Сланско

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Сланскоmap
Remove ads

Сланско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Се верува дека името на селото потекнува по извор на солена вода во близина на селото.

Географија и местоположба

Thumb
Маалото Рајовци

Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 4,5 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.243 хектари, на пасиштата отпаѓаат 212 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[2]

Низ селото тече Сланштица, мала планинска река со притоки од длабоки долови.

Сланско има три нееднакви маала, Горно Маало, Мурговци и Рајовци. Двете маала (Горно Маало и Мурговци) ги поврзува главниот селски пат, додека третото маало (Рајовци) е од другата страна на реката.

Селото е поврзано со асфалтен пат од градот Македонски Брод, кој подоцна продолжува до селото Дреново.

Соседни села на селото Сланско се: Дреново од југ, Латово, Пласница и Преглово од запад, Суводол од север, Дебреште и Кошино од исток и југоисток. Селото исто така граничи и со градот Македонски Брод од север.

Remove ads

Историја

Thumb
Групен фотопортрет на Ѓурчин Наумов (лево), Питу Гули (во средината) и Јордан Пиперката (десно).

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 40 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Сланско било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сланско имало 560 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сланско имало 600 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сванско се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Селото преминало од средно во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година Сланско броело 579 жители, а во 1994 година 218 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 169 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 94 Македонци и 2 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Сланско е македонско православно село. Селото е многу старо, доказ за тоа се и староседелските родови во селото. Населението верува дека потекнува од тројца, а секој брат основал посебно маало во селото.[14]

Родови во селото се:

  • Во Горно Маало се родовите: Докузовци, Божиновци, Јосифовци, Којовци и Шундевци, сите заедно имаат 53 куќи;
  • Во Мурговско Маало се родовите: Ѓермановци, Најдовци, Стефановци и Тошаревци, сите заедно имаат 35 куќи;
  • Во Рајовско Маало се родовите: Котевци, Таневци, Лапевци и Рајовци, сите заедно имаат 13 куќи.

Сите родови во селото се староседелски.

Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Споменици за Илинденското востание и НОБ во селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Сланско се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0229 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 113 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[18]
Реки

Редовни настани

Личности

Илинденци

  • Ѓурчин Наумов-Пљакот, Војвода Илинденски
  • Милан Стефаноски
  • Георги Апостолов
  • Гино Андреев
  • Дамјан Здравев
  • Секула Здравев
  • Диме Влечков
  • Димитрија Кочов
  • Димитрија Толев
  • Иван Смилев
  • Илија Апостолов
  • Илија Тодоров
  • Китан Котев
  • Кузман Тодоров
  • Лазар Бошков
  • Мишко Фиданов
  • Никола Влечков
  • Никола Димев
  • Петар Дуков
  • Цветан Алексов
  • Симеон Мицев
  • Цветан Велев Меро

Загинати во Балканските војни / Првата светска војна

  • Ванѓел Велјаноски
  • Ванѓел Димоски
  • Аго Бегоски
  • Блаже Бошкоски
  • Блаже Филипоски
  • Борис Котески
  • Дамјан Јовески
  • Дамјан Тоцески
  • Димко Огненоски
  • Диме Танески
  • Мисајле Шошкеноски
  • Јован Пајдоски
  • Јошко Најдоски
  • Мисајле Смилески
  • Милутин Лешкоски
  • Милан Здравески
  • Павле Мишкоски
  • Петре Здравески
  • Најдо Димоски
  • Никола Димоски
  • Никола Стојкоски
  • Раде Стојоски
  • Ристе Којоски
  • Раде Смилески
  • Раде Апостолски
  • Tpпкo Котески
  • Тодор Шашкоски
  • Томче Талески
  • Тирчо Котески
  • Цветан Трајчески

Борци во НОБ

Thumb
Загинатите борци од селото за време на НОБ

Културни дејци

Иселеништво

Со текот на годините огромен број од населението на селото се има отселено.Највише иселеници има во Дреново(32 куќи) и Софија(30 куќи) други иселеници се наоѓаат во: Скопје,Кичево,Македонски Брод,Прилеп,Белград,Крушево[19] и на многу други места.Иселеници од постаро време има и во некои Битолско-Прилепски села[20]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads