Месечина (астрологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Месечина (астрологија)
Remove ads

Месечината е ноќна планета бенефик која ги претставува нашите емоции и потребата од сигурност. Таа го објаснува нашето рано опкружување а особено патот по кој жените го доживуваат своето искуство како мајки. Месечината во астролошка смисла ја прикажува нашата спосбност да ја почувствуваме околината, способноста да дадеме и примиме чувства. Таа се однесува на инстинктите, на несвесниот дел од нашата личност како и на вообичаеното однесување преку кое се рефлектира низ тој мистериозен дел од нас самите. Месечината укажува како инстинктивно реагираме во личната заштита и заштитата на другите. Најважно, Месечината го опишува она кое го сокриваме од сите - нашата душа - нашите најдлабоки чувства - бескрајно простување себеси и на другите. Месечината е симбол на плодност и не случајно менструалниот циклус е под нејзина заштита. Во мунданата астрологија Месечината го претставува народот.

Thumb
Астролошки симбол на Месечината
Thumb
Натален хороскоп

Во наталната карта Месечината е природен владетел на 4-то поле.

  • Принцип: женски
  • Квалитет: променлив
  • Домицил (седиште) во Рак.
  • Егзил (изгон) во Јарец.
  • Егзалтација (возвишеност) во Бик.
  • Пад во Скорпија.

Во наталната карта, покрај Сонцето, Месечината има најголемо значење за личноста. Таа управува со нашите ноќни активности, сонот, интуицијата и таинственоста. Владее со нашата потсвест а со нејзиното движење низ Зодијакот и промената на мените, влијае и врз нашата емотивна состојба и однесување.

Месечината може да биде омилена како и Венера но сепак е помалку среќна од неа бидејќи е претерано зависна, на ист начин како што доенчето е зависно од мајката. Полето во наталната карта каде што се наоѓала Месечината во мигот на нашето раѓање укажува на областа од нашиот живот во која се препуштаме без резерви, ја опишува нашата мајка и баба, а кај мажите Месечината дава опис на жената која ги привлекува. Исто така, полето во кое се наоѓа Месечината укажува на областа во која сме најранливи но и најинтуитивни, но секако дека самата положба во наталната карта не е доволна комплетно да ја опише личноста или неекој настан во астролошка смисла, туку треба да се земат превид и сите аспекти кои Месечината ги прави со другите планети во мигот на раѓањето.

Remove ads

Симболика на Месечината на психолошко ниво

Месечината во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: креативност, спонтаност, заштитнички став, душа, емоции, инстинкти, лишност, навики, претпазливост, осетливост, сентименталност, романтичност, интуиција, подложност на впечатоци.

Конструктивни одлики на Месечината

Месечината во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: прилагодливост, друштвеност, љубезност, скромност, креативност, совесност, внимателност, љубов кон семејството, добра меморија.

Деструктивни одлики на Месечината

Месечината во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: нестабилност, апатичност, површност, фантазирање, лесномисленост, неодлучност, ситничарење, повредливост, страв, слаба волја, подложност на влијанија.

Remove ads

Симболика на Месечината на објективно ниво

Животни

Месечината ги претставува слените животни: славејче, рак, крава, кокошка, риба, јастог, овца, патка, видра, полжав.

Растенија

Месечината ги претставува слените растенија: краставица, салата, тиква, лубеница, детелина, карфиол, зелка, печурка, грав, морков.

Органи

Месечината ги претставува следните органи кај човекот: желудник, стомак, гради, малиот мозок, левата страна од телото, лимфен систем, мочен меур, полови органи кај жената, лев јајник, лев тестис, панкреас, жолчна кеса, штитна жлезда.

Бои

Месечината ги претставува следните бои: светлосина, сива, бела, сребрена, зелена, бела, лимон жолта, виолетова.

Ден во седмицата

Месечината го претставува следнот ден: понеделник.

Минерали и метали

Месечината ги претставува следните минерали и метали: сребро и алуминиум, меки и лесни материи.

Скапоцени камења

Месечината ги претставува следните скапоцени камења: бисери, селенит, опал, смарагд, аквамарин, стакло.

Remove ads

Познати личности

Месечина во Овен

Овие личности имаат неуморен карактер, голема смелост и стремеж кон себеостварување без оглед на ризиците. Родени водачи, склони понекогаш кон сканадалозност и бекство од рутината. Најчесто реагираат инстинктивно и веднаш го донесуваат својот суд. Мошне се импулсивни и нивниот ентузијазам може лесно да се стартува исто како и нивниот бес. Силни чувства владеат со нивната животна енергија и се чувствува недостаток од самоконтрола. Претерано работат и тоа делува на нивните чувства. Можат да имаат проблем со очите и со мигрената. Премногу бараат и сите околу нив мора да се трудат за да им удоволат. Во детството тоа го правела мајката а сега тие тоа го очекуваат од другите.

Месечина во Бик

Месечина во Близнаци

Месечина во Рак

Месечина во Лав

Месечина во Девица

Месечина во Вага

Месечина во Скорпија

Месечина во Стрелец

Месечина во Јарец

Месечина во Водолија

Месечина во Риби

Remove ads

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads