Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

епархија на Цариградската патријаршија во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија
Remove ads

Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Λαγκαδά, Λητής και Ρεντίνης) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Лагадина, Егејска Македонија.[1]

Кратки факти Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија Ιερά Μητρόπολη Λαγκαδά, Λητής και Ρεντίνης, Место ...
Remove ads

Историја

Ајватовско-рендиската епископија за првпат е спомената во 980 г. како Литиско-рендинска заедно со другите 11 епископии потчинети на Солунската митрополија. Двојното име значи дека катедралата е преместена од древномакедонскиот град Лете во Рендина (тогаш сместена во Рендината тврдина) во непознат период, и со тоа поимот во истирска смисла е титуларен. Денес првиот збор на грчки исто така е „Литиска“, но однесува на селото Ајватово, кое грчката власт насила го сменила во Лити, повикувајќи се на дамнешниот град Лете, согласно нивната политика на присвојување на древномакедонското наследство. За време на царот Алексиј Комнин (1081 – 1118) Литиската епископија била на десетто место по чин во Солунската митрополија. Малку пред 1081 г. низ Лете поминал Никифор Василак, и постоењето на Лете се споменува во два историски извора од тоа време. Епископијата е спомената и за време на царевите Мануил Комнин (1143 - 1180) и Михаил VIII Палеолог (1259 - 1282). За време на царот Андроник II Палеолог (1282 - 1328), литиско-рендински епископ бил Лав. Во 1335 г. епископијата ја возглавувал Гервасиј. За време на митрополитот и истакнат богослов Григориј Палама, управувањето на Литиската епископија му е доверено на платамонскиот епископ. Во 1416 г. епископ бил Христодул. Епископијата е спомената и во 1477 г. Кон крајот на XV век митрополитот Нифонт Солунски го ракоположил за литиско-рендинскиепископ Акакиј, кој важел за праведен и благочестив. Во 1547 г. литиски епископ бил Јоасаф од Солун, роден во семејство преселено од Фенер во Цариград. По него, епископијата ја возглавувал видниот мислител Дамаскин Студит (1564 – 1574). Епископијата е спомената и во 1670 и 1716 година. Укината е во средината на XVI век.[2]

Епископијата е возобновена на крајот од XVIII век за време на Теодосиј Солунски (1767 - 1769),[3] кој го ракоположил за епископ неговиот протосингел Кирил. По него владикувал Захариј, подоцна критски митрополит.[2]

Последен титуларен литиско-рендиски епископ од 1881 до 1891 г. бил Александар од Одрин, подоцна солунски митрополит.[4]

Во 1924 г. на територијата на епископијата е создадена Лагадинската митрополија.[2]

Во 1932 г., со оставката на митрополитот Герман, митрополијата е затворена и диецезата ѝ е припоена кон Солунската митрополија.[5] Во 1967 г. митрополијата е обновена.[6]

Remove ads

Епископи

Литиско-рендински епископи
Повеќе информации Име, Грчки ...
Лагадински митрополити
Повеќе информации Име, Години ...
Лагадинско-ајватовско-рендински митрополити
Повеќе информации Име, Години ...
Remove ads

Архијерејски намесништва и парохиски храмови

Епархијата има 8 архијерејски намесништва:

Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“ во Ајватово (1802)
Повеќе информации Архијерејски намесништва и парохиски храмови, Намесништво ...
Remove ads

Манастири

Повеќе информации Манастири, Манастир ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads