From Wikipedia, the free encyclopedia
Нуно Мигел Соареш Переира Рибеиро познат како Нуно Гомеш, (роден на 5 јули 1976, во Амаранте), е поранешен португалски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој во моментов работи како асистент во меѓународниот сектор во екипата на Бенфика.[1]
Нуно Гомеш | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 јули 1976 | ||
Роден во | Амаранте, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2 април 2014 (37 години) | ||
Младинска кариера | |||
Боавишта | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1994-1997 | Боавишта | 79 | (23) |
1997-2000 | Бенфика | 101 | (60) |
2000-2002 | Фјорентина | 53 | (14) |
2002-2011 | Бенфика | 189 | (66) |
2011-2012 | Брага | 20 | (6) |
2012-2013 | Блекбурн Роверс | 18 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
1995-2011 | Португалија | 79 | (29) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Неговиот прекар Гомеш го добил во младоста, по португалскиот напаѓач, Фернандо Гомеш.
Нуно Гомеш го направил своето професионално деби со Боавишта во сезоната 1994-95. Во сезоната 1996-97, тој постигнал 15 гола во лигата: а благодарение на голот во финалето на Купот на Португалија при победата над Бенфика, заработил трансфер во Бенфика, најтрофејниот португалски клуб. После 101 натпревар и 60 гола со орлите од Лисабон, но и неговите настапи за репрезентацијата на Евро 2000 драстично се зголемила неговата вредност на трансфер-пазарот.
Во летото 2000 година Нуно Гомеш го завршил својот трансфер во италијанската Фјорентина, кои платиле 17 милиони евра за тогаш дваесет и четири годишниот напаѓач. Веќе во првата сезона со виола го освоил италијанскиот куп и загубил во Суперкупот на Италија освоен од Рома, пред клубот да банкротира, принудувајќи го Нуно Гомеш, стрелецот на 20 гола за двете последни сезони (14 во лигата), да се врати во Португалија.
Во јануари 2002 година, заедно со Марко Роси, го раскинал договорот со Фјорентина, поради неплаќање на бонус премија од натпревар во вредност од 25.000 €. Гестот, со кој само формално го известил клубот, бил сметан за кршење на пактот за почит од страна на неговите соиграчи[2] како и предавство кон навивачите на Фјорентина. Така, во текот на летото на 2002 година, тој се вратил во Бенфика, каде потоа станал капитен. Го зел дресот со број 21., кој го носел и во Фјорентина.
Серија од досадни повреди го ограничиле Гомеш да одигра помалку од 70 натпревари од 2002 до 2005 година,[3][4] но и покрај тоа тој и помогнал на Бенфика да го освои домашниот куп во сезоната 2003-04 и лигата следната сезона - во вториот случај, придонел со седум гола во 23 настапи. Во сезоната 2005-06 уживал во неговата најдобра сезона по враќањето во Португалија, постигнувајќи 15 првенствени гола, вклучувајќи ги и двата во гостинската победа против Порто (0-2)[5] како и хет-трикот против Леирија, заземајќи го второто место на списокот на стрелците и освојувајќи го Суперкупот на Португалија, каде тој го постигнал единствениот гол на натпреварот против Виторија Сетубал.[6]
На 15 јуни 2011 објавил дека нема намера да го обнови договорот кој му истекувал, со што по 12 години ја напуштил Бенфика.[7] На 1 јули, како слободен играч потпишал едно-годишен договор со екипата на Брага. На 3 јули 2012, потпишал двегодишен договор со англискиот второлигаш Блекбурн Роверс.[8] На 28 јуни 2013 го раскинал договорот со Роверс. На 2 април 2014 ја завршил својата играчка кариера и истиот ден влегол во раководството на Бенфика, во улога на асистент на меѓународниот сектор.
Тој има 79 настапи и 29 гола за репрезентацијата, и е петти по бројот на постигнати голови за португалската репрезентација зад Кристијано Роналдо (99), Паулета (47 гола), Еузебио (41) и Луис Фиго (32). Сите играчи кои го претходат (освен Кристијано Роналдо) ја имаат завршено репрезентативната кариера.
На Европското првенство 2000 постигнал четири гола, помагајќи и на Португалија да стигне до полуфиналето. Исто така тој бил трет стрелец на турнирот зад Патрик Клајвeрт и Саво Милошевиќ, кој постигнале по 5.
На Европското првенство 2008, тој бил капитен на репрезентацијата, постигнувајќи еден гол за моментални 1-2 против Германија, со што успеал да постигне гол на три европски првенства.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
24-1-1996 | Париз | Франција | 3 – 2 | Португалија | Пријателска | - | ||
19-2-1997 | Атина | Грција | 0 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
7-6-1997 | Порто | Португалија | 2 – 0 | Албанија | Квал. за СП 1998 | - | ||
19-8-1998 | Понта Делгада | Португалија | 2 – 1 | Мозамбик | Пријателска | - | ||
10-10-1998 | Порто | Португалија | 0 – 1 | Романија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
10-2-1999 | Амстердам | Холандија | 0 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
31-3-1999 | Вадуц | Лихтенштајн | 0 – 5 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
18-8-1999 | Оеираш | Португалија | 4 – 0 | Андора | Пријателска | - | ||
23-2-2000 | Шарлроа | Белгија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
29-3-2000 | Леирија | Португалија | 2 – 1 | Данска | Пријателска | - | ||
26-4-2000 | Реџо Калабрија | Италија | 2 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
2-6-2000 | Чавес | Португалија | 3 – 0 | Велс | Пријателска | - | ||
12-6-2000 | Ајндховен | Португалија | 3 – 2 | Англија | Евро 2000 - Прва фаза | 1 | ||
17-6-2000 | Арнем | Романија | 0 – 1 | Португалија | Евро 2000 - Прва фаза | - | ||
20-6-2000 | Ротердам | Португалија | 3 – 0 | Германија | Евро 2000 - Прва фаза | - | ||
24-6-2000 | Амстердам | Турција | 0 – 2 | Португалија | Евро 2000 - Четвртфинале | 2 | ||
28-6-2000 | Брисел | Франција | 2 – 1 зг | Португалија | Евро 2000 - Полуфинале | 1 | ||
28-2-2001 | Фуншал | Португалија | 3 – 0 | Андора | Квал. за СП 2002 | - | ||
28-3-2001 | Porto | Португалија | 2 – 2 | Холандија | Квал. за СП 2002 | - | ||
25-4-2001 | Сен Дени | Франција | 4 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
6-6-2001 | Лисабон | Португалија | 6 – 0 | Кипар | Квал. за СП 2002 | - | ||
15-8-2001 | Фаро | Португалија | 3 – 0 | Молдавија | Пријателска | - | ||
1-9-2001 | Леида | Андора | 1 – 7 | Португалија | Квал. за СП 2002 | 4 | ||
5-9-2001 | Ларнака | Кипар | 1 – 3 | Португалија | Квал. за СП 2002 | 1 | ||
6-10-2001 | Лисабон | Португалија | 5 – 0 | Естонија | Квал. за СП 2002 | 2 | ||
14-11-2001 | Лисабон | Португалија | 5 – 1 | Ангола | Пријателска | 2 | ||
13-2-2002 | Барселона | Шпанија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
27-3-2002 | Порто | Португалија | 1 – 4 | Финска | Пријателска | - | ||
25-5-2002 | Макао | Кина | 0 – 2 | Португалија | Пријателска | 1 | ||
5-6-2002 | Сувон | САД | 3 – 2 | Португалија | СП 2002 - Прва фаза | - | ||
14-6-2002 | Инчеон | Португалија | 0 – 1 | Јужна Кореја | СП 2002 - Прва фаза | - | ||
7-9-2002 | Бирмингем | Англија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
20-11-2002 | Брага | Португалија | 2 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
2-4-2003 | Лозана | Португалија | 1 – 0 | Македонија | Пријателска | - | ||
30-4-2003 | Ајндоховен | Холандија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
19-11-2003 | Леирија | Португалија | 8 – 0 | Кувајт | Пријателска | 3 | ||
31-3-2004 | Брага | Португалија | 1 – 2 | Италија | Пријателска | - | ||
28-4-2004 | Коимбра | Португалија | 2 – 2 | Шведска | Пријателска | 1 | ||
29-5-2004 | Агуеда | Португалија | 3 – 0 | Луксембург | Пријателска | 1 | ||
5-6-2004 | Сетубал | Португалија | 4 – 1 | Литванија | Пријателска | 1 | ||
12-6-2004 | Порто | Португалија | 1 – 2 | Грција | Евро 2004 - Прва фаза | - | ||
16-6-2004 | Лисабон | Русија | 0 – 2 | Португалија | Евро 2004 - Прва фаза | - | ||
20-6-2004 | Лисабон | Шпанија | 0 – 1 | Португалија | Евро 2004 - Прва фаза | 1 | ||
24-6-2004 | Лисабон | Португалија | 2 – 2 прод. (6 - 5 пен.) | Англија | Евро 2004 - Четвртфинале | - | ||
30-6-2004 | Лисабон | Португалија | 2 – 1 | Холандија | Евро 2004 - Полуфинале | - | ||
4-7-2004 | Лисабон | Португалија | 0 – 1 | Грција | Евро 2004 - Финале | - | ||
13-10-2004 | Лисабон | Португалија | 7 – 1 | Русија | Квал. за СП 2006 | - | ||
9-2-2005 | Даблин | Ирска | 1 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
26-3-2005 | Барселос | Португалија | 4 – 1 | Канада | Пријателска | 1 | ||
8-10-2005 | Авеиро | Португалија | 2 – 1 | Лихтенштајн | Квал. за СП 2006 | 1 | ||
12-10-2005 | Порто | Португалија | 3 – 0 | Латвија | Квал. за СП 2006 | - | ||
12-11-2005 | Коимбра | Португалија | 2 – 0 | Хрватска | Пријателска | - | ||
15-11-2005 | Белфастѕ | Северна Ирска | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
21-6-2006 | Гелзенкирхен | Мексико | 1 – 2 | Португалија | СП 2006 - Прва фаза | - | ||
8-7-2006 | Штутгарт | Германија | 3 – 1 | Португалија | СП 2006 - Натпревар за 3. место | 1 | ||
1-9-2006 | Копенхаген | Данска | 4 – 2 | Португалија | Пријателска | - | ||
6-9-2006 | Хелсинки | Финска | 1 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2008 | 1 | ||
7-10-2006 | Порто | Португалија | 3 – 0 | Азербејџан | Квал. за Евро 2008 | - | ||
11-10-2006 | Краковија | Полска | 2 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2008 | 1 | ||
15-11-2006 | Коимбра | Португалија | 3 – 0 | Казахстан | Квал. за Евро 2008 | - | ||
6-2-2007 | Лондон | Португалија | 2 – 0 | Бразил | Пријателска | - | ||
24-3-2007 | Лисабон | Португалија | 4 – 0 | Белгија | Квал. за Евро 2008 | 1 | ||
28-3-2007 | Белград | Србија | 1 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2008 | - | ||
22-8-2007 | Ереван | Ерменија | 1 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2008 | - | ||
8-9-2007 | Лисабон | Португалија | 2 – 2 | Полска | Квал. за Евро 2008 | - | ||
12-9-2007 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Србија | Квал. за Евро 2008 | - | ||
21-11-2007 | Порто | Португалија | 0 – 0 | Финска | Квал. за Евро 2008 | - | ||
26-3-2008 | Диселдорф | Грција | 2 – 1 | Португалија | Пријателска | 1 | ||
31-5-2008 | Визеу | Португалија | 2 – 0 | Грузија | Пријателска | - | ||
7-6-2008 | Женева | Португалија | 2 – 0 | Швајцарија | Евро 2008 - Прва фаза | - | ||
11-6-2008 | Женева | Чешка | 1 – 3 | Португалија | Евро 2008 - Прва фаза | - | ||
19-6-2008 | Базел | Германија | 3 – 2 | Португалија | Евро 2008 - Прва фаза | 1 | ||
6-9-2008 | Та Кали | Малта | 0 – 4 | Португалија | Квал. за СП 2010 | - | ||
10-9-2008 | Лисабон | Португалија | 2 – 3 | Данска | Квал. за СП 2010 | - | ||
15-10-2008 | Брага | Португалија | 0 – 0 | Албанија | Квал. за СП 2010 | - | ||
5-9-2009 | Копенхаген | Данска | 1 – 1 | Португалија | Квал. за СП 2010 | - | ||
10-10-2009 | Лисабон | Португалија | 3 – 0 | Унгарија | Квал. за СП 2010 | - | ||
7-10-2011 | Порто | Португалија | 5 – 3 | Исланд | Квал. за Евро 2012 | - | ||
11-10-2011 | Копенхаген | Данска | 2 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
Вкупно | Настапи | 79 | Голови (5. место) | 29 |
Статистиката е ажурирана на 13 април 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1994-1995 | Боавишта | ПД | 17 | 1 | КП | 2 | 0 | КУ | 4 | 1 | - | - | - | 21 | 2 |
1995-1996 | ПД | 28 | 7 | КП | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 30 | 8 | |
1996-1997 | ПД | 34 | 15 | КП | 5 | 4 | КУ | 6 | 2 | - | - | - | 45 | 21 | |
Вкупно Боавишта | 79 | 23 | 9 | 5 | 10 | 3 | - | - | 98 | 31 | |||||
1997-1998 | Бенфика | ПД | 33 | 18 | КП | 6 | 4 | КУ | 1 | 0 | - | - | - | 40 | 22 |
1998-1999 | ПД | 34 | 24 | КП | 2 | 3 | ЛШ | 7[9] | 7[10] | - | - | - | 43 | 34 | |
1999-2000 | ПЛ | 34 | 18 | КП | 2 | 1 | КУ | 5 | 1 | - | - | - | 41 | 20 | |
2000-2001 | Фјорентина | А | 30 | 9 | КИ | 3 | 4 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 33 | 13 |
2001-2002 | A | 23 | 5 | КИ | 1 | 0 | КУ | 6 | 2 | СИ | 1 | 0 | 31 | 7 | |
Вкупно Фјорентина | 53 | 14 | 4 | 4 | 6 | 2 | 1 | 0 | 65 | 20 | |||||
2002-2003 | Бенфика | ПЛ | 27 | 9 | КП | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 9 |
2003-2004 | ПЛ | 21 | 7 | КП | 3 | 0 | ЛШ+КУ | 0+5 | 5 | - | - | - | 29 | 12 | |
2004-2005 | ПЛ | 23 | 7 | КП | 5 | 2 | КУ | 6 | 3 | - | - | - | 34 | 12 | |
2005-2006 | ПЛ | 29 | 15 | КП | 4 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | СП | 1 | 1 | 43 | 18 | |
2006-2007 | ПЛ | 23 | 7 | КП | 5 | 2 | ЛШ+КУ | 8[9]+6 | 3[10]+1 | - | - | - | 41 | 13 | |
2007-2008 | ПЛ | 23 | 7 | КП+ЛКП | 5+0 | 2 | ЛШ+КУ | 7[9]+1 | 1+0 | - | - | - | 36 | 9 | |
2008-2009 | ПЛ | 24 | 7 | КП+ЛКП | 1+2 | 0+1 | КУ | 6 | 1 | - | - | - | 34 | 9 | |
2009-2010 | ПЛ | 13 | 3 | КП+ЛКП | 2+2 | 0 | ЛЕ | 6[11] | 1[12] | - | - | - | 23 | 4 | |
2010-2011 | ПЛ | 6 | 4 | КП+ЛКП | 1+1 | 0+1 | ЛШ+ЛЕ | 0 | 0 | СП | 0 | 0 | 8 | 5 | |
Вкупно Бенфика | 290 | 126 | 42 | 17 | 68 | 23 | 1 | 1 | 401 | 167 | |||||
2011-2012 | Брага | ПЛ | 20 | 5 | КП+ЛКП | 2+2 | 0 | ЛЕ | 5[11] | 1 | - | - | - | 29 | 6 |
2012-2013 | Блекбурн Роверс | ЧЛ | 18 | 4 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 20 | 4 |
Вкупно кариера | 460 | 172 | 61 | 26 | 89 | 29 | 2 | 1 | 612 | 228 |
Орден Инфанта на Дон Енрике
— 2004
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.