Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2020

106. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2020
Remove ads

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2020 — 106. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која првично требало да се одржи на 26 април 2020 година. Поради пандемијата на КОВИД-19, била повторно закажана за 4 октомври одржувајќи се како 17. настан во сезоната на Светската турнеја.

Кратки факти

Трката била освоена од Примож Роглич во возбудлив спринт помеѓу петмина возачи, поразувајќи го светскиот првак Жилијан Алафилип, кој веќе ги кренал рацете во воздух, во фотофиниш. Алафилип, меѓутоа, подоцна го добил петтото место бидејќи го попречувал Марк Хирши во спринтот. Ова го довело Хирши на второто место, додека победникот на Тур де Франс 2020, Тадеј Погачар, го заокружил подиумот со третото место.[1]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи, секоја со по седум возачи. Од 175 возачи, 125 ја завршиле трката.[3]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (6)
Remove ads

Поредок

Завршен пласман

[4]


Remove ads

Список на учесници

Почетен состав
Повеќе информации Судал Квик-СтепDQT, Астана Казахстан ТимAST ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads