Славко Крстевски
македонски поет, романсиер и драмски автор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славко Крстевски (Слепче, Демирхисарско, 11 август 1939) ― македонски поет, романописец и драмски автор.
Животопис
Славко Крстевски е роден на 11 август 1939 година во Слепче, Демирхисарско. Основното образование го завршил во родното место, а потоа продолжил во Школата за народни учители „Браќа Миладиновци“ во Битола. Во периодот од 1959 до 1962 година, тој работел како учител во Базерник, Суводол, Кутретино и Демир Хисар. Основач е и прв раководител на Народната библиотека при Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар. Од 1964 до 1975 година, тој бил дописник на весниците „Комунист“, „Народна задруга“, „Трудбеник“ и Радио Битола, а од 1976 до 1986 година, тој бил дописник на Македонската радио-телевизија. Сметан е за еден од основачите на драмскиот аматеризам во Демир Хисар. Драмските групи под негово раководство, биле претставувани успешно и освојувале многу награди на фестивалите низ Југославија.
Во 2005 година, Борис Дамевски ја објавил книгата „Ентузијазам и ефекти - скица кон автобиографските забелешки на Славко Крстевски“.
Remove ads
Библиографија
Славко Крстевски е автор на книгите:
- Невини, а осудени (драма, 1968) - напишана во 1955, а издадена како самостојно издание во 2016;
- Крикови (поезија, 2014)
- Битисување (роман, 2014)
- Катарза (поезија 2018)
- Memento mori (монодрама, 2020)
Награди
- Прва награда на поетскиот конкурс на магазинот „Спорт и свет“ - 1961, Загреб
- Прва награда за главна машка улога на IV Републичка аматерска драмска смотра во Штип - 1967
- Награда за животно дело на Фондацијата „Димитар Димитровски Такец“ - 2015
- Климентово перо (за драмата „Невини, а осудени“) - Награда на Здружението за наука и култура „НОВА“, Битола - 2016
- Златна обетка - Награда на Општина Демир Хисар - 2017
- Награда за животно дело на Општина Демир Хисар - 2018
- Награда за животно дело на Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ - 2020
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads