Тур де Франс 2014

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тур де Франс 2014
Remove ads

Тур де Франс 2014 — 101. издание на најпознатата велосипедска трка Тур де Франс. Започнало во Лидс, Англија, на 5 јули 2014, а поминала и низ Лондон, пред да се врати во Франција.[1][2][3] Трката традиционално завршила на Шанзелизе во Париз на 27 јули.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Трката претставувала осумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја и втора голема трка оваа година.

Победник на трката бил Италијанецот Винченцо Нибали, кој ја освоил трката со предност од седум минути и 37 секунди пред второпласираниот Жан Кристоф Перо, најголема победничка разлика од 1997 година.

Remove ads

Екипи

Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[4]

Аг2р-Ла Мондијал
Ванти-Груп Гобер
Кофидис
Џајант-Шимано
Лото-Белисол
Орика-ГринЕЏ
Тим НетАп-Ендура
Трек Фактори Рејсинг
Астана
Бретањ-Сеше анвиронман
FDJ.fr
ИАМ Сајклинг
Мовистар Тим
Тим Јуропкар
Тим Скај
Белкин Про Сајклинг
Канондејл
Гармин-Шарп
Лампре-Мерида
Омега Парма-Квик Степ
Катјуша
Тинкоф-Саксо

†: Поканети професионални континентални екипи.

Remove ads

Фаворити пред трката

Пред почетокот на трката, како главни кандидати за генералниот пласман и борбата на целата трка се споменувале Крис Фрум, бранителот на титулата од минатата година, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали.[5]

Рута и етапи

Првите три етапи биле објавени на 17 јануари 2013 година од официјалната туристичка агенција на Јоркшир.[6][7] Ова било четврти пат Тур де Франс да содржи етапи во Англија (по изданијата во 1974, 1994 и 2007) и единствен пат да содржел повеќе од две етапи во Англија.

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2014. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[10] Во 2014, не постоеле бонус секунди.

Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[10]

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.[10]

Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи роден на или по 1 јануари 1989 година.[10]

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат од 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.

Повеќе информации Етапа, Победник ...
Забелешки
  • На етапата 2, Бријан Кокар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган (на второто место) ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
  • На етапите 3-5, Ромен Барде, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
  • На етапите 6-7, Михал Квјатковски, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
  • На етапата 14, Хоаким Родригес, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Винченцо Нибали (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Remove ads

Поредок

Повеќе информации Легенда ...

Пласман за млад возач

Повеќе информации Возач, Екипа ...

Екипен пласман

Повеќе информации Место, Екипа ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads