1272
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1272 (MCCLXXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1272 година од новата ера, 272. од вториот милениум, 72. од XIII век и трета од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6780 и 6781 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6022 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5032 и 5033 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2025.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1272 година се протега во 3908 и 3909, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3968 и 3969 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1815. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 670 и 671 исламска година.
Remove ads
Настани

- 12 мај - Мамелучкиот султан Бејбарис и Кралство Ерусалим склучуваат десетгодишно примирје во Цезареја.[1]
- Бејбарис го напаѓа кралство Макурија, на југ од Египет.
- Карло I Анжујски, го освојува Драч во денешна Албанија и го воспоставува Албанско Кралство.
- Флорис V Холандски прави неуспешен напад врз Фризија.
- 16 ноември - Едвард I станува Крал на Англија.
- Кралот Алфонсо III Португалски ја елиминира последната мавританска заедница во Португалија во Фару.
Remove ads
Родени
- 13 декември - Крал Фридрих III Сицилиски (п. 1337)
- датум непознат - Бернардо Толомеј, италијански теолог (п. 1348)
- Отон I, ландграф од Хесен (приближен датум; п. 1328)
- Изабела Брус - кралица на Норвешка (приближен датум; п. 1358)
Починале
- 17 март - Го-Сага, цар на Јапонија (р. 1220)
- 18 март - Јован ФицАлан (р. 1246)
- Април 2 - Ричард, Прв ерл од Корнвол (р. 1209)
- 27 април - Света Зита, италијански светец
- 6 август - Крал Стефан V Унгарски
- 7 август - Ричард Мидлтон, лорд канцелар на Англија
- 27 октомври или 30 октомври - Хју IV, војвода од Бургундија (р. 1213)
- 16 ноември - Крал Хенри III (р. 1207)
- 13 декември - Бертолд Регенсбург, германски проповедник
- Вартоломеј Англиски, англиски монах и писател (р. пред 1203)
- Вилијам Шервуд, англиски логичар (приближен датум, р. 1200)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads