Тетовско архијерејско намесништво

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетовско архијерејско намесништво
Remove ads

Тетовско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во состав на Тетовско-гостиварската епархија задолжено за градот Тетово и околината.

Thumb
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово — седиште на намесништвото

Од 1971 г. заклучно со 1996 г. година во оваа епархија се извршени 66,753 крштевки. Оваа епархија има 38 активни свештеници и неколку пензионери. Во текот на овие години се изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и задушници. Над поголем број цркви и манастири извршени се целокупни санации и реставраторски работи со што се заштитени од понатамошно пропаѓање.

Намесништвото е сместено во соборниот храм подигнат во чест на „Свети Свети Кирил и Методиј“. Има 8 парохии а нив ги опслужуваат девет свештени лица. Архијерејското намесништво Тетово брои 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и 1 крст.

Remove ads

Парохии

Намесништвото обединува според податоци од 2001 г. околу 18.000 православни христијани, но поради војната нивниот број денеска не е потврден.

Преглед на намесништвото по парохии:

  • Прва тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Свети Свети Кирил и Методиј“ која ја опслужува протојереј Предраг Исаевски. Ги опфаќа само црквите во градот кои не се наведени подолу.
  • Четврта тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Свети Никола“ која ја опслужува протојереј-ставрофор Ратко Милановски, а во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Лавце, Долна Лешница и Требош како и манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ којшто се наоѓа на месноста Балтепе над Тетово.
Remove ads

Оштетувања во конфликтот од 2001 година

За жал, за време на војната во 2001 г. значителен дел од црквите што ги обединува Тетовското архијерејско намесништво претрпеле сериозни оштетувања како мета на терористичките напади на ОНА и нивните соработници. Оттогаш, многу од објектите се обновени.

Идни проекти

Во последнава деценија е посебно нагласена иницијативата на верниците за обновување и подигање на нови цркви, која е масовно поддржана од верниците преселени во западноевропските и прекуокеанските земји. Се подигаат нови цркви и црковни придружни објекти, поради зголемениот интерес на населението за црковно и духовно живеење.

Надворешни врски


Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads