. Тој го именува Салим Јуниси како гувернер на Синд и Инд.
Според тема
Религија
- Беат Лиебански, монах и теолог, го објавува својот Коментар за апокалипсата.
Remove ads
Родени
- 19 октомври – Сага, цар на Јапонија (почина во 842)
- Аделох, архиепископ на Стразбур (почина во 823)
- Ал-Хаџаџ ибн Јусуф ибн Матар, муслимански математичар (почина во 833)
- Ал-Мамун, муслимански калиф (почина во 833)
- Сахр ибн Бишр, муслимански астролог (приближен датум)
- Тачибана но Качико, кралица на Јапонија (почина во 850)
Починати
- 14 септември – Ал Хади, муслимански калиф (роден во 764)
- 16 октомври – Лул, архиепископ од Мајнц
- Або Тбилиски, христијански маченик
- Ал-Раби ибн Јунус, муслимански министер (или 785)
- Кинехерд, благородник од Весекс
- Киневулф, крал на Весекс
- Царицата Ванг (Дезонг) од Кина
- Дезидериј, кралот на Ломбардите (приближен датум)
- Диармајт мак Конајнг, крал на Јужна Брега (Ирска)
- Саканое но Кантамаро, јапонски генерал (роден во 727)
- Типрајти мак Тајдг, крал на Конахт (Ирска)
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
