Шарпланински куп

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.

Историја

Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.

Патеки

Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.[1]

Победници

Повеќе информации Година, Машка конкуренција ...

Управа

Извршен одбор

Извршниот одбор брои 17 члена од кои:

  • Жарко Трпкоски, вд. претседател
  • Будимир Апостолски, ген. секретар
  • Зоран Теофиловски, претседател на Алпски Комитет

Иницијативен одбор

Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.

Награди

Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads