Ториум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ториум
Remove ads

Ториум (Th, лат. thorium) — хемиски елемент кој припаѓа на групата актиноиди (7 периода, ф-блок на периоден систем).[3][4] Неговиот атомски број е 90, и незначително е радиоактивен. Заедно со ураниум се користи како примарно гориво во јадрените реактори.

Кратки факти Општи својства, Име и симбол ...

Ториумот е откриен во 1828 година од страна на шведскиот хемичар Јенс Јакоб Берцелиус. Името го добил според еден од нордиските богови - Тор (Thor).

Remove ads

Својства

Ториум е сребрено бел метал со висок сјај. Изложен на кислород од воздухот тој постепено се затемнува. Чистиот ториум е мек, лесно се извлекува (во жици и сл.), може да се пресува и на собна температура. Тој е полиморфан, постојат и две негови модификации. Растворлив е во поголем дел од концентрираните киселини, додека во солите и во фосрфорна киселина доста споро се раствора. Ториумот е застапен во Земјината кора во количини од 12ppm.

Најважни минерали на ториум се:

  • монацит (Ca, La, Nd, Th)PO4
Remove ads

Примена

Осветлување

Ториумот се користел главно во облик на оксид за правење на гасни лампи, меѓутоа поради радиоактивноста на своето испарување, престанало неговото производство. Тие гасни лампи се правеле од мешавина од 99% торумов оксид и 1% цериум нитрат во која се влекувал ураново волнено плетиво па тоа подоцна е запалено. Во пламенот се распаѓа ториум нитрат на ториум диоксид и азот. Останатата слаба структура која во пламен на гас давала бела светлост, која не е повржана со радиоактивноста на ториумот туку е резултат на обичното согорување.

Јадрено гориво

Во рекаторите ториум се користи за производство на ураниумов изотоп 233U. Од изотопот 232Th по пат на бомбардирање на неутрони се добива изотоп 233Th. Тој подоцна се распаѓа преко проактиниум 233Pa на ураниум 233U. Денес е развиена технологија со која овој процес се одвива во реактори со водено разладување со цел да се намали количеството на јадрен отпад.[5] Настанатиот изотоп 233U може да се дели и користи во јадрени реактори.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads