1240
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1240 (MCCXL) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1240 година од новата ера, 240. од вториот милениум, 40. од XIII век и прва од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6748 и 6749 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5990 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5000 и 5001 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1993.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1240 година се протега во 3876 и 3877, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3936 и 3937 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1783. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 637 и 638 исламска година.
Remove ads
Настани

По област
Азија
- 6 декември - Бату-хан и Златната Орда го напуштаат градот Киев.
- Туан Машика, го воведува исламот во Сулу.
Европа
- 15 јули - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север.
- Крај на граѓанската војна во Норвешка.
- Фламанското село Капријке е признато како град.
- Саншу II Португалски го освојува градот Ајамонте од муслиманите, како дел од Реконквиста[1].
- Разрушени се црквите Света Ирина и Света Троица во Киев од страна на Монголците.
По тема
Религија
Remove ads
Родени
- 29 септември - Маргарет, кралица на Шкотите (п. 1275)
- Папа Бенедикт XI (п. 1304)
- Сигер Брабантски, француски теолог (п. 1284)
- Албрехт II, маркгроф од Мајсен (приближен датум, п. 1314)
- Петар III - крал на Арагон
Починале
- 11 април - Ливелин Велики
- 27 мај - Вилијам де Варен (р. 1166)
- 13 октомври - Разија Султана, владетел на Делхи (р. 1205)
- 16 ноември - Ибн Араби, андалусиски арапски филозоф (р. 1165)
- Методиј II Цариградски, Вселенски патријарх
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads