1294
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1294 (MCCXCIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1294 година од новата ера, 294. од вториот милениум, 94. од XIII век и петта од 1290-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6802 и 6803 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6044 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5054 и 5055 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2047.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1294 година се протега во 3930 и 3931, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3990 и 3991 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1837. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 693 и 694 исламска година.
Remove ads
Настани
Азија
- 18 февруари - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
Европа
- 5 јули - По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
- Есен - Како одговор на активностите на новите кралски администратори во северен и западен Велс, Мадог ап Ливелин започнува револт против неговите англиски господари.
- 24 декември - Папа Бонифациј VIII го наследува Папа Целестин V, станувајќи 193-ти папа.
- Јован I, кралот на Шкотска, решава да ги одбие барањата на кралот Едвард I за поддршка во планираната инвазија на Франција.
- Архитектот Арнолфо ди Камбио ја дизајнира Фирентинската катедрала.
- Англија и Португалија влегуваат во првиот сојуз (Англо-португалски сојуз, како најстар познат сојуз.
- Едвард I и Филип IV Убавиот прогласуваат војна еден на друг. За финансирање на оваа војна, и двајцата цареви поставиле даноци врз свештенството. Папата Бонифациј VIII настојува на тоа дека кралевите добиваат папска согласност за оданочување на свештенството и им забранува на црковниците да плаќаат даноци.
- Јован XII Цариградски е прогласен за Вселенски патријарх.
- Михаил IX Палеолог се оженува за Рита Ерменска.
- За првпат се споменува црквата Св. Јаков во Перлеберг.
- За првпат се споменува Берген на Риген .
- Зволе станува член на Ханза.
Remove ads
Родени
- 18 јуни или 19 јуни - Шарл IV, последниот француски крал од Капетинската династија (п. 1328)
- Јован, војвода од Дурацо (п. 1336)
- Јована Валоа, грофица од Ено (п. 1342)
- Симонида, византиска принцеза и четврта sopruga на српскиот крал Стефан Милутин.
Починале

- 18 февруари - Кублај Хан (р. 1215)
- 3 мај - Јован I, војвода од Брабант
- 12 јуни - Јован I, гроф од Еу
- 25 декември - Местин II, војвода од Померанија
- Брунето Латини, фирентински филозоф (р. 1220)
- Димитар I, кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads