1290-ти

десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1290-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1290 година и завршила на 31 декември 1299 година.

< 1280-ти 1290-ти 1300-ти >
1290129112921293129412951296129712981299

Настани

1290

  • Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[1].
  • 1 март - Универзитет Коимбра е основан во Лисабон, Португалија од страна на кралот Денис Португалски.
  • 10 јули - Ладислав IV Унгарски е убиен од тројца кумани.
  • 18 јули - Со издадениот едикт, кралот Едвард I им наредува на сите Евреи (во тоа време најверојатно броеле околу 2.000) да ја напуштат Англија до 1 ноември (Ден на сите светии)[2].
  • 23 јули - Андреј III Унгарски е крунисан во Секешфехервар од Лодомер.
  • 1 август - Основана е Влашка според традиционалната дата.
  • 27 септември - Земјотрес во Чиле во сила од 6,8 степени според Меркалиевата скала, при што загинауваат помеѓу 7.270-100.000 луѓе.
  • На власт во Тавантинсују доаѓа четвртиот Сапа Инка Мајта Капак, наследувајќи го Локе Јупанки.
  • 18 декември - По смртта на Магнус III Шведски, тој е наследен од неговиот 10-годишен син Биргер Магнусон. Иако Шведска е изборна монархија во тоа време, Биргер е назначен за наследник.
  • Декември - Дванаесетте Еленорски крстови се градат помеѓу Линколншир и Лондон во Англија, бидејќи кралот Едвард I ја оплакува смртта на неговата кралица, Елеонора Кастилска.
  • Завршена е изградбата на Ландафската катедрала во Кардиф, Велс, 170 години откако беше започната.
  • Монголската Златна Орда го напаѓа регионот Молдавија.
  • Кралот Денис Португалски донесува акт според кој португалскиот јазик е службен јазик на Португалија, заменувајќи го класичниот латински.
  • Основачката династија на Мамелучкиот Султанат во Делхи е соборена од Џалал уд дин Фируз Калџи.

1291

1292

  • 5 април - Започнуваат Папските избори.
  • 17 ноември - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
  • Султанот на Египет, ел-Ашраф Калил, го напаѓа Ерменско Кралство Киликија.
  • Династијата Исфендијариди е основана во провинцијата Кастамону.

1293

  • 26 мај - Земјотресот во Камакура, Јапонија убива околу 23.000 лица.
  • декември - Султанот на Египет ел-Ашраф Калил е убиен од неговиот регент Бајдара.
  • Кублај-кан испраќа флота на островите во Југоисточна Азија, вклучувајќи ја и Јава.
  • Основано е Царство Маџапахит во Јава.
  • Островот Вајт се продава на кралот на Едвард I од Изабела де Форц, за 6.000 марки.
  • Ќерката на Едвард I, Елеонора, се омажува за Хенри III, гроф од Бар.
  • Данте Алигиери ја комплетира книгата La Vita Nuova (Нов живот).

1294

1295

1296

1297

  • 8 јануари - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
  • 3 мај - Во близина на Рим, Стефано Колона го заробува богатството што го испраќа семејството Каетани на папата[4] .
  • 28 август - Едвард I неуспешно ја напаѓа Фландрија.
  • 11 септември - Битката кај Стирлиншки мост: Шкотските војски го поразуваат Кралство Англија.
  • 12 септември - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
  • Кралот Луј IX Светиот е канонизиран.
  • Како дел од договорот од Анањи, царот на Арагон е признаен како владетел на Кралството Сардинија и Корзика од страна на папата, но двата острови остануваат под контрола на Пиза и Џенова.
  • Санремо се продава на семејство Дорија.

1298

1299

  • 24 февруари - Алаудин Калџи, султанот на Делхи ги испраќа своите генерали да го освојат Гуџарат.
  • Април - Шкотите го освојуваат замокот Стирлинг замокот.
  • 27 јули - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.
  • 31 јули - Пиза и Џенова се согласуваат на триесетгодишно примирје. Дел од договорот го вклучува и крајот на поддршката на Пиза на непријателите на Џенова[8].
  • 1 ноември - Хекон V Норвеши станува крал на Норвешка.
  • 1 декември - Битка за Фалконарија: Фридрих III Сицилиски го поразува Филип I Тарентски.
  • Монголскиот кан започнува поход во Индија со 200.000 војници, но Алаудин Калџи, султанот на Делхи, ги поразува.
  • Кралство Сингапур е основано од принцот Шривиџаја.
  • Изградена е Дивриги џамија.
  • Холандската династија исчезнува. Областа Холандија станува дел од личната заедница со Грофовија Ено.
  • Голем пожар во Вестминстерската палата.
  • Градот Фиренца забранува употреба на арапски броеви за трговија, дозволувајќи ги само римските броеви.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads