Општина Кавадарци

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Кавадарци
Remove ads

Општина Кавадарциопштина во јужниот дел на Повардарието, чии граници допираат до границата со Грција (Општина Меглен, Егејска Македонија). Голем дел од обработливото земјиште во општината е со лозови насади и Кавадарци е познат во Европа и светот по квалитетното вино и грозјето. Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев.

Кратки факти Општина Кавадарци, Држава ...
Thumb
Карта на општина Каварадци со селските атари.
Thumb
Демографска карта на општина Каварадци со селските атари.
Thumb
Населеност на Општина Кавадарци.
Remove ads

Географија

Општината ги зафаќа Тиквешијата и висорамнината Витачево и Тиквешкиот (Кавадаречкиот) дел на Мариово. На територијата на општината се наоѓа и познатот рудник Алшар (познат по реткиот минерал лорандит) и фабриката Фени. Според површината, со 992,44 км2, Кавадарци е втора најголема општина во Македонија, единствено помала од соседната Општина Прилеп.

Историја

Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак.

Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.[2]

Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко Езеро.

Remove ads

Стопанство

Демографија

Седиште на општината е градот Кавадарци.

Според пописот од 2002 година општината има 38.741 жител.

Повеќе информации Народ, Вкупно ...
Вероисповед Вкупно
православни 37.332
муслимани 1.164
католици 25
протестанти 4
останати 216
Јазик Вкупно
македонски 38.204
албански 0
турски 47
ромски 245
влашки 10
српски 150
бошњачки 1
останати 84

Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, ’Ржаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Кавадарци е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 9 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 8 места
  ГРОМ: 1 место
  Независни: 1 место
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads