Кепенова класификација на климата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кепенова класификација на климата
Remove ads

Кепенова класификација на климата — еден од најзастапените системи на климатска класификација. Првично е осмислена е климатологот Владимир Кепен во 1884 г, со неколку преработки од самиот автор, од кои најзначајните се направени во 1918 и 1936 г. Подоцна во преработката му се приклучил колегата Рудолф Гајгер, па затоа системот понекогаш се нарекува „КепенГајгерова класификација“.

Thumb
Кепенова карта на климите во светот[1]
  Af
  Am
  Aw
  BWh
  BWk
  BSh
  BSk
  Csa
  Csb
  Cwa
  Cwb
  Cwc
  Cfa
  Cfb
  Cfc
  Dsa
  Dsb
  Dsc
  Dsd
  Dwa
  Dwb
  Dwc
  Dwd
  Dfa
  Dfb
  Dfc
  Dfd
  ET
  EF

Системот се темели на поставката дека растителниот свет е најдобар показател за климата во едно подрачје и затоа границите на појасите се водат според распространетоста на дадени видови растенија и дрва. Како фактор во класите се земаат и годишните и месечните температури, врнежите и сезоните во кои се јавуваат.[2]:200–1

Климите се поделени на пет групи, секоја со свои подргрупи, претставени со ознака од 2 до 4 букви.

Remove ads

ГРУПА A: Тропска клима

Тропските клими се одликуваат со постојано висока температура (на морско ниво и мала надм. височина) просечната температура преку целата година е над 18 °C. Се дели на следниве типови:

Remove ads

ГРУПА B: Сува (пустинска или полупустинска) клима

Оваа клима се одликува со фактот што годишното количество на врнежи е под прагот на потенцијална евапотранспирација[2]:212:

ГРУПА C: Умерени клими

Оваа клима се одликува со просечна температура над 10 °C во најтоплите месеци (април до септември на северната полутопка) и -3 °C до 18 °C во најстудениот месец. Се дели на следниве типови:

Remove ads

ГРУПА D: Континентална клима

Thumb
Сапоро под снег

Просечната температура во оваа клима е над 10 °C во најтоплите месеци, и под 3 °C во најстудените. Се јавува во внатрешноста на континентите и горните источни крабрежја, посеверно од 40° СГШ. На јужната полутопка, климата од групата D се крајно ретки поради помалите копнени маси во средните напоредници и речиси целосно отсуство на копно во појасот 40°60° ЈГШ. Се јавува само во планините. Се дели на следниве типови:

Remove ads

ГРУПА E: Поларна клима

Оваа клима се одликува со просечна температура под 10 °C преку целата година:

  • тундранска клима (ET):[2]:235–7 Најтоплите месеци имаат просечна температура од 0 °C до 10 °C. Појасот се протега во најсеверните делови на Северна Америка и Европа. Стенли, Фолкландски Острови и Нук, Гренланд.
    • ET се среќава и на мошне високи места вон поларното подрачје, и тоа над шумската граница:
  • вечноледена клима (EF):[2]:237 Просечната температура е под 0 °C преку целата година. Присутна е на Антарктикот и во внатрешноста на Гренланд.
Remove ads

Кепенови карти на континентите

Поврзано

  • Холриџови животни појаси

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads