781
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
781 (DCCLXXXI) — година според општоприфатениот календар. Таа била 781 година од новата ера, 781. од првиот милениум, 81. од VIII век и втора од 780-тите. Оваа година била определена како 781 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6289 и 6290 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5531 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4541 и 4542 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1534.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 781 година се протега во 3417 и 3418, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3477 и 3478 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1324. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 164 и 165 исламска година.
Remove ads
Настани
Според место
Европа
- Кралот Карло Велики својот син Карломан (преименуван во Пипин) го именува за "Крал на Италија" и тој е крунисан од страна на папата Адријан I со железната круна на Ломбардија. Неговиот помлад брат Карл Помладиот е именуван за цар на Аквитанија и Луј Побожниот (на само 3-годишна возраст) е именуван за под-крал на Италија и Аквитанија.[1]
- Карло Велики се запознава со Алкиун, англосаксонски мисионер, во Италија и го поканува во Ахен, каде што тој станува главен советник на Карло Велики во однос на верски и образовни прашања (приближен датум).
Азија
- Јанг Јан, кинески државник, извршил самоубиство откако беше обвинет за мито и корупција. Тој е заслужен за реформата на даночниот систем за селаните, за намалувањето на моќта на аристократските класи и елиминирање на нивните имоти ослободедни од данок.
- 30 април – во Јапонија царот Конин абдицира од престолот по 11-годишно владеење, во корист на неговиот полукорејски син Канму.
- 31 јули – се случува најстарата документирана ерупција на планината Фуџи (традиционален јапонски датум: 6 јули, 781).
- Новиот град Биан (汴) е изграден на местото на Кајфенг за време на династијата Танг (Кина).
Според тема
Религија
- Карло Велики го дефинира папското подрачје (види Папска Држава). Тој ги кодифицира регионите над кои папата ќе биде привремен суверен: војводство Рим кое се проширува до Равена, војводство Пентаполис, делови од војводство Беневенто, Тоскана, Корзика и Ломбардија.
- Несторијанците во Кина градат христијански манастири и несторијанска стела (приближен датум).
Remove ads
Родени
- Харис ал-Мухасиби, основач на Багдадската школа на исламска филозофија и учител на суфиските мајстори Џунајд ал-Багадади и Сари ал-Сакти. (почина во 857)
Починати
- Алкмунд, епископ на Хексам (приближен датум)
- Фергус мак Едхах, крал на Далријада (Шкотска)
- Гуо Зији, генерал на династијата Танг (роден во 697)
- Исоноками но Јакацугу, јапонски благородник (роден во 723)
- Јанг Јан, канцелар на династијата Танг (роден во 727)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
