1291
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1291 (MCCXCI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1291 година од новата ера, 291. од вториот милениум, 91. од XIII век и втора од 1290-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6799 и 6800 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6041 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5051 и 5052 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2044.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1291 година се протега во 3927 и 3928, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3987 и 3988 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1834. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 689 и 691 исламска година.
Remove ads
Настани
По место
Европа
- Пролет - Вандино и Уголино Вивалди отпловуваат од Џенова со цел да стигнат до Индија. Тие никогаш не се враќаат.
- 10 мај - Шкотските благородници го признаваат авторитетот на кралот Едвард I, посредувајќи во решавањето на кризата за наследство, создадена со смртта на кралот Александар III, пет години претходно.
- Август - Основан е Швајцарскиот Сојуз од Швиц, Ури и Унтервалд.
- Саншу IV Кастилски го освојува градот Тарифа од Маврите.
- Хабсбуршката династија го стекнува швајцарскиот град Луцерн.
- Папа Никола IV ја потврдува независноста на Сан Марино, преку папска була.
- Сите производители на стакло во Венеција се принудени да се преселат на островот Мурано, со цел да намалат ризикот од пожар, со што се создава стаклената индустрија на островот.
- Изграден е замокот Кленова во јужниот дел Бохемија, како дел од пограничниот одбранбен систем.
- Кралот Андреј III Унгарски дава привилегии на кралскиот град на Братислава, денешен главен град на Словачка.
- Теобалд Годен станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
Азија
- 18 мај - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
Remove ads
Родени
- 8 февруари - Крал Афонсо IV Португалски (п. 1357)
- 31 октомври - Филип де Витри, француски композитор (п. 1361)
- Папа Климент VI (п. 1352)
- Теодор I Монфератски (п. 1338)
- Ајмон Савојски (п. 1343)
- Маргарета Ебнер, германска калуѓерка (п. 1351)
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads