британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Сајмон Кевендиш MBE (англиски: Mark Simon Cavendish; р. 21 мај 1985 ) — мански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[6][7] Првично започнал како велодромски велосипедист, специјализирајќи се во дисциплините медисон, бодовна трка и скреч, а од 2006 се префрлил во друмскиот велосипедизам, истакнувајќи се како спринтер. Од многумина е сметан за еден од најдобрите спринтери на сите времиња,[8][9] а во 2021 година бил наречен „најдобриот спринтер во историјата на Тур и на велосипедизмот“ од Кристијан Придом, директорот на Тур де Франс.[10]
Марк Кевендиш на Тур де Франс 2012 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Марк Сајмон Кевендиш | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Топовско ѓуле,[1] Манска ракета[2] Кев[3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 мај 1985[4] Даглас, Ман, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,75 м[5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг[5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2004 | Тим Персил | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2006 2006–2011 2012 2013–2015 2016–2019 2020 2021- | Тим Шпаркасе Т-Мобајл Тим Тим Скај Омега Парма-Квик Степ Тим Дименжн Дата Бахреин-Мекларен Декојнинк-Квик Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 1 декември 2022 |
Во неговите први години како велодромски велосипедист, Кевендиш освоил злато во медисон на Светските првенства во 2005 и 2008 возејќи за Велика Британија, заедно со Роб Хејлс и Бредли Вигинс соодветно и во трката во скреч на Комонвелтските игри 2006, возејќи за Ман. Откако не успеал да освои медал на Летните олимписки игри 2008 не учествувал во велодромските дисциплини до 2015 година, кога ја освоил неговата трета титула на светските првенства со Вигинс во медисон во 2016 година и поединечен сребрен медал во омниум на Летните олимписки игри 2016.
Како друмски велосипедист, Кевендиш станал професионалец во 2005 година, и постигнал единаесет победи во неговата прва професионална сезона, изедначувајќи го рекордот на Алесандро Петаки. Кевендиш освоил вкупно 34 етапи на Тур де Франс, изедначувајќи се со рекордот на сите времиња со легендарниот Еди Меркс по бројот на освоени етапи на трката, придонесувајќи да биде трет по бројот на освоени етапи на големите трки, вкупно 53 етапни победи. Ја освоил друмската трка на Светското друмско првенство 2011, станувајќи вториот британски возач кој успеал во тоа по Том Симпсон. Кевендиш исто така го освоил бодовниот пласман (спринтерската маичка) на сите три големи трки: Вуелта а Еспања 2010, Тур де Франс 2011 и Тур де Франс 2021[11] и Џиро д’Италија 2013. Во 2012 година, станал првиот велосипедист кој победувал четири години по ред на последната етапа на Тур де Франс на Шанзелизе.
Освоил седум етапи на големите трки во 2013 година, една во 2015 и четири во 2016 година. Ова вклучувало победа на првата етапа на Тур де Франс 2016, освојувајќи ја првата жолта маичка на Тур де Франс во неговата кариера. Кевендиш паднал со Петер Саган на четвртата етапа на Тур де Франс 2017, принудувајќи го да се откаже од трката. Кевендиш продолжил да има добри резултати до август 2018 година, кога добил дијагноза за вирусот Епштајн-Бар. Пред дијагнозата, Кевендиш успеал да настапи на Тур де Франс 2018, но бил дисквалификуван откако не стигнал во рамки на временската граница на единаесеттата етапа. Се вратил на Тур де Франс во 2021 година, освојувајќи ги етапите 4, 6 и 10 со што стигнал до 33 етапни победи, една помалку од рекордот по број на освоени етапи на Тур. Три дена подоцна, на 9 јули, ја освоил етапата од Ним до Каркасон со што го изедначил рекордот. Исто така, го освоил бодовниот пласман пред Мајкл Метјус и Сони Колбрели.
Во 2011 година, Кевендиш бил назначен за член на Редот на Британската Империја за заслуги во британскиот велосипедизам. Исто така, ја освоил наградата за спортист на годината од BBC во 2011 година со скоро половина од сите гласови од десетте предлози.
Кевендиш е роден во Даглас, Ман, син на Дејвид исто така од Ман и Адел од Јоркшир, Англија.[12] Започнал да вози BMX како мал, натпреварувајќи се во Националниот спортски центар во Даглас.
Се приклучил на локалниот клуб во Даглас на девет години - неговата посветеност набрзо станала видлива. „Тој не сака да губи“, изјавил Дот Тилбери, негов поранешен тренер; „Започнал да победува и често ги поминувал другите возачи од групата за еден круг“.[13]
Тој изјавил: „Јас отсекогаш сум возел велосипед, некогаш добивајќи мали трки“.[14] „Мојата мајка се смееше на мене, а јас ѝ велев кога сите други пријатели имаат планински велосипеди, зошто и јас да немам, па така побарав и добив еден за мојот 13. роденден. Следниот ден отидов надвор и ги победив сите.“[14] Во тоа време, Кевендиш се сретнал со Дејвид Милар на трката околу островот Ман, кој му бил инспирирација. Кевендиш работел во банка две години, откако го напуштил училиштето. Се фокусирал на заработување доволно пари за да може да си дозволи да биде редовен велосипедист, бидејќи сакал да стане професионален велосипедист.[15]
Добил место како еден од шестемина возачи избрани за олимписката академија на Британската федерација за јуниорски возачи во 2003 година откако за малку да биде отфрлен поради неговиот релативно слаб резултат на тестовите за статичен велосипед. Тренерите Род Елингворт, Џон Херети и Сајмон Лилистон лобирале директорот на резултати на Британската федерација Питер Кин да го вклучи поради неговиот потенцијал.[16] Иако првично се мачел поради недостиг на фитнес, ја забележал неговата прва победа во сениорска конкуренција во март 2004 година; на трката Гирван успеал да се врати во водечката група откако отпаднал на искачувањето пред да го освои завршниот спринт пред Џулијан Вин.[17] Додека бил во академијата, освоил два златни медали на Островските игри 2003.[18][19]
Кевендиш напредувал добро во академијата. Елингворт изјавил, „Кев некако го сакал“ кога бил прашан за строгите правила и „диктаторскиот стил“ на академијата. Јуниорските возачи живееле со 58 фунти седмично и управувањето со финансии станал дел од животот во академијата, како и готвењето и чистењето.[20][17] Cycling Weekly ја опишал академијата како „воен камп“[17] контролиран од Елингворт, кој, откако дознал дека јуниорите прескокнале тричасовен тренинг, ги натерал да возат четири часа ноќе.[21]
Го освоил златото во медисон со Роб Хејлс на Светското велодромско првенство 2005 во Лос Анџелес. Претходно не возеле заедно, бидејќи вообичаениот партнер на Хејлс, Герајнт Томас, паднал за време на тренинг неколку седмици порано[17]—но завршил еден круг пред групата освојувајќи го златниот медал, следен од холандската и белгиската екипа, прва светска титула за Кавендиш.[22] Кевендиш исто така ја освоил бодовната трката на Европското првенство.[23]
Кевендиш станал професионалец во 2005 година со Тим Шпаркасе. Возел на Трката околу Берлин и Трката околу Британија.
Кевендиш ја започнал 2006 со континенталната екипа, Тим Шпаркасе, помошна помала екипа за Т-Мобајл Тим.[24][25] Во јуни, освоил две етапи и бодовниот и спринтерскиот пласман на Трката околу Берлин.[26] Се натпреварувал за Ман како велодромски велосипедист на Комонвелтските игри 2006 во Мелбурн, возејќи на трката скреч. Тој се издвоил од групата со тројца други: Роб Хејлс од Англија; Ешли Хачинсон од Австралија; и Џејмс Мекалам од Шкотска. Потоа ги победил нив во спринт за освојување на златниот медал за Ман. Времето на трката било 23 минути и 5 секунди, со просек од 51,9 км/ч.[27][28]
Неговиот успех на Трката околу Берлин довеле да стана стажант во Т-Мобајл Тим од август до крајот на сезоната.[29] Негов најдобар резултат бил на Трката околу Британија, каде трипати бил втор и го освоил бодовниот пласман.[30]
Јас сум класичен спринтер. Не можам да се искачувам на планина, но доколку сум напред на 200 метри пред крајот, тогаш никој не може да ме победи.
Пробивот на Кевендиш стигнал на трката Схелдепрејс 2007 во Белгија, каде го освоил генералниот пласман.[32] Подоцна освоил неколку етапи на Четири дена Динкерк[33][34] и Волта а Каталуња 2007[35][36] и тоа му донело да го изберат за Тур де Франс 2007. Доживеал пад на етапите 1 и 2.[37][38] и се откажал на осмата етапа, кога трката достигнала на Алпите, на двапати влегол во првите десет на етапите, но бил несреќен затоа што не успеал повеќе.[39] Неговата деби сезона продолжила со освојување 10 етапни победи, една зад рекордот на Алесандро Петаки во неговата деби сезона.[40] Кевендиш ја освоил неговата 11. победа во почетокот на октомври - Сиркут Франко-Бел - за израмнување на рекордот на Петаки.[41] Меѓу победи, три биле во трките од UCI ProTour, две на Волта а Каталуња и една на Енеко Тур 2007.[42]
Во 2008, Кевендиш се вратил на велодромот за Светското велодромско првенство 2008 во Манчестер. Кевендиш настапил со партнерот Бредли Вигинс во дисциплината медисон, откако Хејлс паднал на рутински тест за крв, и подоцна бил отстранет.[43] На половина трка изгледало дека се надвор од конкуренција, при што најблиските соперници биле еден круг пред нив. Меѓутоа, на 35 круга до целта, Вигинс отпочнал напад што им помогнало да ја стигнат групата десет група подоцна. Го презеле водството поради бодовите кои ги собрале на спринтовите. Го освоиле златниот медал, завршувајќи со деветнаесет бода, пред Германија со тринаесет.[44]
На патиштата, Кевендиш ја освоил неговата прва етапа на некоја голема трка, победувајќи две етапи на Џиро д’Италија 2008.[45] Кевендиш победил на уште четири други етапи на Тур де Франс 2008, првата на петтата етапа[46] од Коле до Шаторо.[47] Повторно победил на осмата етапа,[48] дванаесеттата етапа[49] и повторно на етапата 13,[50] правејќи го првиот британски возач, кој успеал да победи на четири етапи на еден Тур.[51] Одеднаш на возраст од само 22, тој станал четврти најуспешен британски професионалец во историјата.[52] По етапата 14, Кевендиш го напуштил Тур де Франс за да се фокусира на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг.[53][54] Тој и менаџерот на Тим Колумбија[55] Боб Спеплтон се согласиле дека возењето низ Алпите е ризик за неговите надежи.[56] Заедно со Вигинс во медисон, како моментални светски прваци биле фаворити за златниот медал, но завршиле деветти.[57] Кевендиш чувствувал дека Вигинс не дал сѐ од себеси во медисон.[58][59] Тој бил единствениот британски велодромски велосипедист, кој не успеал да освои медал.[60] Кевендиш заминал фрустриран и не зборувал со пријателите со месеци.[61] По Олимпијадата, Кевендиш останал лут со Британската федерација поради недоволното придавање значење на медисон, иако Крис Бордман изјавил дека професионалните обврски на Кевендиш, исто така, го попречиле во неговите подготовки за Олимпијадата. Во ноември, Кевендиш открил дека тој нема планови да се врати на велодромскиот велосипедизам.[62]
Остатокот од неговата сезона била успешна, со вкупно 11 понатамошни етапни победи, вклучувајќи три на Трката околу Ирска[63][64][65] која ја напуштил на последниот ден и Трката околу Мисури,[66][67][68] воедно освојувајќи го и неговиот единствен бодовен пласман оваа сезона. На Тур де Романди 2008, Кевендиш го освоил прологот, поединечен хронометар, победувајќи го сонародникот Бредли Вигинс и нагласувајќи ги неговите способности во хронометар на кратки растојанија.[69]
Сезоната 2009 на Кевендиш заочнала на Трката околу Катар, каде по обновил неговото соперништво со Том Бонен.[70] Бонен ја освоил трката и една етапа, иако Кевендиш освоил две етапи; исто така тој освоил две етапи на Трката околу Калифорнија, повторно победувајќи го Бонен во спринтерските завршници.[71] Исто така, на Трката околу Калифорнија, Кевендиш го освоил и првиот бодовен пласман во сезоната 2009.[72] Кевендиш бил новото изненадувачко лице за британскиот состав на Светските велодромски првенства UCI 2009, каде се натпреварувал на скреч трката и медисон, неуспевајќи да добие медал на ниедна од трките.[73] Ја започнал европската сезона на Тирено-Адријатико, италијанска еднодневна етапна трка, каде освоил една етапа.[74] Потоа настапил на својата прва класична трка, Милано-Санремо 2009, и откако дал некарактеристично мирни изјави пред трката, тој возел ефикасно низ планините, иако неговите соперници изјавиле дека тие делови ја правеле трката невозможна за негова победа – но потоа го поминал Хајнрих Хауслер во последните 200 метри за тесна победа во спринтот и трката, прва победа на Кевендиш во трка позната како еден од петте монументи во велосипедизмот.[75]
Кевендиш ги повторил двете етапни победи на Три дена Де Пане од 2008, исто така освојувајќи го бодовниот пласман.[76] На почетокот на Џиро д’Италија 2009 Тим Колумбија-Хај Роуд го освоил екипниот хронометар и тој добил шанса да ја носи розовата маичка, станувајќи првиот британски возач, кој ја облекол.[77] Меѓутоа првите две друмски етапи биле лоши за Кевендиш, каде бил победен на самата линија од Алесандро Петаки на првата етапа, додека на втората етапа бил вклучен во голем пад и не бил во можност да спринта следниот ден. Но, наскоро Кевендиш повторно се вратил на трката и освоил три етапи пред да ја напушти трката на етапата 13, изјавувајќи дека му треба одмор за подготовките за Тур де Франс 2009. Ги продолжил неговите подготовки со возење на Тур де Свис 2009, каде ги освоил етапите 3[78] и 6.[79][80]
Во текот на сезоната, Кевендиш развил извонредно партнерство со неговиот помошник, Марк Реншо. Продолжувајќи ја низата од успеси, Кевендиш ги освоил втората,[81] третата,[82] десеттата,[83] единаесеттата,[84] деветнаесеттата[85] и дваесет и првата етапа[86] на Тур де Франс. Со освојувањето на третата етапа станал првиот Британец, кој ја носел зелената маичка два дена по ред.[87] Победата на Кевендиш на етапата 11 му овозможила да ја поврати зелената маичка од соперникот Тор Хушовд и да го изедначи британскиот рекорд на Бари Хобан со осум етапни победа.[88] Освојувајќи ја етапата 19, Кевендиш поставил нов рекорд по број на етапни победи од британски возач.[89] Освојувајќи ја последната етапа, тој постигнал 1-2 победа за неговата екипа, кога неговиот колега и помошник, Марк Реншо, завршил втор на Шанзелизе.[86]
По Тур де Франс, Кевендиш ја освоил трката Шпаркасен Џиро Бохум и учествувал на Трката околу Ирска 2009, освојувајќи ја етапа 2.[90] На 7 септември ја забележал својата 50. победа во кариерата во друмскиот велосипедизам во спринтерска завршница на воведната етапа на Трката околу Мисури 2009.[91] Пред трката потврдил дека останува со Тим Колумбија-ХТЦ во 2010, ставајќи крај на гласините за преместување во новосоздадената британска екипа, Тим Скај.[91] Кевендиш ја задржал водечката маичка, спринтајќи за победа на етапата 2, но завршил петти на етапата 3 и го загубил водството од Тор Хушовд,[92] и бил приморан да се откаже од трката пред почетокот на етапата четири поради инфекција на белите дробови.[93] Иако бил избран како член во британската екипа за друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2009, неговата болест го спречила од негово учество.[94]
Поради проблемите со забите, Кевендиш го одложил почетокот на неговата сезона во 2010 до Рута дел Сол во средината на февруари.[95] Поради одложувањето, неговата форма била слаба и не успеал да ја одбрани неговата победа на Милано-Санремо 2010, заостанувајќи шест минути и завршувајќи на 89. место.[96] Целите на Кевендиш пред сезоната биле освојување на зелената маичка на Тур де Франс и друмската трка на Светските првенства 2010.[97] Исто така, Кевендиш изјавил дека ќе настапи на Трката околу Фландрија, но без намера за победа, бидејќи за трката е потребно тренирање, но дека планира да победи во иднина.[98]
По слабиот почеток на сезоната, Кевендиш ја пронашол формата на Волта а Каталуња 2010, каде завршил седми на хронометарот и ја освоил втората етапа.[99] Неговата екипа го повлекла од Тур де Романди 2010 откако направил нападен гест по освојувањето на втората етапа.[100][101] Пропуштајќи ја Џиро д’Италија 2010, Кевендиш одбрал да вози на Трката околу Калифорнија 2010, која започнувала на 16 мај, каде ја освоил етапата 1, негова трета победа во сезоната.[102] На 15 јуни Кевендиш имал силен пад додека спринтал во последните метри на четвртата етапа на Тур де Свис 2010, кога го променил правецот и го собрал Хајнрих Хауслер и неколку други возачи, со што го зголемил критиката од другите екипи кон неговиот начин на возење.[103] Кевендиш настапил на Тур де Франс 2010. На првата етапа, Кеведниш паднал во текот на последниот спринт на помалку од 3 километри пред целта. Камерите покажале дека Кевендиш во кривината влегол пребрзо и предоцна почнал да врти. Тогаш се потпрел со рамото на возачот до него за да ја врати својата линија на возење.[104][105][106] Кевендиш ја вратил формата и ја освоил петтата етапа,[107] шестата,[108] единаесеттата,[109] осумнаесеттата[110] и дваесеттата,[111] зголемувајќи го бројот на етапни победи на 15.[112] Завршил втор во бодовниот пласман, 11 бодови зад Алесандро Петаки.[113]
Следна трка на Кевендиш била Вуелта а Еспања 2010, каде неговата екипа го освоила екипниот хронометар, а Кевендиш прв ја поминал целта и ја презел водечката маичка.[114] Тој можел да заврши само како втор или трет на наредниве спринтерски етапи, но подоцна се вратил со победи на етапите 12,[115] 13,[116] 18[117] и бодовниот пласман.[118]
Кевендиш имал слаб почеток во 2011, не успевајќи да победи на некоја трка до крајот на февруари, кога ја освоил етапата шест на Трката околу Оман.[119] Продолжил да вози и стигнал до неговата втора победа во сезоната на Гроте Шелдепрејс, негова трета по неговиот претходни триумфи во 2007 и 2008, изедначувајќи се со рекордот на Пит Елибрант.[120] на Париз-Рубе не успеал да заврши.[121] Бил втор на втората етапа на Џиро д’Италија во спорни околности (Кевендиш покажал на победникот Петаки дека навлегол во неговата патека на движење во последниот спринт) и ја зел розовата маичка на етапата три. Кевендиш ја остварил првата етапна победа на Гранд Тур таа година на етапата десет на Џиро, отфрлувајќи ги тврдењата дека неправилно се држел за автомобилот на неговата екипа кога се искачувал на Етна на етапата девет.[122] Втората победа на Џиро во 2011 ја освоил на етапата дванаесет пред да ја напушти трката.[123] На 11 јуни било објавено дека Кевендиш ќе стане член на Редот на Британската Империја (MBE) како дел од одликувањата по повод роденденот на Кралицата.[124][125]
Кевендиш ги освоил етапите 5, 7, 11, 15 и 21 на Тур де Франс — зголемувајќи го бројот на вкупно освоени етапни победи на дваесет во неговата кариера на Тур де Франс,[126][127] и прв велосипедист кој некогаш победувал на последната етапа три години по ред. Иако му биле скратени дваесет бодови за завршување надвор од временската граница на етапите девет и осумнаесет,[128][129] Кевендиш успеал да го освои бодовниот пласман; и со тоа станал првиот британски велосипедист кој го освоил бодовниот пласман.[130][131]
Во следните недели Кевендиш учествувал на неколку критериуми. Го освоил критериумот Стипхут во Холандија, победувајќи ги браќата Енди и Френк Шлек од Леопард Трек на целта,[132] а потоа и Профкритериум Волвертем-Меза[133] и Ватерингсе Вилердаг.[134] Во август, екипата на Кевендиш ХТЦ-Хајроуд објави дека ќе се распаднат на крајот на сезоната,[135] зголемувајќи ги гласините за преминување на Кевендиш во Тим Скај.[136] Следната недела победи на велосипедскиот класик Лондон-Сари; настапувајќи за екипата на Велика Британија, тоа било официјална проба за друмската трка на Летните олимписки игри и дел од подготовките за Олимпијадата.[137]
По неколку дена, Кевендиш настапи на Вуелта а Еспања, но се откажа на етапата четири поради треска.[138] По повлекувањето од Вуелта, на Кевендиш му било дозволено да биде дел од составот за Трката околу Британија.[139] Кевендиш ја освоил првата етапа и ја зел водечката маичка,[140] и последната етапа во Лондон.[141]
На крајот на септември, Кевендиш заминал на Светските друмски првенства во Копенхаген каде учествувал на друмската трка со силната осумчлена британска екипа. Откако екипата ја контролирала целата трка и ја довеле трката да биде одлучена во спринтерска завршница, каде Кевендиш ја поминал целта за првпат со што ја освоил маичката виножито. Тој станал втор британски првак по Том Симпсон во 1965.[142][143] По многуте гласини било објавено дека Кевендиш ќе се приклучи во Тим Скај за сезоната 2012.[144] Отишол заедно со неговиот колега од ХТЦ-Хајроад Бернхард Ајзел.[145]
Во ноември, Кевендиш се врати во велодромскиот велосипедизам, настапувајќи на трката Револушн на велодромот во Манчестер. Ја освоил трката скреч, негова прва победа во велодромскиот велосипедизам од секаков вид по 2008.[146] Објавил дека ќе започне со тренирање за сезоната 2012 порано отколку претходните години со цел да биде поподготвен за класиците.[147] Во ноември ја добил наградата на годината за најинспиративен спортист во 2011 од Академијата Јагуар како дел од годишните спортски награда во хотелот Савој во Лондон.[148] Во декември Кевендиш ја добил и наградата спортска личност на годината од ББС со 169.152 (49,47%) гласови.[149]
Кевендиш ја започнал сезоната 2012 на Трката околу Катар, каде откако се изборил со болеста ја освоил третата етапа и со тоа првата победа за Тим Скај.[150] Исто така, подоцна ја освоил петтата етапа и влегол во првите десет во генералниот пласман.[151] Ја завршил трката на шестото место, и покрај падот на последната етапа.[152] Иако не успеал да победи на ниедна етапа на Трката околу Оман, бидејќи се здобил со повреда на првата, се вратил со победа на Курне-Брисел-Курне.[153] Кевендиш целел кон втора победа на Милано-Санремо во март, но се откажал на Ле Мани, 100 километри пред целта.[154] Не успеал да постигне висок пласман на ниеден од класиците во 2012. На Тур де Романди, Кевендиш ја покажал неговата способност за кратки хронометри, откако завршил трет на прологот, но не освоил ниедна етапа.
Една недела подоцна Кевендиш стигнал до петтата победа во сезоната со спринт на втората етапа на Џиро д’Италија. Следниот ден повторно бил во конкуренција за победа на третата етапа, но во спринтот возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Роберто Ферари агресивно ја сменил насоката на движење, допрел до него и Кевендиш паднал, а со тоа предизвикал целата група да застане. Помеѓу другите возачи во падот бил предводникот на трката Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда). Подоцна, Кевендиш објавил на Twitter дека Ферари треба да биде „засрамен поради оневозможувањето на носителите на розова, црвена и виножито маичките“.[155] Се опоравил од малите повреди и победил на етапите 5 и 13.[156][157] Кевендиш завршил на Џиро, но бил поразен во бодовниот пласман од возачот на Катјуша Хоаким Родригес за еден бод. Го освоил помалиот пласман Аѕури д’Италија и пласманот за борбеност на етапите.[158] Кевендиш настапил на Стер ЗЛМ Тур ГП Јан ван Хесвејк во средината на јуни. И покрај неуспехот да победи на ниедна од четирите, главно рамни, етапи, постојаноста во пласманите на етапите на Кевендиш му донело победа на трката - прва во неговата професионална кариера - со предност од осум секунди.[159]
Во јули, Кевендиш ја освоил втората етапа на Тур де Франс, негова 21. етапна победа на Тур.[160] Кевендиш бил во борба за уште една етапна победа на четвртата етапа, но бил учесник во големиот пад во последните 3 километри. Потоа, Кевендиш презел улога на поддршка за екипата, бидејќи Скај оделе на целокупна победа со Вигинс, поради што Кевендиш им носел вода на неговите колеги и дури бил на темпо на искачувањата низ Пиринеите.[161] Екипата му возвратила на Кевендиш за неговата работа преку помошта во достигнувањето на бегството на етапата осумнаесет, иако Кевендиш сам ги достигнал возачот на Рабобанк Луис Леон Санчес и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал во последните 200 метри и ја освоил својата 22. етапна победа на Тур, изедначувајќи се со Ленс Армстронг и Андре Дарижад.[162] Кевендиш ја освоил последната етапа на Тур де Франс на Шанзелизе по рекордна четврта година по ред и со тоа станал најуспешниот спринтер во историјата на Тур со дваесет и три етапни победи.[163] Исто така, станал првиот велосипедист кој победил на Шанзелизе во виножито маичка. Во текот на Тур, францускиот весник L’Equipe го именувал Кевендиш за најдобар спринтер на Тур де Франс на сите времиња.[164][165]
Главна цел на Кевендиш во сезоната била друмската трка на Олимписките игри, која се одржала шест дена по последната етапа на Тур де Франс. Силната британска екипа составена од Вигинс, Крис Фрум, Ијан Станард и Милар планирале да ја имаат контролата во нивни раце и да му дозволат на Кевендиш да учествува во спринтерска завршница на крајот на трката. Меѓутоа, екипата била приморана да постави темпо за мнозинството на трката, со само неколку други земји кои понудиле поддршка, и на последното искачување во кругот Бокс Хил била создадена голема група бегалци од околу трисесет возачи. И покрај најдобрите напори на Станард, Вигинс, Милар, Фрум и колегата од Скај Бернхард Ајзел, бегството не можело да биде достигнато, поради што Кевендиш завршил како дваесет и деветти, четириесет секунди зад победникот, Александар Винокуров од Казахстан.[166]
Кевендиш освоил три етапи на Трката околу Британија.[167]
На 18 октомври потпишал тригодишен договор со белгиската екипа Омега Парма-Квик Степ од сезоната 2013.[168]
Кевендиш ја започнал сезоната 2013 со победа на воведната етапа на Тур де Сан Луис во Аргентина како негово деби со екипата Омега Парма-Квик Степ.[169] Потоа ја освоил Трката околу Катар, каде постигнал четири последователни етапни победи од вкупно шест етапи.[170] Во март ја освоил втората етапа на Три дена Де Пане.[171] Во април бил спречен во шансата за рекордна четврта победа на Шелдепрејс од бранителот на титулата Марсел Кител од Аргос-Шимано, завршувајќи на второто место; Омега Парма-Квик Степ помогнал да се достигне бегството, но не успеале во последниот километар, оставајќи го Кевендиш да го започне неговиот спринт на околу 200 метри пред крајот со околу дваесетина возачи.[172]
Во мај победил на воведната етапа на Џиро д’Италија, освојувајќи ја розовата маичка по третпат во неговата кариера.[173] Ја освоил и шестата етапа во масовен спринт на рамната етапа. Оваа победа го поместила над Роберт Милар на врвот на списокот на британски професионални возачи на сите времиња на Cycling Weekly'.[174] Победил и на етапата 12, достигнувајќи ја својата 100. професионална победа и преземајќи ја црвената маичка по третпат на трката.[175] Следниот ден совршено ја испланирал неговата завршница и победил на етапата 13, негова четврта на трката во 2013. Неговата петта победа на Џиро ја освоил на последната етапа, преземајќи го бодовниот пласман на кој водел во голем дел од трката. Со тоа постигнување, Кевендиш станал само петти возач кој успеал да ги освои бодовните пласмани на сите три големи трки.[176]
На 23 јуни, Кевендиш го освоил националното друмско првенство, околу улиците на Глазгов. Го претекнал Дејвид Милар на правецот и се одржал пред Станард, кој се повратил иако имал дупната гума во претпоследниот круг, освојувајќи го сребрениот медал.[177]
Во јули, Кевендиш ја освоил петтата етапа на Тур де Франс, донесувајќи му ја 24. етапна победа на Тур. На целта бил поздравен од Андре Дерижад, претходниот носител на рекордот за најмногу етапни победи на Тур од страна на некој спринтер.[178] На единаесеттата етапа, поединечен хронометар од 33 километри, гледач го испрскал Кевендиш со урина.[179][180] На тринаесеттата етапа бил во бегство составено од 14 возачи на 30 километри пред целта, кога успеал да го претекне Петер Саган за победа на етапата, негова 25. кариерата на Тур.[181] Кон крајот на истиот месец, Кевендиш одлучил да вози на Трката околу Данска, каде ја освоил завршната етапа.[182]
Во септември, Кевендиш се вратил на велодромскиот велосипедизам по првпат од Олимписките игри во Пекинг, натпреварувајќи се на велодромот во Гент на Меѓународното првенство Белгија. Завршувајќи втор во скреч и трет во медисон со Овен Дул, Кевендиш не ги исполнил условите за Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро, да заработи доволно бодови за да се пласира на Светскиот куп.[183]
На 18 септември, Кевендиш ја освоил четвртата етапа на Трката околу Британија, поминувајќи ги Елија Вивијани. Ја повторил победата три дена подоцна на седмата етапа, кога повторно го победил Италијанецот Елија Вивијани.
Кевендиш имал слаб почеток во сезоната, одлучувајќи да не настапи на Џиро д’Италија. Негов најдобар резултат на класиците бил петтото место на Милано-Санремо. Освоил четири етапи и бодовниот пласман на Трката околу Турција.[184]
На првата етапа на Тур де Франс 2014, која се одржала во Јоркшир, Англија, Кевендиш паднал при контакт во последните секунди во спринтерската завршница. При падот го изместил десното рамо[185] и не возел на следната етапа.[186] Се вратил на Тур де л’Ен, каде останал без победи.[187] Потоа, покажал одредена форма на Тур ду Поату-Шарент, победувајќи на првите две етапи.[188] Кевендиш настапил на Трката околу Британија во септември, завршувајќи трет на првата етапа во Ливерпул и втор на завршната етапа во Лондон. На крај, неговата сезоната 2014 се покажала како една од најмалку успешните,[189] освојувајќи 11 трки и без етапни победи на големите трки.[190] Кевендиш ја завршил 2014 година со велодромски настапи, освојувајќи го второто место на Шест дена Гент[191] и победа на Шест дена Цирих,[192] обете трки со Илјо Кејсе, но подоцна ја отфрлил можноста да настапи на велодромските дисциплини на Летните олимписки игри 2016 поради друмски обврски.[190]
За разлика од претходната година, Кевендиш имал успешен почеток на сезоната 2015, освојувајќи пет трки до средината на февруари, вклучувајќи две етапи, бодовниот и генералниот пласман на Трката Дубаи.[193][194] Во март, Кевендиш победил на Курне-Брисел-Курне, по вторпат во својата кариера.[195] Потоа, учествувал на Тирено-Адријатико, каде бил вклучен во голем пад на втората етапа поради Елија Вивијани.[196] Кевендиш настапил на Трката околу Турција каде освоил три етапи и бодовниот пласман пред Даниеле Рато.[197] Потоа, учествувал на Трката околу Калифорнија, покажувајќи добра форма со победа на четири етапи и бодовниот пласман пред победникот Петер Саган.[198] Настапот на Тур де Свис бил неуспешен бидејќи негово најдобро место било шестото на шестата етапа.[199] Ја освоил седмата етапа на Тур де Франс во спринтерска завршница.
На 16 август, Кевендиш се вратил на велодромскиот велосипедизам, здружувајќи ги силите со Бредли Вигинс за победа во медисон во првото коло на велосипедските серии Револушн на новоотворениот велодром во Дерби.[200] По првпат од Олимпијадата 2008, двоецот возел заедно на некоја трка.
На 29 септември било објавено дека Кевендиш потпишал за МТН Кубека — која ќе биде преименувана во Тим Дименжн Дата — за сезоната 2016, заедно со колегата Марк Реншо од Етикс-Квик Степ и Бернхард Ајзел, негов поранешен колега од ХТЦ и Скај. Главниот на екипата, Даг Рајдер, го опишал потпишувањето на Кевендиш како „голем чекор напред за екипата“.[201]
Во февруари, Кевендиш возел на Трката околу Катар по вторпат во својата кариера, освојувајќи ја воведната етапа и генералниот пласман. Изјавил дека негова цел за 2016 година биле олимписките игри, поради неговата желба за освојување медал, одбирајќи да вози на велодромските дисициплини, како омниум. Како подготовка настапил на Светското велодромско првенство; завршувајќи шести во омниум и победувајќи во медисон заедно со Вигинс.[202] Во април возел на Трката околу Хрватска, освојувајќи ја втората етапа.[203]
На 2 јули ја освоил воведната етапа на Тур де Франс во спринтерска завршница, освојувајќи ја својата 27. етапна победа и облекувајќи ја жолтата маичка за првпат.[204] Ја изгубил маичката следниот ден кога Саган ја освоил втората етапа.[205] Кевендиш ја освоил третата етапа во фото-завршница со Андре Грајпел, освојувајќи ја својата 28. победа и израмнувајќи го подвигот на Бернар Ино. Со оваа победа повел во бодовниот пласман.[206][207] Ја освоил шестата етапа во масовен спринт, пред Марсел Кител и Ден Меклеј, за зголемување на водството.[208] Саган повторно ја преземал зелената маичка од Кевендиш на десеттата етапа, кога Словакот бил дел од бегство кое издржало до крајот, завршувајќи втор зад Мајкл Метјус и освојувајќи го средниот спринт на етапата.[209] Кевендиш стигнал до неговата четврта етапна победа на Тур 2016 и негова 30. победа, на четиринаесеттата етапа, претекнувајќи ги Александер Кристоф и Саган на целта.[210] Се откажал од Тур на вториот ден за одмор пред планинските етапи, наведувајќи ја потребата за подготовка на Игрите во Рио.[211] На тие Игри, Кевендиш конечно освоил олимписки медал при неговиот трет обид, освојувајќи го сребрениот медал во омниум.
По Олимпијадата, се вратил на велодромот, здружувајќи се со Бредли Вигинс да вози на Шест дена Лондон. Двоецот тесно изгубил од Кени де Кетеле и Морено де Пау во завршните моменти на шестиот ден, завршувајќи на второто место во генералниот пласман.[212] Двоецот возел на Шест дена Гент, овојпат победувајќи ги Де Кетеле и Де Пау освојувајќи ја победата во генералниот пласман.[213]
Откако немал победи на воведната трка во Дубаи,[214] Кевендиш ја освоил воведната етапа на Трката Абу Даби.[215] Во април му бил дијагностициран вирусот Епштајн-Бар, што го спречило да учествува на националните првенства.[216] Во интервју од 2021 година, Кевендиш изјавил дека неговото здравје било нарушено откако докторите му рекле дека може да тренира, иако вирусот уште бил активен во неговиот систем, доведувајќи да го намали внесот на храна поради постигнување на тежината за трките и на крајот да му се одрази на неговото душевно здравје и клиничка депресија.[217]
Кевендиш се вратил во форма за Тур де Франс 2017, но моменталниот светски првак Петер Саган наводно го принудил Кевендиш во заштитните огради во завршниот спринт на целта на четвртата етапа. Кевендиш се здобил со скршена лопатка, откако паднал на неговото десно рамо кое го изместил три години претходно и се повлекол од трката.[218][219] Саган подоцна бил дисквалификуван откако изгледало дека го удрил Кевендиш со лакт. Како одговор, Кевендиш изјавил дека бил пријателски со Саган но дека не бил „фан да го стави неговиот лакт“.[219] Роб Хејлс, поранешен професионален велосипедист, изјавил дека Кевендиш веќе одел кон заштитните огради пред Саган да го извади лактот. Исто така тврдел дека не се случил контакт помеѓу двајцата велосипедисти.[220] И други го делеле мислењето на Хејлс, изјавувајќи дека повеќе било вина на Кевендиш што се обидувал да влезе низ мал процеп отколку на Саган. Меѓутоа, организаторите на трката, изјавиле дека Саган „предизвикал сериозна опасност за некои од неговите колеги“ во спринтот.[221][222]
Кевендиш се вратил на трките во медисон на Шест дена Лондон.[223] По повлекувањето на Бредли Вигинс, се здружил со Питер Кенох,[224] и завршил втор на крај.[225]
Кевендиш ја започнал сезоната 2018 на Трката Дубаи, освојувајќи ја третата етапа. Потоа, настапил на Трката околу Оман, завршувајќи втор на воведната етапа.[226] Потоа ја започнал Трката Абу Даби, но паднал во неутралната зона на првата етапа. Паднал на скршеното рамо претходната година на Тур де Франс и морал да ја напушти трката.[227] Кевендиш се вратил на трките на Тирено-Адријатико, но имал уште еден пад при воведниот екипен хронометар. Кевендиш скршил ребро и и покрај тоа што се вратил на неговиот велосипед, го пропуштил временскиот лимит и не можел да ја продолжи трката.[228] Кевендиш бил подготвен за Милано-Санремо, но имал тежок пад во последните километри како групата се приближувала на Поџо ди Санремо. Скршил уште едно ребро, како и се здобил со исеченици, но и веројатна повреда на лигаментот на зглобот.[229]
Надежите на Кевендиш за освојување на етапа на Тур де Франс завршиле откако не успеал да влезе во временската рамка за 11. етапа. Кевендиш ја поминал целта еден час, пет минути и 33 секунди зад етапниот победник, Герајнт Томас, двојно повеќе од временската граница поставена на 31:27.[230] Кевендиш требало да вози на Европското друмско првенство. Меѓутоа, се повлекол од трката по совет на неговата медицинска екипа, поради бројни повреди рано во сезоната. Кевендиш изјавил дека било „неверојатно разочарувачки“.[231][232]
Кевендиш се вратил на трки на Вуелта а Сан Хуан во Аргентина, откако не возел од август 2018 година. Завршил осми и подоцна изјавил дека било „убаво да биде назад во главната група“.[233]
Не бил избран за Тур де Франс поради нарушени односи со сопственикот на Тим Дименжн Дата Даглас Рајдер[234] и други здравствени проблеми од 2017 година. Како одговор, Кевендиш изјавил дека бил „апсолутно скршен“ да го пропушти Тур, на кој настапувал секоја година од 2007 година.[235][236] Даглас Рајдер изјавил дека „повеќе луѓе ја направиле таа одлука“ и дека „целата екипа била вклучена“. Меѓутоа, директорот на екипата за резултати, Ролф Алдаг, изјавил дека одлуката била направена од самиот Рајдер. Алдаг ги истакнал своите желби за вклучување на Кевендиш на Тур, но подоцна прифатил дека на крајот била одлука на сопственикот на екипата кој да биде вклучен во составот.[237] Алдаг го објавил своето заминување од екипата на крајот на сезоната во изјава на почетокот на септември.[238]
Кевендиш паднал на првата етапа на Трката околу Полска откако се допрел со тркалото на спора и остра кривина на околу 4 километри до целта; завршил на последното место.[239][240] Меѓутоа, успеал да заврши шести на третата етапа. На крајот ја напуштил трката на шестата етапа за да со насочи на Европското друмско првенство,[241][242] каде завршил на 31. место.[243]
Бил избран од екипата да го предводи составот на Трката околу Германија[244] и да вози на Трката околу Британија.[245]
На крајот на октомври, Кевендиш потпишал со Бахреин-Мекларен за сезоната 2020 заедно со Микел Ланда, Ваут Пулс и Дилан Тенс.[246] Објавата следела по успехот на Шест дена Лондон 2019, каде Кевендиш заедно со Овен Дул, завршил втор зад Елија Вивијани и Симоне Консони.[247][248]
На почетокот на 2020 година, Кевендиш имал надежи дека ќе настапи во медисон на Летните олимписки игри 2020, но не бил избран во британската репрезентација за последното коло од Светскиот велодромски куп во Милтон, Канада или на Светското велодромско првенство во Берлин, со што не можел да настапи на Игрите.[249][250] Го имал својот прв настап за екипата Бахреин-Мекларен на Трката околу Саудиска Арабија во февруари 2020 година, каде му помогнал на колегата Фил Баухаус за две етапни победи и победа на трката, откако Кевендиш паднал двапати на втората етапа на трката.[251] Во текот на сезоната се менувал во возењето помеѓу спринтер и помошник за колегите, меѓутоа програмата за Кевендиш била нарушена од пандемијата на КОВИД-19. Подоцна не бил избран во составот на екипата за одложениот Тур де Франс 2020, Кевендиш рекол дека не се чувствува подготвен за Тур, поради недостиг на трки и поради особено тешката планинска рута на трката и го поддржал колегата Микел Ланда во обидот за жолтата маичка.[252] Возел на одложените калдрмисани класици есента, каде направил бројни бегства.[253] На Гент-Вевелгем изјавил во интервју со Sporza дека трката може да биде негова последна:[254] подоцна дообјаснил дека коментарот се однесувал на озборувањата за подоцнежните фламански класични трки кои биле откажани, што излегло дека не е случај: откако возел на Схелдепрејс, Трката околу Фландрија и Три дена Брухе-Де Пане објавил во интервју со Het Nieuwsblad дека го имал „(неговиот) најдобар тркачки месец во подолго време“ и означил дека сака да продолжи да се трка „уште неколку повеќе сезони“.[253]
По извештаите дека ќе се повлече поради тешкотиите да обезбеди договор во екипа од Светската турнеја,[255] во декември 2020 година, Кевендиш објавил дека ќе се врати во Декојнинк-Квик Степ за сезоната 2021.[256] Неговиот договор бил за минимална плата од 40.000 евра (колку е за екипа во Светската турнеја) и морал да донесе сопствен спонзор во екипата.[217] Во април ги освоил првите четири професионални победи од 2018 година, освојувајќи ги етапите 2, 3, 4 и 8 на Трката околу Турција.[257][258][259][260] Во јуни остварил уште една победа на петтата и последна етапа на Трката околу Белгија, триумфирајќи пред групата составена од Кејлеб Јуан, Тим Мерлир, Паскал Акерман, Дилан Груневеген и Насер Бухани.[261] Колегата на Кевендиш, Сем Бенет имал исклучително нарушен однос со управата на екипата,[262] и кога Бенет бил отстранет од Тур де Франс 2021 по повреда на тренинг, Кевендиш бил поставен во екипата како водечки спринтер.[263] Ги освоил етапите 4, 6, 10 и 13 на Тур, со што стигнал до 34 етапни победи на Тур де Франс, изедначувајќи го рекордот по број на етапни победи со Еди Меркс.[264] На последната етапа на трката на Шанзелизе, Кевендиш пропуштил да победи, завршувајќи трет зад Ваут ван Ерт и Јаспер Филипсен, меѓутоа го освоил бодовниот пласман вторпат во неговата кариера, десет години откако го постигнал тоа во 2011 година.
Кевендиш бил поддржан од „најсилниот спринтерски воз на трката“[265] со Михаел Меркев како негов водечки човек.[266]
Сезоната на Кевендиш била наеднаш нарушена со пад на последната сезона во медисон на велодромската трка Шест дена Гент. Кевендиш близу го следел светскиот првак во медисон Ласе Норман Хансен, зад Гербен Тејсен и Кени де Кетеле. Тејсен се слизнал на патеката поради што Де Кетеле удрил во предното тркало на Хансен, со што обајцата Хансен и Кевендиш паднале. Кевендиш бил однесен на интензивна нега во болницата во Гент поради скршени ребра и дупнато белодробно крило.[267]
Во декември, Кевендиш го продолжил неговиот договор со екипата за уште една година.[268]
Кевендиш ја отворил неговата сезона на Средниот Исток. На Трката околу Оман завршил втор на првата етапа зад Фернандо Гавирија. Следниот ден го освоил спринтот на втората етапа, преземајќи го водството во генералниот и бодовниот пласман. Ја завршил шестдневната трка со четврто место во бодовниот пласман откако му скратиле бодови по петтата етапа и откако бил блокиран од Максимилијано Ричезе во спринтот за шестата етапа.[269] На 21 февруари, Кевендиш ја освоил втората етапа на Трка ОАЕ 2022.[270]
На 16 март, Кевендиш станал првиот британски велосипедист кој го освоил италијанскиот класик Милано-Торино. Откако се тркал со просечна брзина од 44 км/ч на растојание од над 199 километри, Кевендиш ги претекнал Насер Бухани и Александер Кристоф освојувајќи ја неговата прва победа во Италија до 2014 година.[271]
Помалку од два месеци подоцна, на 8 мај, ја освоил третата етапа на Џиро д’Италија 2022 во Унгарија, негова 16. етапна победа на Џиро.[272] Ова му ја донело 53. етапна победа во кариерата на големите трки, со што бил на четири од Марио Чиполини и единаесет од Меркс на најмногу етапни победи на сите времиња.
На 26 јуни 2022 година, Кевендиш повторно го освоил националното друмско првенство, кое последен пат го освоил во 2013 година.[273]
Кевендиш има агресивен стил на возење спореден со спринтер, кој турка кон заштитните огради.[274] На Тур де Франс 2009, бодовите, кои ги добил на средните спринтови на етапата 14 му биле одземени, откако било пресудено дека го истуркал Тор Хушовд преблиску до заштитните огради на патеката.[275] По деветнаесеттата етапа, изјавил дека бил „засрамен“ за неговите коментари околу „заслужниот“ носител на зелената маичка Хушовд. По етапата четири на Тур де Свис 2010, Кевендиш бил прогласен за виновен во падот, во кој учествувале тој и Хајнрих Хауслер во спринтот на крајот на етапата.[276] Падот предизвикал Хауслер, Арно Коајо и Лојд Мондори да се откажат од трката, поради нивните повреди, додека Кеведиш бил способен да продолжи.[277] Кевендиш добил триесет секунди казна и казна од 200 франци. Почетокот на следната етапа бил нарушен од некои возачи, кои протестирале на стилот и возењето на Кевендиш и изјавиле дека тоа било недостиг на почит од Кевендиш.[277]
Неговиот стил на возење предизвикал организаторите на критериумот Боксмер 2013 во Холандија да објават дека не е добредојден поради пад во текот на десеттата етапа на Тур де Франс, кога го истурал холандскиот возач Том Велерс во спринтерска завршница, при која Велерс паднал.[278] Уште еден пример за сомнителната грижа за безбедноста додека возел била забележана на воведната етапа на Тур де Франс 2014 кога предизвикал пад на Сајмон Геранс додека се обидувал да го оттурне од патот во текот на спринтот.[185] Во 2016 година, Кевендиш прифатил одговорност и се извинил за падот на јужнокорејскиот велосипедист Парк Санг-хон во дисциплината омниум на Олимпијадата, кога контакт помеѓу нив довел Парк да падне од неговиот велосипед.[279] По падот, Парк се онесвестил и не се мрдал, додека не му се укажала прва помош; на крајот бил изнесен со носилка.[280]
Кевендиш е опишуван како уверен, дури и арогантен.[281][282]
Во 2008 изјавил:
„ | Кога новинарите на Тур де Франс ме прашуваат дали сум најдобар спринтер, јас им одговарам Да и тоа е гледано како ароганција, но доколку не ме прашаат, не би им кажал дека сум најдобар спринтер на светот.[274] | “ |
Кевендиш има „фотографска“ меморија за деталите на трките. Во интервју од 2013 година со Џонатан Лиу, тој изјавил „ако извозам три круга на една патека можам да кажам каде се наоѓаат сите дупки“. Како тест, Џонатан го прашал да ја раскаже последната делница од неговата победа во Санремо пет години претходно. Му требале пет минути да го наброи секој детаљ во последните 10 километри. Ова е очигледна предност на Кевендиш во планирање на неговите трки.[283]
На 5 октомври 2013 година, Кевендиш се оженил со манекенката Пета Тод во Лондон, со што станел потатко на нејзиниот син Финбар (р. 2006) од претходната врска.[284] Кевендиш и Тод заедно имаат три деца: Делајла, Фреј и Каспер.[285][286][287] Има три куќи: една на островот Ман, за која вели дека секогаш ќе биде неговиот вистински дом, куќа во Есекс која ја дели со неговата сопруга и куќа за тренирање во Карата, Тоскана, Италија.[288][289]
Во јануари 2015 година, Кевендиш го објавил создавањето на Rise Above Sportive, масовна велокрос трка која би се одржала во Честер и Северен Велс во август 2015 година.[290] Во ноември 2015 година добил почесен докторат од Честерскиот универзитет за неговиот придонес во велосипедизмот.[291] На Кевендиш му бил откриен вирус Епштејн-Бар во април 2017 година и поминал неколку месеци надвор од трките пред да се врати на Тур де Франс 2017.[292] Во август 2018 година повторно му бил откриен вирусот и се повлекол од тренинг и трки со цел да се одмори.[293] Се вратил на трки на Вуелта а Сан Хуан 2019 во Аргентина.[294]
Во јуни 2009, била објавена неговата автобиографија, Boy Racer, која ја покривала неговата кариера дотогаш.[12][295] На конференцијата за печатот во Лондон, пред Тур де Франс 2009, Кевендиш објаснил дека книгата била „повеќе биографија на етапните победи од последниот Тур де Франс“, отколку автобиографија.[296] Негова „најголема мотивација за пишување автобиографија било да се објасни самиот себеси“, да се спротивстави на интерјуата дадени веднаш по трките.[296]
Во интервју со Cyclingnews.com, Кевендиш изјавил дека книгата ќе „предизвика некоја контроверза“ пред да изјави дека позитивна во однос на другите.[295] Книгата вклучувала многу настани вклучувајќи ја понудата за повеќе пари за да го напушти Тим Колумбија-Хај Роуд во 2008 година, која Кевендиш ја одбил; врските со екипите и возачите; и значајни моменти за него на некои трки.[297][298] Секое поглавје опишува етапа од Тур де Франс 2008, еден до четиринаесет, користејќи автобиографски моменти од животот на Кевендиш.[12]
Во ноември 2021 година ја објавил Tour de Force: My history-making Tour de France, кое било за враќањето на Кевендиш со успех на Тур 2021.[217]
Кевендиш е рангиран на делба на првото место на сите времиња на етапни победници на Тур де Франс со 34 победи и на третото место на сите времиња по бројот на етапни победи на големите трки со 53 победи.
Извор:[317]
Монумент | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | 1 | 89 | 52 | СО | 9 | 5 | 46 | 110 | 101 | СО | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | — | — | — | СО | 110 | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — |
Париз-Рубе | — | — | — | — | СО | — | — | — | — | 30 | — | — | — | НСО | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | не настапил во текот на неговата кариера | |||||||||||||||
Џиро ди Ломбардија | ||||||||||||||||
Класик | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Курне-Брисел-Курне | — | — | — | — | — | 1 | NH | — | 1 | — | — | — | — | — | — | — |
Милано-Торино | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1 |
Гент-Вевелгем | — | 17 | 59 | — | 60 | 58 | 18 | — | СО | — | — | — | — | 74 | — | — |
Схелдепрејс | 1 | 1 | — | — | 1 | — | 2 | — | — | 2 | — | — | — | 143 | 3 | — |
Хамбуршки класик | — | — | — | — | — | — | — | 5 | 66 | — | — | — | — | НСО | НСО | — |
Минстерланд Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 28 | — | — | 1 | — | |
Париз-Тур | — | — | — | — | 42 | — | — | — | — | 6 | — | — | СО | — | — | — |
2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | НСО | — | НСО | 29 | НСО | — | НСО | — | НСО | |||||||||
Светски првенства | — | — | СО | — | — | СО | 1 | СО | СО | — | — | 2 | — | — | — | — | СО | — |
Национални првенства | 15 | — | — | 5 | 6 | — | — | — | 1 | СО | 2 | 2 | 21 | СО | 22 | НСО | СО | 1 |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | ДНЕ | 132 | ДНФ | ДНЕ | ДНФ | 145 | 127 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | 145 |
Освоени етапи | — | 2 | 3 | — | 2 | 3 | 5 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1 |
Бодовен пласман | — | 4 | — | — | — | 2 | 1 | — | — | — | — | — | — | — | — | 3 |
Тур | ДНФ-8 | ДНФ-14 | 131 | 154 | 130 | 142 | 148 | ДНФ-2 | 142 | ДНС-17 | ДНС-5 | ДНФ-11 | — | — | 139 | — |
Освоени етапи | 0 | 4 | 6 | 5 | 5 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 0 | 0 | — | — | 4 | — |
Бодовен пласман | — | — | 2 | 2 | 1 | 4 | 2 | — | 4 | — | — | — | — | — | 1 | — |
Вуелта | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | 144 | ДНФ-4 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | — | — | — | 3 | 0 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | 1 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.