Милано-Санремо 2022
113. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Милано-Санремо 2022 — 113. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 19 март во северниот дел на Италија.[1][2][3] Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.[4]
Во сличен потег на оној што му ја донел победата на Јаспер Стејвен во претходното издание, Матеј Мохорич нападнал на спустот на Поџо ди Санремо на само 5 километри до целта и сам стигнал до победата. Антони Тиржис, кој нападнал во последниот километар да се обиде да стигне до Мохорич, останал напред во групата и завршил втор, додека Матје ван дер Пул го освоил спринтот во групата за трето место.[5][6]
Remove ads
Екипи
Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[7] Двете најдобри професионални екипи од сезоната 2021, Алпесин-Феникс и Аркеа-Самсик, биле автоматски поканети.[8][9] Следната најдобра професионална екипа од сезоната 2021, Тим ТоталЕнержи исто така добила автоматска покана, додека четири други професионални екипи биле специјално поканети.[10] Помеѓу овие екипи била Гаспром-РусВело, но на 1 март 2022 година, UCI ги повлекла лиценците за руските и белоруските екипи поради руската инвазија на Украина.[11]
На трката настапиле дваесет и четири екипи.[12] Од нив, Бора-Хансгрое и Лото-Судал, со шест возачи секоја, биле единствените екипи кои не настапиле со дозволениот состав од седум возачи.[13] Тим БајкЕксчејнџ-Џејко на крајот имала исто шест возачи поради еден возач што не ја започнал трката. Од вкупно 165 возачи на почетокот, 159 ја завршиле трката.[14]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Поредок
Завршен пласман
Remove ads
Список на учесници
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads