Црешнево (Велешко)

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Црешнево (Велешко)map
Remove ads

Црешнево — село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Базен на сретселото

Селото се наоѓа во областа Азот, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, во горното сливно подрачје на реката Бабуна, а чиј атар се издига на планината Голешница.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 840 метри.[2] Селото од општинското средиште Чашка е оддалечено 38 километри,[3] додека од поранешниот општински центар Богомила е оддалечено 7 километри на север.

До селото води земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2336 кај селото Богомила.

Ова мало село е сместено во подножјето на планинскиот масив на Голешница. Местоположбата е погодна од стопански причини: јужно од селото на ниското земјиште селаните одгледувале жито и тутун, додека на падината на Голешница на север и североисток се наоѓаат шуми и пасишта. Околни села се Бистрица, Нежилово, Капиново и Богомила.[4]

Потезите по границите на пространиот селски атар ги носат следните називи: Пепелавец, Капиновски Крст, Мио-рамниште, Белуток, Мелчев Камен, Дебела Јасика, Крстев Камен, Сватови, Јанево Кале (постои карпест блок), Уши, Рид, Утовец, Старец и Баба (има два камена „грбави“), Колец и Честак. Внатрешните делови на атарот се викаат: Јаворска Глава, Корита, Главје, Бегови Вирови, Јачмиште, Коњарник, Лизга Плоча, Страње, Крст, Амзиница, Крива Редика, Крушје, Гробишта и Изворска Бука.[4]

Црешнево е село од збиен тип и не се дели на маала затоа што е мало. Родовските куќи се во непосредна близина и повеќето се групирани.[4]

Remove ads

Историја

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“ е најстариот храм во областа Азот
Thumb
Горната селска чешма

Крај селото од западната страна еден рид се вика Гробишта, а на него се гледаат камени плочи од стари гробови. Други остатоци од старини има јужно од Црешнево на месностите Камила и Честак. Таму се познаваат слаби остатоци од некогашни куќи, а во земјата се ископуваат делови од земјени цевки (ќункови).[4]

Црешнево спаѓа во редот на стари села во областа на Бабуна. Народното предание наведува дека тоа е старо колку и соседното село Бистрица, за кое пак се знае дека постоело уште во средниот век.[4] Во историските извори, селото е споменато како Черешново и во 1467/68 година имало 12 семејства. Бројот на семејства во селото варирал, па така од 6 семејства во 1481/82 година дошло до 21 семејство во 1568/69 година.[5]

Црешнево има црква „Света Петка“ што е прилично стар храм,[4] што според истражувањата на фрескоживописот се заклучува дека таа постои од 1601 година со што е најстариот храм во областа Азот.[5]

Селото Црешнево отсекогаш било населено само со православно македонско население и тоа најмногу до 30 куќи во 1912 година. Поради тоа одредени делови од атарот на Црешнево биле присвоени од околните села. Потегот Црна Стена го присвоиле Богомила и Капиново, додека потегот Цуцул го присвоило Нежилово.[4]

До крајот на турското отоманско владеење и во ова село жителите трпеле и биле изложени на разни насилства и злодела од Албанците од Црнилиште, Десово, Согле и Јаболчиште. Тогаш, иако во Црешнево не живеело многу население, се одгледувало многу стока. До 1912 година, селото имало 12.000 овци и кози. Доста стока, особено кози имало и помеѓу двете светски војни. Во 1922 година сточарите од ова село биле нападнати од група од 18 Албанци предводени од познатиот качак-разбојник и злосторник Каљош од кичевското село Зајас. Нападот бил извршен на потегот Бегови Вирови (2.112 м.н.в.) кој се наоѓа североисточно од Црешнево. Таму биле напасувани околу 1200 селски шилежиња и 800 јариња. Качаците ги фатиле чуварите на стоката од ова село и Бистрица во месноста Лучица и девет дена ги чувале во заложништво во шумата викана Темна Бука кај селото Алдинци на планината Мумџица преку врвот Солунска Глава во поречието на Кадина Река. Некои од нив таму ги убиле, а еден ранет чувар на стоката останал жив и живеел во Бистрица сè до шеесеттите години на XX век.[4]

Жителите на Црешнево порано биле скудни со вода за пиење. Меѓутоа во периодот помеѓу двете светски војни во селото биле изградени две чешми по иницијатива на народниот посланик Тоше Живковиќ. Водата за чешмиште била спроведена од изворот Бука кој избива над селото. Еден добар извор на атарот на селото го носи името Турено и се наоѓа на потегот Бегови Вирови.[4]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 11,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 453 хектари, на шумите отпаѓаат 372 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 198 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во минатото, во селото се одгледувало многу стока, особено овци и кози.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 250 жители, сите Македонци.[6]

По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Црешнево имало 272 Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Црешнево е населено со македонско население, но е во фаза на наполно раселување. Тоа, во 1961 година имало 176 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 10 жители.[2]

Големото иселување на селото се случило уште во 1970-тите и 1980-тите години, кога скоро целото население од селото целосно се иселило во градовите, пред сè во Велес и Скопје, и одреден мал дел во странство.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 8 луѓе, сите Македонци.[9] Сепак, дел од иселениците повремено престојуваат во самото село.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонка.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Црешнево е во целост населено со македонско население и во фаза на раселување.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1967 година, родови во селото се: Николовци (4 к.), Угриновци (4 к.), Китевци (3 к.), Калајџиовци (3 к.), Анѓелковци (3 к.), Најдовци (2 к.) и Бошковци (1 к.), сите слават Свети Никола и бидејќи за нив никој не знае дали се доселени од некаде, тие се најстарите староседелски родови во Црешнево. Родот Ѓоревци (2 к.) слават Митровден и тие се стар селски род.

Иселеништво

Во селата по сливот на Бабуна живеат следните иселеници од Црешнево: Сокиновци (2 к.) во Мокрени; Здравевци (5 к.) во Ново Село; Чушкаровци (5 к.) во Долно Врановци; Андови (1 к.) во Војница. Во селата по сливот на Тополка иселеници од Црешнево се: Црешневци (2 к.) во Еловец; Црешневци (3 к.) во Бањица; Угриновци (3 к.) и Црешневци (1 к.) во Раштани. Иселеници има и во Скопје. Споменатите иселеници се гранки на денешните родови. Има и сосема иселени родови како Крстевци.[4]

Подоцнежните иселувања главно биле кон поголемите градови во Македонија, односно во Велес и Скопје, а еден помал дел од нив се заминати во странство. Иселувањата се случиле за време 1970-тите и 1980-тите години кога се отселиле повеќе од две третини од населението.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Црешнево се наоѓало во Велешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Богомила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Богомила во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Богомила, во која покрај селото Црешнево, се наоѓале и селата Бистрица, Богомила, Капиново, Нежилово, Ореше и Папрадиште. Општината Богомила постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Богомила, Бистрица, Капиново и Црешнево.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2211 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом на селото Богомила. Во ова избирачко место се запишани и гласачите од селата Богомила, Капиново и Папрадиште.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 254 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 244 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“ на влезот во селото
Цркви
Свети крстови
  • Свет крст „Св. Троица“ кај месноста Коњарник

Редовни настани

Слави[4]
  • Петковден (8 август) — селска слава на селото со црковно-народен собир;
  • Духовден — мештаните се собирале во месноста Коњарник кај крстот „Св. Троица“; и
  • Атанасовден (31 јануари) — давање курбан кога се собираат жителите на селото и колат јаре.

Култура и спорт

Започнувајќи од 2015 година, кон крајот на мај или почетокот на јуни велосипедистите од големата тура на велосипедскиот настан Азот МТБ Предизвик го посетуваат селото Црешнево, како прва попатна станица, при тоа искористувајќи ги двете селски чешми како водна станица.[19]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads