Марио Станиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Марио Станиќ
Remove ads

Марио Станиќ (роден на 10 април 1972 година, во Сараево) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов е асистент на Марино Пушиќ во Шахтар Донецк.

Кратки факти Марио Станиќ, Лични податоци ...
Remove ads

Биографија

Роден е во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во етничко хрватско семејство.[1]

По завршувањето на играчката кариера, работел едно време како водител на ТВ емисијата наречена „(Ne)uspjeh prvaka s Marijom Stanicem“, интервјуирајќи многу познати личности на Балканот од светот на фудбалот како: Дарио Срна, Немања Матиќ, Александар Чеферин, Горан Пандев и Мирослав „Чиро“ Блажевиќ.[2]

Технички карактеристики

Тактички разноврсен елемент, кој играл на различни позиции како десно крило, офанзивен играч за врска или втор напаѓач.[1]

Клупска кариера

Железничар и Динамо Загреб

Кариерата ја започнал и израснал во екипата на Железничар од Сараево каде одиграл четири сезони во југословенското првенство во периодот 1988-1992, но по избувнувањето на војната се преселил во Хрватска, каде го носел дресот на Динамо Загреб (тогаш познат под името ХАШК Граѓански).[3] Во единствената сезона со клубот тој го освоил хрватското првенство за кое придонел со 11 гола.

Спортинг Хихон и Бенфика

Пред почетокот на сезоната 1993-1994, Станиќ заедно со својот сонародник Даниел Шариќ потпишале за шпанскиот клуб Спортинг Хихон. Својот прв гол во шпанската Примера Дивисион го постигнал во домашната победа со 2-0 над Рајо Ваљекано на 24 октомври 1993.[4] По позитивната сезона со Спортинг Хихон во која забележал 37 настапи и 7 гола, Станиќ потпишал за Бенфика, но во славниот португалски клуб не успеал да се наметне забележувајќи само 16 настапи и 5 гола.

Клуб Бриж

Во 1995 година, тој бил купен од Клуб Бриж. Играјќи како центарфор, тој ја завршил сезоната 1995-1996 како најдобар стрелец во белгиското првенство, постигнувајќи 20 гола, со што заработил стартно место и во хрватската репрезентација на Европското првенство 1996 година. Во една сезона и половина колку што го носел дресот на Клуб Бриж тој освоил три трофеи: првенството, купот и суперкупот на Белгија.

Парма

Во следната сезона, тој бил купен од Парма за 8 милијарди лири,[5] каде останал од ноември 1996 година до јуни 2000 година. Настапувајќи наизменично како десно крило и како централен напаѓач, тој одиграл вкупно 77 натпревари, постигнувајќи 19 гола, од кои првиот бил против Милан на 22 декември 1996 година, единствениот во натпреварот со кој Парма остварила победа од 1-0 на Сан Сиро.[6][7]

Тој го постигнал својот последен гол за Парма во плејофот за четвртото место против Интер во Верона, кога неговиот тим загубил со 1-3, а тој погодил со глава 10-тина минути по влегувањето за да го израмни резултатот на моментални 1-1.[6] Со млекарите тој освоил три трофеи: Купот на Италија, Купот на УЕФА (двата во сезоната 1998-1999) и Суперкупот на Италија 1999.[6] И покрај проблемите со повредите што го измачувале речиси во секоја сезона, и кои му пречат да остави поголем траг, Станиќ имал многу позитивно искуство со клубот од Емилија-Ромања во еден од најдобрите периоди во неговата историјата.

Челси

Во летото 2000 година, Станиќ ја напуштил Парма и му се приклучил на англискиот Челси за надомест од 5.6 милиони фунти.[8] Веќе во својот прв настап за „сините“ тој го освоил првиот трофеј со клубот, откако Челси го победиле Манчестер Јунајтед со 2-0 на Вембли, во натпреварот за ФА Черити Шилд трофејот.[9] На своето деби во Премиер лигата, победата со 4–2 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед, Станиќ постигнал два гола, еден од нив со удар од преку 30 метри.[10]

По четири сезони во Челси, од кои во последната заради постојаните повреди на коленото тој забележал само 5 настапи, Станиќ ја завршил кариерата на 32-годишна возраст во летото 2004 година.[11]

Remove ads

Репрезентативна кариера

На репрезентативно ниво, тој одиграл два натпревари за Југославија пред распадот на државата во 1992 година.[6][12][13]

Од тој момент, Станиќ ја претставувал Хрватска, со која настапил на три големи натпреварувања Европското првенство 1996, Светските првенства во 1998 и 2002. На Мундијалот 1998 во Франција, со својата земја го освоил третото место,[6] играјќи во сите 7 натпревари на Хрватска (пропуштајќи само околу 10 минути во сите тие натпревари), и постигнувајќи го првиот гол на репрезентацијата на овој турнир, во победа со 3-1 над дебитантот Јамајка.[1][14]

Четири години подоцна, тој бил во составот на Хрватска и на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде запишал два настапи влегувајќи од клупата во минималните порази со 1-0 од Мексико и Еквадор; за разлика од успехот на претходното првенство во Франција, на овој турнир неговата репрезентација била елминирана уште во групната фаза.

Својот последен натпревар за коцкестите го одиграл на 30 април 2003 година, во пријателски натпревар добиен со 2-1 против Шведска во Солна, по што ја затворил репрезентативната кариера со 49 настапи и 7 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

Југославија

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија, Дата ...

Хрватска

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Хрватска, Дата ...
Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна статистика

Обновено на 27 март 2025
Повеќе информации Репрезентација, Година ...

Хет-трикови

Повеќе информации Хет-трикови, Дата ...
Remove ads

Титули

Динамо Загреб

1992-1993

Клуб Бриж

  • Белгиско првенство :
1995-1996
  • Куп на Белгија :
1995-1996
  • Суперкуп на Белгија :
1996

Парма

1998-1999
1998-1999
1999

Челси

  • Комјунити шилд ФА Черити Шилд :
2000

Поединечни

  • Најдобар стрелец на белгиското првенство: 1
1995-1996 (20 гола)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads