општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Берово — општина во Македонија. Центар на општината е градот Берово, кој е и единствено градско подрачје во општината. Според пописот од 2002 година во општината живеат 13.941 жител во 9 населени места. Густината на населението на општината е 23,3 жители на метар квадратен, а вкупната површина на општината изнесува 598 км2. Општината е претежно населена од Македонци, македонскиот јазик е доминантен, а православието најголема религија во општината. Општината е позната по Беровското Езеро и својата природа.
Општина Берово | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Берово | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Звонко Пекевски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 598,07 км2 (230,92 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 10.890 | ||
• Густина | 18/км2 (47/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +033 | ||
Регистарски таблички | BE | ||
Мреж. место | berovo.gov.mk |
Општина Берово се наоѓа во Источна Македонија. Општината се протега во историско-географската област Малешевија. На територијата на општината се протегаат Малешевските Планини. Општина Берово граничи со Општина Виница и Општина Делчево на север, со Општина Пехчево на североисток, со Општина Ново Село и Општина Босилово на југ, со Општина Василево на југозапад и Општина Радовиш на запад. Вкупната површина на Општината изнесува 598 км2, а вкупното население според пописот од 2002 година изнесува 13.941 жител. Општината има планински релјеф. На територијата на Општината извира реката Брегалница, а источно од градот Берово се наоѓа планинското Беровско Езеро. Климата во општината е континентална.[2]
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 10.890 жители, 4.143 домаќинства и 8.683 станови.[3]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.272 |
муслимани | 514 |
католици | 4 |
христијани | 3.575 |
протестанти | 2 |
евангелисти | 1 |
евангелисти-методисти | 0 |
Јеховини сведоци | 9 |
останати | 0 |
евангелиски протестантски христијани | 8 |
агностици | 1 |
будисти | 2 |
лица без податоци† | 502 |
Вкупно | 10.890 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 10.068 |
албански | 0 |
турски | 22 |
ромски | 257 |
влашки | 1 |
српски | 15 |
бошњачки | 6 |
останати | 19 |
знаковен јазик | 0 |
непознато | 0 |
лица без податоци† | 502 |
Вкупно | 10.890 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Доминантна етничка заедница во Општината се Македонците, доминантен јазик е македонскиот и доминантна религија во Општината е православието. Општината е составена од 9 населени места, меѓу кои и градот Берово како најголемо населено место во Општината. Густината на населението е 23,31 жител на км2.[3]
Општината има 9 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Берово е единственото градско подрачје во општината.
бр. | место | жители[4] |
---|---|---|
1. | Берово | 7.002 |
2. | Русиново | 2.095 |
3. | Владимирово | 861 |
4. | Ратево | 844 |
5. | Смојмирово | 765 |
6. | Двориште | 757 |
7. | Митрашинци | 729 |
8. | Будинарци | 682 |
9. | Мачево | 206 |
Берово како општина функционирало уште со административната поделба на СР Македонија од 1952 година. Претходно општините се именувале како народни одбори. Последното утврдување на Општина Берово како административна единица на Македонија е со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.
Во градот Берово се наоѓа Музејот на град Берово и Домот на културата „Димитар Беровски“.
Градоначалник на општина Берово е Звонко Пекевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Берово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Локалната управа на општината е составена од следниве комисии:
Во рамките на Општина Берово функционира Фудбалскито клуб „Малеш“, кој е основан во 1919 година. Покрај овој клуб, во Општината опстојува и Ракометниот клуб „Малеш“. Покрај екипните спортови, во Берово се регистрирани и Риболовното друштво „Абланица“ и Ловечкото друштво „Дабевец“. На територијата на Општината се наоѓаат следниве спортски терени[6]:
За општина Берово се забележува внатрешна и надворешна миграција. Внатрешната миграција се одвива кон поголемите градски центри во Републиката, а надворешната кон западноевропските држави, првенствено Италија и Германија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.