Градец (Гостиварско)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градец — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. Пред новата територијална поделба селото било дел од поранешната општина, Општина Неготино-Полошко.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 15 километри северозападно од Гостивар.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 105 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[2]
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 760 жители, од кои 660 Албанци и 100 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Градец — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 174 куќи и 1.024 жители, Албанци и Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.300 Албанци.[7]
Во 1961 година, бројот на населението изнесувало 2.012 жители, а во 1994 година 4.077 жители од кои најбројни се Македонците и Албанците.
Според пописот од 2002 година, во Градец живеат 4.555 жители, од кои 4.535 Албанци, 7 Македонци, 4 Бошњаци и 9 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.934 жители, од кои 3.833 Албанци, 3 Роми, 3 Бошњаци и 95 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Градец е претежно албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци: Јанковци (1 к.) тие имале иселеници во Тетово (две семејства), Романија (три семејства) и во Одеса (две семејства)
Турски
- Доселеници: Бајрам Деде (3 к.) први муслимански доселеници во селото. Потекнувале од предокот Нуза База кој бил доселен од Мала Азија.
Албански
- Доселеници: Дерала (66 к.) живеат во истоименото маало. Се делат на повеќе родовски гранки. Потекнуваат од предок кој се доселил од Хаса во северна Албанија. Имаат роднини во Жеровјане, Челопек и Голема Речица. А род со истото име постои и во прилепско (Горно Житоше); Дранче (23 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Некое време живееле и во селото Ѓургевиште каде имаат истоимени роднини; Чајан (5 к.) и Коко (7 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија; Фанде (4 к.) доселени се од местото Фанде во северна Албанија, западно од Љума. Порано биле католици; Кајлије (34 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Таму живееле во местото наречено Дац. Го знаат следниот родослов. Асан (жив на 75 год. во 1947 година) Ќазим-Алил-Јонуз-Мифтар, кој се доселил во селото; Пособе (9 к.) живееле во истоименото мааало; Дано Ипи (4 к.) доселени се од местото Шат во северна Албанија; Меди (2 к.) доселени се од Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Исен Оџа (2 к.) доселени се од некое полошко село. Подалечно потекло од северна Албанија; Љоче (14 к.) доселени се од северна Албанија. Го знаат следниот родослов. Ракип (жив на 52 год. во 1947 година) Рамадан-Рушит-Идриз; Хасо (3 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија; Коцак (1 к.) доселени се од северна Албанија; Руфат (1 к.) доселени се од селото Горјане. Таму припаѓале на родот Велко, подалечно потекло од Мирдита во северна Албанија; Дога (5 к.) доселени се од северна Албанија; Куље (8 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија; Авдија (1 к.) доселени се од планинското село Ѓурѓевиште. Подалечно потекло од северна Албанија; Коџија (4 к.) доселени се од северна Албанија; Изет (1 к.) и Беч (6 к.) доселени се од селото Раковец Подалечно потекло од Горна Река; Бајрам Шабан (9 к.) по потекло Горанци. Доселени се од селото Рестелица во Гора; Ашколар (4 к.) по потекло Горанци. Доселени се од областа Гора. Имаат роднини во селото Пирок; Оџол (1 к.) доселени се од раселеното село Поточане, порано зборувале македонски; Торбеши (4 к.) доселени се во 1916 година од некое село во областа Гора.
Роми
- Доселеници: Рамаданови (5 к.) доселени се однекаде; Исенови (1 к.) доселени се од Тетово.[14]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 445, 445/1, 446, 447 и 447/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.829 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Мехмет Паша Дерала (1843-1918) — албански политичар, прв министер за одбрана на Албанија; роден во с. Градец каде и поседувал големи пространства земја кои ги наследил од неговите предци. Од својата рана младост тој се школувал во најелитните тогашни институци во Истанбул, каде се здобил со знаења и вештини од политичките и војните војните науки.Му служел на империата како чиновник и војник долго време.Кога почна превирањата и движењата за слобода во бакан ,тој прво му се придружил ма “призренската лига“ .По објавата на независноста на државата Албанија тој станува прв нејзин министар за војна,и почнува со организирање на воската со нејзино структуирање и обучување.
- Веби Велија (1948-2009) — албански стопанственик, сопственик на балканската регионална индустриска и консалтинг корпорација ВЕ-ВЕ Груп и на телевизискиот синџир „Алсат“ во Македонија (Алсат М), Албанија и Косово.
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


