Меглен

општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Меглен
Remove ads

Меглен (Мегленско, Мегленија; грчки: Αλμωπία, поточно: Δήμος Αλμωπίας) — етно-географска област, општина и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Република Македонија.

Повеќе информации Општина Меглен Δήμος Αλμωπίας, Карта на општина Меглен ...
Remove ads

Географија и местоположба

Котлината и областа Меглен се наоѓаат во северниот дел на Егејска Македонија, односно во среднишниот дел на етничка Македонија. На север се граничи со Република Македонија, односно со областите Тиквешија на север и Мариово на северозапад. Кон запад, југ и исток е отворена кон поширокот регион на Егејска Македонија (денес Грција), односно на југ и југоисток се граничи со пространото Солунско Поле, на запад со Воденско, а на исток со дел од областа Бојмија.

Мегленската котлина е интересен тип на котлина со ниска надморска височина, оградена со високи планини од сите страни. Од север е оградена со планините Кожуф и Козјак, од запад со планината Ниџе, на југозапад ја оградуваат огранките на Негушка Планина, а на исток е оградена со планината Пајак.

Низ плодното рамно Мегленско Поле, протекува реката Мегленица, која протекува и низ Солунското Поле, каде што преку канали дава вода за наводнување на обработливото земјиште, а таму се влева и во реката Бистрица, која пак се влева во Егејското Море. Во Мегленската Котлина преовладува средоземната клима, додека пак на планините континетална и планинска.

Remove ads

Општина Меглен и населени места

Thumb
Карта на Меглен од 1904 г.

Во административна смисла, до 1997 г. Меглен бил епархија во округот Постол. Од 1997 г. со законот „Каподистријас“, Меглен е поделен на општините С’ботско (Аридеја) во западниот дел и Капињани (Ексаплатанос) во источната. Од 1 јануари 2011 г., со законот „Каликратис“ станува една општина.[1] Главен град на областа и општината е С’ботско.

Општинска единица С’ботско

Општинската единица С’ботско ги опфаќала следиве општински оддели и населени места:

Thumb
Поранешната општина С’ботско на картата на некогашниот округо Постол.
Thumb
Центарот на С’ботско со статуа на Ангел Гацо.
Thumb
Црквата во Баово.
  • Општински оддел С’ботско
  • Општински оддел Баово
  • село Баово (Πρόμαχοι, Промахи)
  • Општински оддел Биџова Маала
  • Општински оддел Бизово
  • село Бизово (Μεγαπλάτανος, Мегаплатанос)
  • село Манастир (Μοναστηράκι, Монастираки)
  • Општински оддел Габровци
  • Општински оддел Драгоманци
  • Општински оддел Костурени
  • Општински оддел Пожарско
  • Општински оддел Полјани
  • Општински оддел Преб’диште
  • Општински оддел Рудино
  • Општински оддел Саракиниово
  • Општински оддел Северјани
  • Општински оддел Струпино
  • Општински оддел Тресино
  • Општински оддел Цакон Маала
  • Општински оддел Црнешево

На територијата на општинската единица се наоѓале и денес запустените села Горно Родиво (Άνω Κορυφή, Ано Корифи), Зборско (Πευκωτό, Певкото) и Карадере Воденско (Μαυρόλακκος, Мавролакос) и Карадере Пазарско (Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон).

Општинска единица Капињани

Општинската единица Капињани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Thumb
Поранешната општина Капињани на картата на некогашниот округ Постол.
Thumb
Фреска од Ошинскиот манастир.
Thumb
Црквата „Свети Димитар“ во Тушин.
  • Општински оддел Капињани
  • Општински оддел Бериславци
  • Општински оддел Гостољуби
  • Општински оддел Карладово
  • Општински оддел Кожушани
  • Општински оддел Новоселци
  • Општински оддел Ноти
  • село Ноти (Νότια, Нотија)
  • село Тушин (Αετοχώρι, Аетохори)
  • Општински оддел Ошин
  • село Ошин (Αρχάγγελος, Архангелос)
  • Општински оддел Слатина
  • Општински оддел Страишта
  • Општински оддел Тодорци
  • Општински оддел Трстеник
  • Општински оддел Фуштани

На територијата на општинската единица се ноаѓаат и денес запустените села Лесково и Извор.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads