Список на држави и територии во Европа

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Список на држави и територии во Европа
Remove ads

Списокот подолу ги вклучува сите единици кои спаѓаат дури и делумно под некоја од различните дефиниции за Европа, географска и политичка. Педесет суверени држави се изброени со територија во Европа и/или членство во меѓународните европски организации, шест држави со делумно признавање и осум области кои не се дел од интегралните делови на европските држави или имаат посебен политички статус.

Thumb

Дефиниција за Европа

Поделбата помеѓу Азија и Европа е оспорувана, но најчесто е користена следнава дефиниција, границата се протега долж планината Урал,[1] реката Урал и Каспиското Езеро на исток,[2] планината Кавказ[3] и Црното Море, со неговите протеци, Босфор и Дарданели, на југ.[4][5][5] Заснована на оваа поделба, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Русија и Турција имаат територии и во Европа и во Азија.

Островот Кипар во Југозападна Азија е близок до Мала Азија и е на Анадолската плоча[6], но често се смета за дел од Европа како моментален член на Европската Унија (ЕУ). Ерменија е целосно во Југозападна Азија, но е член на некои европски организации.[7]

Иако Средоземното Море обезбедува почиста поделба помеѓу Африка и Европа, некои традиционални европски острови, како што се Сицилија и Малта се наоѓаат на африканската континентална плоча.[8] Островот Исланд е дел од Северноатлантската област, делејќи ја европската и северноамериканската плоча.[9]

Некои територии географски надвор од Европа имаат силни врски со европски земји. Гренланд има социополитички врски со Европа и е дел од Кралството Данска, но е групирано во континентот на Северна Америка.[10]

Други територии се дел од европските држави, но се географски сместени на други континенти, како што се француските прекуокеански департмани,[11] шпанските градови Сеута и Мелиља на африканскиот брег,[12] и териториите на холандските Антили Бонер, Саба и Свети Евстахиј.[13]

Remove ads

Суверени држави

Суверена држава е политичко здружување со делотворен суверенитет врз населението за кои донесува одлуки од национален интерес.[14] Според конвенцијата од Монтевидео, државата мора да има постојано население, дефинирана територија, влада и капацитет да има односи со други држави.[15]

Признаени суверени држави

Постојат 50 меѓународно признати суверени држави со територија, која се наоѓа во честата дефиниција на Европа и/или членство во меѓународни европски организации, од кои 44 имаат главен град во рамките на Европа. Сите, освен Ватикан се членови на Обединетите нации (ОН),[16] и сите освен Белорусија, Казахстан и Ватикан се членови на Советот на Европа.[17] Од 2007, 27 од овие држави се исто така и земји-членки на ЕУ, што значи дека се високо интегрирани во Европа и ја делат нивната сувереност со ЕУ институциите.

Секоја запишана држава на списокот има карта со неговата локација во Европа. Територијата во Европа е покажана во темнозелена; територијата негеографски во Европа е покажана во светлозелена. Посветлата зелена боја ги претставува државите на ЕУ и е покажана на картите на сите територии во рамките на ЕУ.

* = Членка на ЕУ[18]
Повеќе информации Знаме, Карта ...

Делумно признаени суверени држави

Следниве шест држави имаат делумно дипломатски признавање од една или повеќе земји-членки на ОН (и затоа се дефинирани како држави од уставната теорија на државотворноста) или немаат дипломатско признавање од некоја земја-членка на ОН, но се дефинирани како држави од декларативната теорија за државотворност и се признаени од една или повеќе нечленки на ОН. Ниедна не е член на ОН, Советот на Европа или ЕУ.

Повеќе информации Знаме, Карта ...
Remove ads

Зависни територии

Следниве шест европски единици се зависни територии.[38]

* = Дел од ЕУ, иако имаат специјални договори
Повеќе информации Знаме, Карта ...

Специјални области на внатрешен суверенитет

Следниве места се сметаат за интегрални делови во нивните држави, но имаат политички договор кој бил склучен на меѓународно ниво.

* = Дел од ЕУ, иако може да имаат специјални договори
Повеќе информации Знаме, Карта ...
Remove ads

Белешки

  1. ^ a b c d e f Бројките за површината и населението вклучуваат интегрални области, кои се наоѓаат надвор од Европа. Површината и населението на државите со сепаратистички региони ги вклучува и сепаратистичките области.
  2. ^ a b c d e f Дел од Јужен Кавказ, на крстопатот на Европа и Азија. Физиогеографски, Ерменија целосно спаѓа во Западна Азија, додека Грузија и Азербејџан се главно во Азија, со мали делови северно во планините Кавказ, кои се наоѓаат во Европа.
  3. ^ a b c Островот Кипар се наоѓа на работ на азиската Анадолска плоча и физиогеографски е поврзан со Азија, но е дел од европските организација, како што е ЕУ.
  4. ^ Терминот Република Ирска и Poblacht na hÉireann не се службени долги имиња, но се користат за правен опис за разликување на државата од остров.
  5. ^ a b c Казахстан, Русија и Турција имаат територии и во Европа (темнозелена) и во Азија (светлозелена).
  6. ^ a b Данска и Холандија се уставни држави на Кралство Данска и Кралство Холандија соодветно. Двете се земји-членки на ЕУ; меѓутоа, другите уставни држави на нивните кралства не се. Во меѓународните организации, термините Данска и Холандија, често се користат за кратки форми на нивните соодветни кралства во целост.
  7. ^ Холандија е исто така позната како „Холанд“, но ова може да го означува само еден регион во земјата со истото име, а не целата земја.
  8. ^ a b c d Обединетото Кралство се состои од државите Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс. Обединетото Кралство е одговорно за странските односи и владението со кралските поседи Гернзи, Ман и Џерзи, кои се одвоени. Копната на Англија, Шкотска и Велс го составуваат островот Велика Британија (или едноставно Британија), кој понекогаш се користи со исто значење за Обединето Кралство.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads