1263

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1263 (MCCLXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1263 година од новата ера, 263. од вториот милениум, 63. од XIII век и четвртта од 1260-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6771 и 6772 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6013 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5023 и 5024 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2016.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1263 година се протега во 3899 и 3900, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3959 и 3960 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1806. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 661 и 662 исламска година.

Remove ads

Настани

По област

Европа

Северна и Источна Европа
  • Октомври - Битката кај Ларгс - Шкотите предводени од Александар III од Шкотска, успешно протерале група на норвешки Викинзи, предводени од Хокон IV .
  • Миндовг, единствениот христијански крал на Литванија, е убиен од неговиот братучед Тројнат.
  • Хулагу-кан е поразен во обид за инвазија, северно од Кавказ.
  • Врз основа на Магдебуршкото право, Жнин (Полска) добива градски права.
Јужна Европа
Средоземје
  • Мај - јули - Битка кај Сетепоци: Венецијанската флота ја победува надмоќната џеновско-византиска флота.
  • Кралот Јаков I го освојува Цревиленте, Шпанија од Маврите за време на Реконквиста.
  • Алфонсо X Кастилски го освојува Нибела од Ибн Махфуз, со што се прекинува секое муслиманско присуство во западниот дел на полуостровот[1].
  • Џенова го освојува градот Хања на Крит, од Венеција.
  • Савојската палата е изградена во Лондон од Петар II Савојски.
  • Основан е колеџот Балиол во Оксфорд.
Remove ads

Родени

  • 22 јануари - Ибн Тејмија, сириски филозоф и правник (п. 1328)
  • Теобалд II, војвода од Лорен (п. 1312)
  • Јоланда де Дре, кралица на Шкотска (п. 1322)

Починале

Thumb
Икона од Александар Невски
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads