Сонце (астрологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сонцето во астрологијата претставува централна точка, тоа го симболизира центарот на сѐ што постои околу личноста. Според положбата на Сонцето во хороскопот го дознаваме и времето во кое лицето се родило. Ако Сонцето се наоѓа над Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 10-та, тогаш лицето е родено дење. Доколку Сонцето се наоѓа под Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 4-та, тогаш лицето е родено ноќе. Во случај Сонцето да се наоѓа точно на Асцендентот тогаш моментот на раѓање е во зора, ако се најде точно на Десцендентот, се работи за залез, на точката Medium Coeli (или „Средина на Небото“ - 10-поле), тогаш лицето е родено на пладне, а ако Сонцето се најде точно на точката Imum Coeli (или „Дното на Небото“ - 4 поле), тогаш лицето е родено на полноќ.



Кога кажуваме дека некое лице е Овен во хороскоп, тоа значи дека Сонцето во моментот на раѓање се наоѓало во зодијачкиот знак Овен итн.
Симбол на Сонцето е еден круг со точка во центарот, што претставува заокруженост, единство и целосност.
Во астролошка смисла, Сонцето претставува свест за себе, за своето его, волјата за живот. Тоа укажува на делот од судбиата кој го создаваме самите. Тоа е рационален дел од човекот. Преку позицијата на Сонцето во хороскопот можеме да ги опишеме сите важни луѓе во нашиот живот: таткото, шефот, секоја личност која ја сметаме за некаков авторитет, а во женскиот хороскоп тоа ќе го претставува и сопругот.
Remove ads
Симболика на Сонцето на психолошко ниво
Сонцето во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: его и свест за себе, самодоверба, самоостварување, водство, желба за моќ, амбиција, достоинство, великодушност, креативност, творештво, организираност, творечка моќ, личност, репутација, важност, лојалност, екстраваганција, тежнеењето на личноста, каде и на кој начин сака да заблеска.
Конструктивни одлики на Сонцето
Сонцето во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: верност, способност, совесност, сила, волја, сигурност, независност, оптимизам, доверба, просперитет, виталност, просветлување, чесност.
Деструктивни одлики на Сонцето
Сонцето во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: свртеност кон себе, фалбаџиство, деструктивност, егоизам, доминирање, агресивност, неспособност, надуеност.
Remove ads
Симболика на Сонцето на објективно ниво
Животни
Сонцето ги претставува слените животни: лав, пантер, леопард, сокол, петел, паун, орел, коњ, рис, дива свиња, славејче, лебед.
Растенија
Сонцето ги претставува следните растенија: врба, рузмарин, маслина, палма, пченка, сончоглед, невен, портокал, ориз, грејпфрут, грозје, камилица, лимон, лаванда, орев, лоза.
Бои
Сонцето ги претставува следните бои: пурпурна, златна, портокалова, сина, виолетова.
Органи
Сонцето ги претставува следните органи кај човекот: срце, очи, артерии, десната страна од телото, мозок, нерви, ‘рбет, тимус, десен тестис.
Ден во седмицата
Сонцето го претставува следнот ден: недела.
Минерали и метали
Сонцето ги претставува следните минерали и метали: злато и сите сјајни материи кои во себе содржат светлост.
Скапоцени камења
Сонцето ги претставува следните скапоцени камења: дијамант, рубин, хризолит.
Remove ads
Познати личности
Сонце во Овен
Оваа позиција укажува на личност која е дисциплинирана и борбена.
Сонце во Бик
Оваа позиција укажува на личност која е конзервативна, заштитничка, ги сака недвижностите.
- Џорџ Клуни, роден на 6 мај 1961 - Сонце на 15°33 од знакот Бик
- Адолф Хитлер, роден на 20 април 1889 - Сонце на 0°48 од знакот Бик
- Леонардо да Винчи, роден на 15 април 1452 - Сонце на 4°36 од знакот Бик
- Ума Турман, родена на 29 април 1970 - Сонце на 8°59 од знакот Бик
Сонце во Близнаци
Оваа позиција укажува на личност која е брзоплета, талентирана за јазици и општо за комуникации.
Сонце во Рак
Оваа позиција укажува на личност која е неодлучна, фина, чувствителна, со слободен хумор.
Сонце во Лав
Оваа позиција укажува на личност која е супериорна во однос на другите, независна, праведна.
Сонце во Девица
Оваа позиција укажува на личност која е премногу склона кон анализирање, незадоволна, но со нагласен интелект.
- Софија Лорен, родена на 20 септември 1934 - Сонце на 26°53 од знакот Девица
- Агата Кристи, родена на 15 септември 1890 - Сонце на 22°15 од знакот Девица
- Фабио Канаваро, роден на 13 септември 1973 - Сонце на 20°28 од знакот Девица
- Ричард Гир, роден на 31 август 1949 - Сонце на 7°54 од знакот Девица
Сонце во Вага
Оваа позиција укажува на личност која има префинет стил, често со убав надворешен изглед но исто така и неодлучна.
- Махатма Ганди, родена на 2 октомври 1869 - Сонце на 8°56 од знакот Вага
- Фридрих Ниче, роден на 15 октомври 1844 - Сонце на 22°07 од знакот Вага
- Владимир Путин, роден на 7 октомври 1952 - Сонце на 13°56 од знакот Вага
- Силвио Берлускони, роден на 29 септември 1936 - Сонце на 5°51 од знакот Вага
Сонце во Скорпија
Оваа позиција укажува на личност која е нетолерантна и не признава грешки, знае лесно да урива но и да гради.
Сонце во Стрелец
Оваа позиција укажува на личност која е лојална, интуитивна, го сака спортот, религијата и филозофијата.
Сонце во Јарец
Оваа позиција укажува на личност која е резервирана, конструктивна, упорна, фаталистички настроена.
Сонце во Водолија
Оваа позиција укажува на личност која има чудни идеи, друштвена е, има многу пријатели и често е неконзервативна.
- Кристијано Роналдо, роден на 5 февруари 1985 - Сонце на 16°38 од знакот Водолија
- Роби Вилијамс, роден на 13 февруари 1974 - Сонце на 24°33 од знакот Водолија
- Џенифер Анистон, родена на 11 февруари 1969 - Сонце на 23°22 од знакот Водолија
- Џон Траволта, роден на 18 февруари 1954 - Сонце на 29°38 од знакот Водолија
Сонце во Риби
Оваа позиција укажува на личност која е срамежлива, трпелива, њубезна, понекогаш е многу чувствителна и губи чувство за реалност.
Remove ads
Надворешни врски
- Астролошко мрежно место Архивирано на 1 декември 2008 г.(англиски/француски)
- Најголема светска астробаза на податоци (англиски)
- Мрежно место за бесплатна изработка на интерактивни натални карти (англиски/турски)
- Месечен хороскоп (англиски)
- Училница по астрологија Архивирано на 16 мај 2008 г. (англиски)
- Астрологија за почетници (форум) Архивирано на 21 август 2008 г. (српски)
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads