Лино Червар (хрватски: Lino Červar, р. 22 септември 1950 во Врсар) — хрватски ракометен тренер. Во текот на својата кариера бил долгогодишен селектор на Хрватска, тренер на РК Металург од Скопје и политичар, член на Хрватската политичка партија ХДЗ. Хрватската ракометна репрезентација во 2002 година го освоила последното место на Европското првенство а потоа со доаѓањето на Лино Червар за две години станала светски првак и олимписки победник.

Кратки факти Лични податоци, Име и презиме ...
Лино Червар
Thumb
Лични податоци
Име и презиме Лино Червар
Роден(а) 22 септември 1950(1950-09-22)(73 г.)
Врсар, Југославија
Националност Хрватска Хрват
Спорт Ракомет
Раководени екипи
1974–1980
1980–1991
1991
1991–1994
1994–2000
2000–2002
2002–2010
2002–2004
2004–2009
2009–2017
2016–
Трико Ноиград
РК Умаг
Хрватска(асистент)
РК Клагенфурт
Италија
РК Загреб
Хрватска
РК Папилон Конверзано
РК Загреб
РК Металург
Македонија
Затвори

Во моментот Лино Червар е селектор на Машката ракометна репрезентација на Македонија.

Животопис

Во 1971 година Лино Червар дипломирал на Педагошката Академија во Пула и се здобил со титула наставник по хрватски јазик. Тренерската ракометна кариера ја започнал во ракометниот клуб Трико од Новиград во 1974 година. Во 1980 го тренирал РК Истратурист во градот Умаг со кој од петтата лига за пет години влегол во тогашната прва Сојузна ракометна лига на Југославија.

Во 1991 година бил назначен за тренер во Клагенфурт, Австрија. Од 1994 до 2000 бил тренер односно селектор на Машката ракометна репрезентација на Италија и директор на сите италијански ракометни селекции. Во 1998 во Италија ја објавил книгата „Моето гледање на ракометот“ (хрватски:„Moje viđenje rukometa“).

Во 2000 година бил назначен за тренер во РК Кроација Осигурање Загреб, а во 2002 бил назначен за селектор на Машката ракометна репрезентација на Хрватска со која паралелно го водел и италијанскиот РК Папилон Конверсано. Во 2004 се вратил во РК Кроација Осигурање Загреб а на 29 јули 2010 година решил да се повлече од селекторската позиција. Наскоро потоа ја прифатил тренерската позиција во РК Металург од Скопје каде се истакнал со целосна трансформација на клубот и успешни настапи во регионалната СЕХА лига и Европската Лига на Шампиони.

Во 2016 година бил назначен за селектор на Машката ракометна репрезентација на Македонија.

Добитник е на голем број на спортски но и официјални државни признанија во Хрватска и во Македонија. Во Македонија е многу почитуван поради работата со сите возрасни категории во РК Металург и се здобива со Македонско државјанство.

Одработува дури и еден парламентарен мандат во Хрватскиот парламент во период 2003-2007 година.

Спортски успеси

  • 1991 Назначен е за член на стручниот штаб на првиот официјален натпревар на Хрватска по осамостојувањето одигран против селекцијата на Јапонија.
  • 1997 Ја предводи Италијанската репрезентација во победата за историскиот прв пласман на Италија на светско првенство одржано во Јапонија.
  • 1997 освоено второ место со Италијанската репрезентација на Средоземните игри.
  • 1998 Прво учество на Италијанската репрезентација на Европско првенство.
  • 2001 Шампион на Хрватска со РК Кроација Осигурање Загреб
  • 2003 Ја предводи Хрватска во освојувањето на првото место на Светското првенство.
  • 2003 го освојува Италијанскиот куп со Papilon Conversano
  • 2003 Италијански Првак со Papilon Conversano
  • 2004 Четврто место со Хрватска на Европско првенство.
  • 2004, 2005, 2006, 2007, 2008 и 2009 Првак на Хрватска и освојувач на купот со РК Кроација Осигурање Загреб
  • 2004 Олимписки златен медал со Хрватската ракометна репрезентација.
  • 2005 Сребрен медал со Хрватската ракометна репрезентација на ракометното првенство во Тунис.
  • 2006 Четврто место со Хрватска на ЕП одржано во Швајцарија.
  • 2007 Петто место со Хрватска на СП одржано во Германија со само еден единствен пораз и девет победи.
  • 2008 Сребрен медал со Хрватска на ЕП одржано во Норвешка.
  • 2008 Четврто место со Хрватска на Олимпијада
  • 2009 Сребрен медал со Хрватска на СП во Хрватска
  • 2010 Сребрен медал со Хрватска на СП во Австрија
  • 2011 Првак на Македонија и освојувач на Купот на Македонија со РК Металург
  • 2012 Првак на Македонија со РК Металург и историски пласман во 1/16 финале на ЕХФ Лигата на Шампиони
  • 2013 освојувач на Купот на Македонија со РК Металург и историски пласман во 1/4 финале на ЕХФ Лигата на Шампиони
  • 2014 со РК Металург го повторува историскиот пласман во 1/4 финале на ЕХФ Лигата на Шампиони на тој пат остварувајќи легендарни победи против РК Барселона и РК Пари Сен Жермен и елиминирајќи го Данскиот шампион RK Колдинг. Истата сезона на РК Металург му го носи шестиот шампионски наслов во првенството на Македонија.

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.