Париз-Ница 2015

From Wikipedia, the free encyclopedia

Париз-Ница 2015
Remove ads

Париз-Ница 2015 — 73. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница. Започнала на 8 март, а завршила на 15 март и претставувала втора трка во календарот на Светската турнеја.[1][2] Трката се вратила на традиционалниот формат на Париз-Ница по невообичаеното движење во 2014 година. Започнала во Морепа, западно од Париз, со пролог; потоа рутата се движела на југ низ Франција со неколку етапи погодни за спринтерите. Одлучувачкиот дел на трката започнал на четвртата етапа со искачување на Кол де ла Кроа де Шобуре. Трката завршила седум дена подоцна со искачување на Кол д’Ез во близина на Ница.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...

Првакот од 2014 година, Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал), одбрал да не ја брани титулата. Раното водство на трката припаднало на Михал Квјатковски (Етикс-Квик Степ) на прологот, а го чувал водството до третата етапа, кога го преземал Мајкл Метјус преку временските бонуси. На четвртата етапа победил Ричи Порт (Тим Скај), додека Квјатковски се вратил на чело на трката. На шестата етапа, хаотична етапа во врнежливи услови, Тони Галопен (Лото-Судал) победил и повел во генералниот пласман на трката, но не успеал да го одбрани водството на последниот ден на завршниот хронометар. Порт, првак од 2013 година, го освоил генералниот пласман, како и две етапи. Квјатковски завршил втор, додека Симон Шпилак (Катјуша) го заокружил подиумот.

Бодовниот пласман му припаднал на Метјус, кој имал четири завршници меѓу првите десет, како и една етапна победа. Планинскиот пласман бил освоен од Томас де Гент (Лото-Судал). Квјатковски го освоил пласманот за млад возач, како најдобар возач роден по 1 јануари 1990 година. Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај.

Remove ads

Екипи

Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи се автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Три други професионални континентални екипи добиле специјални покани.

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Remove ads

Распоред

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Етапи

Пролог

8 март 2015 Морепа до Морепа, 6,7 км, поединечен хронометар
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 1

9 март 2015 Сен Реми ле Шеврез до Контр, 196,5 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 2

10 март 2015 — Зоо парк де Бовал до Сен Аман Монрон, 172 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

11 март 2015 Сен Аман Монрон до Сен Пурсен сир Сиул, 179 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

12 март 2015 Варен сир Алер до Кол де ла Кроа де Шобуре, 204 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

13 март 2015 Сент Етјен до Расто, 192,5 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 6

14 март 2015 Ванс до Ница, 180,5 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

15 март 2015 Ница до Кол д’Ез, 9,6 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

На Париз-Ница 2015 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа и временските бонуси за првите тројца на друмските етапи, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Париз-Ница 2015 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана зеленаа маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале  – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Победата носела 15 бодови, второто место 12 бода, третото 9 бода, четвртото 7, петтото 6 и по еден помалку до еден бод за 10. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; три бода доколку за првиот кој ќе ја помине линијата, два бода за вториот и еден за третиот.

Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал белата маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано со прва, втора или трета категорија, а бодовите биле сразмерно делени. На искачувањата од прва година, бодовите биле делени на следниов начин: 10 бода за првиот кој стигнал до врвот, осум бода за вториот, шест за третиот, четири за четвртиот и по еден помалку до еден бод за седмиот. На искачувањата од втора категорија бодовите биле делени: 7 бода за првото место, второто место носело 5 бода, третото 3 и по еден помалку до еден бод за петтото место. На искачувањата од трета категорија и едно искачување од четврта категорија, бодови на врвот имало само за најбрзите тројца; 4 бода за првиот, 2 бода за вториот, 1 бод за третиот.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1990 година.

Постои и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.

Забелешки
  • На етапите 1 и 2, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Михал Квјатковски (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Мајкл Метјус ја носел белата маичка на истата етапа.
  • На етапата 4, Александер Кристоф, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Михал Квјатковски ја носел белата маичка на истата етапа.
  • На етапата 5, Фабио Ару, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Михал Квјатковски (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads