Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023

109. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023
Remove ads

Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2023 — 109. издание на велосипедската еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, која се одржала на 23 април 2020 година како 19. настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Кратки факти

Трката била освоена од Ремко Евенепул втора година по ред откако нападнал сам во последните 40 километри.[2]

Remove ads

Екипи

Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[4]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)ProTeams (7)
Remove ads

Поредок

Завршен пласман

[5]

Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...


Remove ads

Преглед

Доста очекуваниот дуел помеѓу светскиот првак, Ремко Евенепул од Белгија и Словенецот Тадеј Погачар, победник на Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, не се одржал бидејќи Погачар доживеал тежок пад рано на трката поради кој морал да се повлече. Погачар подоцна во денот бил опериран.[2]

Во отсуство на Погачар, Евенепул веднаш станал неприкосновен фаворит со младиот Британец, победникот на Страде Бјанке 2023, Том Пидкок и ирскиот возач Бен Хили како најблиски соперници.[2]

На Кот де ла Редут, Евенепул нападнал од седиште, одвојувајќи се од главната група и само Пидкок можел да го следи. Неколку километри подоцна, Евенепул забрзал повторно и го оставил Пидкок, со што последните 30 километри возел сам за победа. Пидкок се вратил и заедно со Хили и Сантјаго Буитраго се одржале пред остатокот од главната група до крајот на трката, со што Пидкок и Буитраго завршиле на подиумот пред Хили.[2]

Список на учесници

Почетен состав
Повеќе информации Судал Квик-СтепSOQ, Алпесин-ДекојнинкADC ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads