Општина Ракотинци
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Ракотинци, именувана и како Месен народен одбор Ракотинци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1965 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Ракотинци за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]
1915-1918
Општина Ракотинци продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Ракотинци продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица.[3][4][5]
1945-1965
Месниот народен одбор Ракотинци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Добри Дол, Ракотинци и Сушица.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сопиште со неговото село Сопиште. Истовремено, МНО Ракотинци ја загубил Сушица, на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Маркова Сушица.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Ракотинци била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Долно Соње со неговите села Барово, Говрлево, Горно Соње, Долно Соње, Света Петка и Чифлик. Истовремено, Општина Ракотинци го добила селото Усје кое дотогаш припаѓало на Општина Драчево.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Ракотинци била проширена на сметка на укинатата Општина Јаболци со нејзините села Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река. Тогаш, Општина Ракотинци била проширена и со територијата на укинатата Општина Цветово со нејзините населени места Елово, Малчиште, Умово, Цветово, и Црн Врв. Истовремено, Општина Ракотинци го изгубила селото Усје, на сметка на Општина Кисела Вода.[10] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Ракотинци била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Кисела Вода.[11]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Ракотинци имала 2,346 жители, односно вкупното население на Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Ракотинци имала 2,294 жители. Според верската припадност, 2,277 биле православни, додека 17 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,277 биле Срби/Хрвати, 16 биле Албанци, додека 1 бил Турчин.[12][б 2]
Според пописот од 1931 година, Општина Ракотинци имала 2,687 жители, од кои 1,398 биле мажи, а 1,289 биле жени. Општината се состоела од 319 куќи и 322 домаќинства.[13]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Ракотинци имал 1,601 жител, односно вкупното население на Добри Дол, Ракотинци и Сопиште.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[14]
Народност | Вкупно |
Македонци | 1,582 |
Роми | 18 |
Црногорци | 1 |
Според пописот од 1953 година, Општина Ракотинци имала 5,176 жители, односно вкупното население на Барово, Варвара, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Усје и Чифлик.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[15][16]
Народност | Вкупно |
Македонци | 4,226 |
Албанци | 51 |
Турци | 827 |
Роми | 41 |
Срби | 20 |
Хрвати | 3 |
Црногорци | 2 |
Неопределени Југословени | 2 |
Останати Словени | 4 |
Според пописот од 1961 година, Општина Ракотинци имала 9,506 жители, односно вкупното население на Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Елово, Јаболци, Малчиште, Нова Брезница, Осинчани, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Умово, Цветово, Црн Врв и Чифлик.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[17]
Народност | Вкупно |
Македонци | 5,463 |
Албанци | 1,256 |
Роми | 28 |
Срби | 37 |
Муслимани | 2 |
Словенци | 1 |
Црногорци | 2 |
Југословени | 6 |
Останати | 2,711 |
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Во административната поделба од 1945, 1947, 1950, 1955 година, Варвара не било спомнато како населено место, односно само неговиот атар како територија припаѓал на МНО/Општина Ракотинци.
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads