Општина Боговиње
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Боговиње — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е Боговиње. Општината е проширена со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кога кон поранешната Општина Боговиње е припоена и Општина Камењане.


Remove ads
Географија
Општината граничи со Општина Тетово на север, Општина Брвеница на исток, Општина Врапчиште на југ и со Република Косово на запад.
Демографија
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 22.906 жители, 6.457 домаќинства и 7.759 станови.[2]
Етничка припадност
- Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за етничката припадност
 
Вероисповед
- Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за религиската припадност
 
| Вероисповед | Вкупно | 
| православни | 3 | 
| муслимани | 21.329 | 
| католици | 2 | 
| христијани | 0 | 
| протестанти | 1 | 
| евангелисти | 0 | 
| евангелисти-методисти | 0 | 
| Јеховини сведоци | 0 | 
| останати | 0 | 
| евангелиски протестантски христијани | 1 | 
| агностици | 2 | 
| будисти | 1 | 
| лица без податоци† | 1.567 | 
| Вкупно | 22.906 | 
Мајчин јазик
- Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според мајчиниот јазик
 
| Јазик | Вкупно | 
| македонски | 936 | 
| албански | 20.376 | 
| турски | 9 | 
| ромски | 0 | 
| влашки | 0 | 
| српски | 3 | 
| бошњачки | 8 | 
| останати | 5 | 
| знаковен јазик | 0 | 
| непознато | 2 | 
| лица без податоци† | 1.567 | 
| Вкупно | 22.906 | 
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
- Дел од жителите во општината се изјасниле како Турци и Албанци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.
 
Remove ads
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Боговиње е Аљбон Џемаили од редовите на АА. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Боговиње е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  ДУИ: 7 места
   АА: 5 места
   БЕСА: 5 места
   ДПА: 2 места
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
- ФК Дрита (Боговиње)
 
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

