1265

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1265 (MCCLXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1265 година од новата ера, 265. од вториот милениум, 65. од XIII век и шеста од 1260-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6773 и 6774 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6015 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5025 и 5026 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2018.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1265 година се протега во 3901 и 3902, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3961 и 3962 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1808. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 663 и 664 исламска година.

Remove ads

Настани

По тема

Војна и политика

Thumb
Битката кај Ившам
  • 20 јануари - Во Вестминстер, првиот избран англиски парламент (наречен Монтфортски Парламент) го одржува својот прв состанок во Вестминстерската палата.
  • 28 мај - Идниот крал Едвард I побегнува од заробеништвото на Симон V Монфорт.
  • 4 август - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
  • Реконквиста: кралот Алфонсо X Кастилски го освојува градот Аликанте, Шпанија од Маврите.
  • Островот Ман е под шкотско владеење.
  • Монголските армии, предводени од Ногај-кан, извршуваат напади на Тракија.

Култура

По место

Африка и Азија

  • Египет освојува неколку градови од крстоносните држави на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и градовите Хаифа, Арсуф и Приморска Цезареја; овие настани на крајот доведуваат до започнување на Осма крстоносна војна во 1267.
  • Кублај-кан испраќа делегација во Јапонија, ограбувајќи неколку острови по патот.
  • Оган уништува делови од Старо Каиро.
Remove ads

Родени

  • 10 мај - Фушими, цар на Јапонија (п. 1317)
  • Крал Алфонсо III Арагонски
  • Кајхусрав III, селџучки султан
  • приближен датум - Данте Алигиери, италијански поет (п. 1321)
  • приближен датум - Марија де Молина, регент на Кастиља (п. 1321)
  • 'приближен датум' '- Беатриче Портинари, саканата на Данте Алигиери

Починале

  • 20 јануари - Џон Маунсел, Лорд канцелар на Англија
  • 8 февруари - Хулагу-кан (р. 1217)
  • 16 мај - Симон Сток, (р. 1165)
  • 26 јуни - Ана Бохемска (р. 1203 или 1204)
  • 4 август (Убиени во Битката кај Ившам)
    • Хју ле Деспенсер (р. 1223)
    • Хенри де Монфорт (р. 1238)
    • Петар де Монфорт
    • Симон де Монфорт (1208)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads