1 век започнал на 1 јануари1 год. и завршил на 31 декември100 год. Честопати е напишан како 1 век од н.е. или I век од н.е. за да се разликува од I век п.н.е. кој му претходел. 1 век се смета за дел од класичната антика.
Во текот на овој период, Европа, Северна Африка и Блискиот Исток потпаднале под доминација на Римското Царство, која продолжила да се шири, и ја освоила Британија за време на царот Клавдиј (43г.).[1] Реформите кои ги вовел Август за време на неговото долго владеење ја стабилизирале империјата по превирањата од граѓанските војни од претходниот век. Подоцна, во овој век дошло до крајот на Јулиевско-Клавдиската династијата, која била основана од Август, а завршила со самоубиството на Нерон во 68 год.[1] По владеењето на Јулиевско-Клавдиската династијата, следела познатата Година на четворицата императори, која била краток период на граѓанска војна и нестабилност, и била конечна окончана од Веспазијан, деветтиот римски цар и основач на Флавиевската династија.[1] Генерално, Римското Царство доживеало период на просперитет и доминација, па затоа првиот век бил запаметен како дел од златното доба на империјата.
Во Кина продолжила доминацијата на династијата Хан, и покрај четиринаесетгодишниот прекин од династијата Син под Ванг Манг. Владеењето на Хан било обновено во 23 година. Владеењето на Ванг Манг значело раздвојување помеѓу Западниот/Поранешниот Хан и Источниот/Подоцнежниот Хан. Главниот град исто така бил преместен од Чанган во Луојанг.[2]
Средна Азија: Кушанско Царство, Сармати, Дахи и други ирански племенски заедници.
Јужна Азија: Кушанско Царство, Западни Сатрапи, Сатавахана империја, древниот Тамилакам (територија на денешна Керала) со повеќе кралства, кралство Калинга, Индо-партско кралство, Џангџунг кралство, во западен и северозападен Тибет.
Југоисточна Азија: Мандала полунезависни градови-држави, кралство Фунан (околу делтата на реката Меконг).
Источна Азија: Хан династијата, племенскиот сојуз Јаматај (денешна Јапонија), Хунну и Сјанби племенски заедници, и Трите кралства на Кореја (Когури, Пекче и Сила).
Почетокот на првиот век – била направена статуа на Август од Прима Порта (можеби била копија од бронзена статуа од околу 20г. п.н.е.). Сега се чува во Музејот на Ватикан во Рим.
Почетокот на првиот век – била направена Гема Августа, изработен релјеф во полускапоцен камен. Сега се чува во Уметничкоисториски музеј (Виена).
Почетокот на првиот век – била изградена т.н. Куќа на сребрената свадба во Помпеја. Била ископана во 1893 год., во годината на сребрената свадба на италијанскиот крал Умберт и неговата сопруга Маргарита Савојска, кои ги финансирале археолошките ископувања во Помпеја.
Почетокот на првиот век – било изградено внатрешното светилиште во Исе, Мие, во перфектурата Мие. Период на Јајој културата во Јапонија.
40 - Борбата за наследување на престолот еруптирала на дворот на кралот Кунобелин, а неговиот прогонет помлад син, принцот Админиус, пребегал во дворецот на Калигула во Рим.
40 - Царот Калигула планирал да ја нападне Британија, но заборавил да понесе војска, наместо тоа, објавил војна на морето, го камшикувал и земал школки како затвореници.
40-43 - Сестрите Трунг дигнале востанијата против кинеското владеење во Виетнам.
42 - Починал кралот Кунобелин, а неговиот син Каратак станал крал. Тој и неговиот брат го освоиле поголемиот дел од југоисточна Англија, проширувајќи ја територијата во Атребатес, протерувајќи го кралот Верица. Кралот Верица отпатувал во Рим барајќи од Клавдиј да му помогне да го поврати својот престол.
43 - Започнало римското освојување на Британија. Бил основан Лондон (иако можно е градот веќе да постоел со векови наназад).
Будистичките монаси во Шри Ланка за првпат ги запишале учењата на Буда, создавајќи го палискиот канон.
Регионите на денешен Авганистан, Пакистан и северна Индија биле под контрола на Кушаните, номадски племиња кои биле протерани од северозападна Кина од династијата Хан.
Такит ги спомнал Свеите, кои подоцна ќе бидат наречени Швеѓани.
Каундина, индиски брамин се оженил за Сома и го основал камбоџанското кралство Фунан.
Средина на 1 век – Била направена детална слика на ѕидот во Домот на М. Лукретиј Фронто во Помпеја.
58-88 - Владеење на царот Минг и царот Џанг во Кина.
60 - Кралицата Будика од племето Ицени во Англија се побунила против Римјаните. Иако римската војска претрпела големи загуби обидувајќи се да ја задуши буната, сепак, на крај, таа била успешно задушена, а кралицата се отрула. Во бунтот биле уништени три големи града.
64 - Избил големиот пожар во Рим за кој Нерон ги обвинил христијаните, по што следувало првото масовно прогонство на христијаните во Рим. Овој настан значел и првото признавање за постоењето на христијанското малцинство во Рим.
69 - Картимандуа, кралица на бритското племе Бриганти во северна Англија, била симната од власт во граѓанска војна. Нејзиниот сојуз со Рим кој не бил добро прифатен, предавството на Каратакус и нејзината љубов кон човек кој не ѝ бил сопруг, се причините што довеле до нејзината смрт, а тоа наводно ги налутило Римјаните и било причина да го нападнат и освојат нејзиното кралство.
По собирот на еврејските мудреци, кој се случил наводно на крајот од првиот век, била завршена еврејската Библија.
Римското Царство за време на владеење на царот Трајан го достигнала своето најголемо територијално проширување.
Крај на 1 век - Бил направен Градскиот пејзаж, дел од ѕидното сликарство од Вториот стил во спалната соба во куќата на Публиј Фанниј Синистор. Сега се наоѓа во музејот Метрополитен, во Њујорк.
Била насликана сликата „Александар Велики се соочува со Дариј III во Битката кај Исос“, детал од мозаична декорација во Помпеја, Италија. Таа била римска копија на грчка слика од околу 310г. п.н.е., насликана или од Филоксен или од Хелен од Египет. Сега е во Националниот археолошки музеј, Неапол, Италија.
Доцен 1 век – Била изградена спалната соба во куќата на Публиј Фанниј Синистор, од вилата во Боскореале. Била реконструирана со подоцнежен мебел во музејот Метрополитен, во Њујорк.
Доцен 1 век – Била насликана сликата „Море“, детал од ѕидно сликарство од Вила Фарнесина, Рим.
Доцен 1 век – Била насликана „Млада жена која пишува“, детал од ѕидно сликарство, од Помпеја. Сега се чува во Националниот археолошки музеј, Неапол, Италија.
Доцен 1 век – Била најдена сликата „Мавзолеј во изградба“, во гробницата на семејството Хатериј, Рим. Сега се чува во Ватикански музеи, Рим.
Доцен 1 век – Била насликана „Средновечна флавијанска жена“. Сега се чува во Ватикански музеи, Рим.
Доцен 1 век-почетокот на 2 век - Бил направен „Буда и придружниците“, од Катра Кешавдев, Матура, Мадја Прадеш, Индија. Сега се чува во Музејот на Матхра.
Доцен 1 век-почетокот на 2 век - Била направен модел на куќа во гробница, од времето на Источна Хан династија. Сега се чува во Нелсон-Аткинс музејот на уметност, Канзас Сити.
Антонија Помладата, римска благородничка, мајка на Германик и Клавдиј
Кодексот, првиот облик на современата книга, се појавува во Римското Царство.
78 - Почетокот на Сака Ера што се користи од страна на јужноазиски календари.
Употреба на книговезката.
Различни пронајдоци од Херон Александриски, вклучувајќи ја и парната турбина, хидраулата и разните други машини со погон на вода.
31 - Кинескиот инженер и државник на династијата Хан, Ту Ши од Нанјанг, ги измислил првите познати дувалки на хидрауличен погон за греење на печката за топено железо. Тој употребил комплексен механички уред кој бил напојуван од брз проток на вода низ водно тркало.
Иако Филон Византиски ја опишал пумпата со синџири на почетокот на 2 век п.н.е., во текот на овој век во Кина била измислена пумпата со синџири, спомната прво од филозофот Ванг Чонг околу 80-тите години. Ванг Чонг исто така точно го опишал хидролошкиот циклус во метеорологијата и расправал против теоријата на „радијационо влијание“ за затемнувањето на сонцето, која била прифатена од многумина, вклучувајќи го и Џанг Хенг.
Кинескиот астроном Лиу Ксин меѓу другото документирал 1080 различни ѕвезди.
При крајот на првиот век кодексот го заменува свитокот.
Maier, Paul L. (1989). The Date of the Nativity and Chronology of Jesus" in Jerry Vardaman and Edwin M. Yamauchi, Chronos, kairos, Christos: nativity and chronological studies. стр.113–129. ISBN0-931464-50-1.
Andreas J. Köstenberger, L. Scott Kellum (2009). The Cradle, the Cross, and the Crown: An Introduction to the New Testament. стр.77–79. ISBN978-0-8054-4365-3.
Bromiley, Geoffrey William (1979). International Standard Bible Encyclopedia: A-D (International Standard Bible Encyclopedia (W.B.Eerdmans)). Wm. B. Eerdmans Publishing Company. стр.689. ISBN0-8028-3781-6.