Средна самогласка од среден ред
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средната самогласка од среден ред (наречена и темен глас или шва) е вид на самогласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ə⟩ (свртено мало е). Истиот симбол важи како за незаоблената, така и за заоблената варијанта на гласот.
Во македонскиот јазик самогласката се нарекува „темен глас“ се бележи со апостроф (’) и се среќава во поретки зборови, архаизми или дијалектизми како „к’смет“, „Д’мбени“ и сл. Нема самостојна функција во јазикот. Во последниот случај, апострофот се вметнува кога претставката завршува на самогласка.[1]
Remove ads
Незаоблена
Средната незаоблена самогласка од среден ред честопати се претставува со симболот [ə], но тој самиот по себе не ја означува незаобленоста. Ако се јави потреба од прецизност, тогаш се користи симболот за полузатворената незаоблена самогласка од среден ред со дијакритички знак за снижување: [ɘ̞].
Особености
- Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е средна, што значи дека јазикот се става во средината помеѓу редот на предните и редот на задните самогласки.
- Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Јазици
Remove ads
Заоблена
Некои јазици имаат средна заоблена самогласка од среден ред (заоблено [ə]), што ја разликуваат од полузатворените и полуотворените самогласки. Меѓутоа ниеден јазик не ги разликува сите три, па така средната нема свој симбол во МФА. За таа цел се користи симболот [ɵ] (полузатворена заоблена самогласка од среден ред). Доколку се јави потреба од прецизност, се користи дијакритички знак за снижување: [ɵ̞].
Особености
- Според висината, самогласката е средна, што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на полузатворена и положбата на полуотворена самогласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е средна, што значи дека јазикот се става во средината помеѓу редот на предните и редот на задните самогласки.
- Според обликот на усните, самогласката е заоблена, што значи дека усните заземаат позатегнат округол облик.
Јазици
Remove ads
Поврзано
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads