ирски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Даниел Џон Мартин (англиски: Daniel John Martin; р. 20 август 1986 во Бирмингем) — поранешен ирски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел помеѓу 2008-2021 за екипите Канондејл-Гармин, Квик-Степ Флорс, ОАЕ Тим Емирати и Израел старт-ап нејшн.
Мартин на Трката околу Британија 2016 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Даниел Џон Мартин | ||
Роден | 20 август 1986 Бирмингем, Англија, Обединето Кралство[1] | ||
Висина | 1,76 м[2] | ||
Маса | 62 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2006–2007 2007 | Ла Пом Марсеј Слипстрим-Чипотл | ||
Професионални клубови | |||
2008–2015 2016-2017 2018-2019 2020-2021 | Слипстрим-Чипотл Етикс-Квик Степ ОАЕ Тим Емирати Израел старт-ап нејшн | ||
Значајни победи | |||
|
Роден и пораснат во Англија, Мартин ја претставувал Ирска преку неговата мајка која била Ирка. Во текот на неговата кариера, Маргин настапил на две Олимписки игри и освоил етапи на Тур де Франс 2013 и на Тур де Франс 2018. Мартин, исто така, освоил етапи на Вуелта а Еспања во 2011 и во 2020, како и на Џиро д’Италија 2021.[3][4] Завршил меѓу првите 10 на пет големи трки, трипати на Тур де Франс и двапати на Вуелта а Еспања. Исто така го освоил генералниот пласман на Трката околу Полска 2010[5] и на Волта а Каталуња 2013.[6] На еднодневните трки го освоил Јапонскиот куп 2010, Тре Вали Варезине 2010, Џиро ди Тоскана 2011, Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2013 и Џиро ди Ломбардија 2014.[7]
Мартин е роден на 20 август 1986 во Бирмингем, Англија.[8] Мартин е син на Нил Мартин, поранешен британски професионален велосипедист и Марија Мартин (родена Роуш) од Ирска, сестра на победникот на Тур де Франс 1987, Стивен Роуш, татко на професионалниот велосипедист Николас Роуш.[9][10] Мартин станал британски национален јуниорски првак во 2004, меѓутоа во 2006, Мартин одлучил да вози за Ирска. Во 2007, се приклучил на француската аматерска екипа Вело-Клуб Ла Пом Марсеј, освојувајќи го планинскиот пласман на Ронде де л’Изар.
Мартин станал професионалец во 2008 со екипата Гармин-Чипотл-Х30. Тој постигнал брз успех со освојувањето на етапната трка Рут ду Суд и станал ирски национален друмски првак. Следната година, Мартин бил 35. на Светскиот ранкинг 2009 (со 137 бодови) на крајот на сезоната 2009 и возел на неговата прва голема трка, Џиро д’Италија 2009. Во 2010 ја освоил првата UCI ProTour етапна трка Трка околу Полска.[5] Овој настап му го донел 49. место таа година во Светскиот ранкинг, каде завршил со 106 бодови, кои ѝ помогнале на Ирска да биде на 17. место во националниот пласман (254 бодови).
2011 била неговата најдобра сезона досега. Тој ја освоил првата Гранд Тур етапа во текот на Вуелта а Еспања (Етапа 9) и исто така станал првиот Ирец, кој ја носел маичката во планинскиот пласман (имал водство на етапите 10 & 11).[3][11] Тој исто така освоил етапа на Трката околу Полска, но не успеал да ја одбрани титулата од минатата година. Високото второ место на завршната трка во сезоната, Џиро ди Ломбардија го довела Ден до највисокиот пласман во Светската турнеја на UCI на деветтото место со 286 бода, помагајќи ѝ на Ирска да дојде на 13. место во националниот пласман (319 бодови).
Иако немал победи во 2012, Мартин сè уште задржал висок пласман на Светската турнеја како 16. на крајот на сезоната со 196 бода.[12]
Во 2013, Мартин заминал во бегство и победил на кралската етапа (етапа 4) на Волта а Каталуња 2013. Тоа било трета етапна победа на некоја трка од Светската турнеја.[13] Исто така со победата на етапата го преземал водството во генералниот пласман и го задржал до крајот на трката.[6] Во април победил на Лиеж-Бастон-Лиеж, поразувајќи го возачот на Катјуша Хоаким Родригес. Имал доволно време да ја прослави својата победа откако Шпанецот отпаднал на последното искачување и сам стигнал до целта.[7] Извонредната рана сезона за Мартин продолжила на Тур де Свис, каде завршил на осмото место во генералниот пласман.
Мартин бил избран да вози на Тур де Франс 2013 како еден од трите можни предводници на Гармин-Шарп заедно со Рајдер Хесједал и Ендру Талански. На осмата етапа, Талански и Мартин завршиле заедно, дванаесетти и тринаесетти.[14] Следниот ден, Мартин ја освоил деветтата етапа, откако се одвоил од водечката група со возачот на Астана Јакоб Фуглсанг на последното искачување.[15] Го поминал Фуглсанг во последниот километар за победа на етапата.[16] Мартин се искачил на осмото место во генералниот пласман со оваа победа.[17] Меѓутоа, Мартин се разболел во последната недела и на последните три планински етапи, паднал на 33. место во генералниот пласман.[18][19]
Ја заокружил сезоната 2013 со четврто место на Џиро ди Ломбардија[20] и второто место во генералниот пласман на Трката околу Пекинг[21], што му помогнало да се искачи на шестото место во последниот ранкинг на Светската турнеја.
Мартин завршил втор на Флеш Валон, зад Шпанецот Алехандро Валверде (Мовистар Тим). Мартин бил добро поставен на Лиеж-Бастон-Лиеж, но во последните двесте метри паднал; Австралиецот Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ) победил на трката.
Главна цел на Мартин за сезоната му бил Џиро д’Италија, кој започнувал во Белфаст, Северна Ирска, Обединето Кралство. Меѓутоа, на воведниот хронометар, Мартин паднал, при што ја скршил клучната коска; подоцна ја напуштил трката.[22] Го прескокнал Тур де Франс за да се подготви подобро за Вуелта а Еспања; завршил седми во генералниот пласман.[23] Во октомври, Мартин победил на Џиро ди Ломбардија; нападнал во последниот километар и сам стигнал до целта, победувајќи со една секунда пред другите.[24] Мартин постигнал етапна победа и завршил на второто место во генералниот пласман на последната трка во сезоната, Трката околу Пекинг, а на крајот завршил деветти во поединечниот пласман на Светската турнеја.
Во март, Мартин стигнал до десетто место на Волта а Каталуња. Учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж, но бил достигнат од групата и морал да се откаже од надежите за победа на трката.[25] Учествувал на Тур де Романди (завршувајќи на 104. место) каде се пожалил на болка во градите, а по трката му било пронајдено дека имал две скршени ребра, како последица на падот во Лиеж.[26]
На единаесеттата етапа на Тур де Франс, Мартин имал триминутна разлика од бегството. Подоцна повел преку врвот на искачувањето. Меѓутоа, Рафал Мајка, дел од бегството, ја нападнал групата на Кол ду Турмале. Мартин стигнал на третото место. Сепак, ја освоил наградата за борбеност на етапата.
Во август 2015 година, во текот на учеството на Вуелта а Еспања, било најавено дека ќе потпише двегодишен договор со Етикс-Квик Степ почнувајќи од 2016 година, како засилување на екипата за арденските класици и учествувајќи како кандидат на етапните трки.[27]
Мартин имал успех на неговата прва трка со неговата нова екипа, освојувајќи ја втората етапа на Волта а ла Комунитат Валенсијана, негова прва победа по една година.[28] Имал уште една победа против силна група на Волта а Каталуња,[29] каде завршил трет во завршниот пласман.[30] Заминал во Белгија да настапи на арденските класици, каде негов најдобар резултат бил третото место на Флеш Валон.[31]
Прв позначаен резултат за Мартин во сезоната била етапната победа на Волта ао Алгарве.[32] Во април завршил втор зад Алехандро Валверде на обете трки, Флеш Валон 2017 и Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2017.[33][34] Во јуни, неговиот доцен напад на завршната етапа го довела до подиум, на третото место, на Критериум ди Дофине, претекнувајќи го Крис Фрум за една секунда.[35]
На Тур де Франс 2017, Мартин бил вклучен во пад со Ричи Порт на деветтата етапа. И покрај болката, завршил шести во генералниот пласман, а по етапата дознал дека имал два скршени пршлена.[36] Повредата го спречила да вози на Класика де Сан Себастијан 2017.
Во август 2017 година, Мартин објавил дека ќе се приклучи на ОАЕ Тим Емирати потпишувајќи двегодишен договор, почнувајќи од сезоната 2018.[37]
Сезоната ја започнал на Волта ао Алгарве.[38] Завршил четврти на втората етапа, губејќи ја спринтерската завршница со Михал Квјатковски,[39] а на крајот завршил на 14. место на трката.
На Париз-Ница, Мартин ја напуштил трката поради лошите временски услови и болест на седмата етапа,[40] Мартин на претходната етапа изгубил време поради механички проблем на неговиот велосипед.[41]
На Волта а Каталуња, Мартин заостанал на четвртата етапа, завршувајќи 1 минута и 29 секунди зад етапниот победник Алехандро Валверде, на 19. место.[42]
Првата победа во сезоната ја остварил на етапа на Критериум ди Дофине. На 12 јули, Мартин ја освоил втората етапа во кариерата на Тур де Франс со победа на шестата етапа на Тур де Франс 2018.[43][44]
Бил именуван за најборбен возач на Тур де Франс на цела трка.[45]
Во 2020 година, Мартин се приклучил на Израел старт-ап нејшн со двегодишен договор.[46]
Во 2020 година, Мартин го освоил петтото место на Флеш Валон, додека на Вуелта а Еспања завршил трет на секоја од првите две етапи, пред да ја освои третата етапа. На крајот завршил четврти во генералниот пласман.[4][47]
На 26 мај 2021 година ја освоил етапата 17 на Џиро д’Италија, со што освоил етапна победа на сите три големи трки.[48][49] На крајот на Џиро завршил на 10. место во генералниот пласман.[50]
Во септември 2021 година, Мартин објавил дека ќе се повлече од натпреварувањата на крајот на сезоната.[51]
Мартин го задржал двојното државјанство на Велика Британија и Ирска.[8] Откако станал професионалец, Мартин престојува во Жирона, Каталонија, Шпанија,[52] пред да се пресели во Андора во 2014 година.[53] Женет е со британската тркачка Џес Мартин.[54][55] Во септември 2018 година им се родиле близначки, Дејзи и Ела Мартин.
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Џиро | — | — | 57 | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | 10 |
Тур | — | — | — | — | 35 | 33 | — | 39 | 9 | 6 | 8 | 18 | 41 | 40 |
Вуелта | — | 53 | — | 13 | — | СО | 7 | СО | — | — | СО | — | 4 | — |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | ||||||||||||||
Етапна трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Париз-Ница | — | СО | 69 | — | — | — | — | — | — | 3 | СО | — | — | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | 20 | 55 | 25 | — | — | — | — | — | — |
Волта а Каталуња | 24 | 2 | — | 2 | 4 | 1 | 16 | 10 | 3 | 6 | 38 | 23 | НСО | 25 |
Трка околу Баскија | — | — | 14 | СО | СО | — | 11 | — | СО | — | — | 2 | — | |
Тур де Романди | — | 58 | — | — | 14 | — | — | 104 | — | — | 10 | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | 32 | — | 33 | 106 | — | — | 7 | 3 | 3 | 4 | 8 | СО | — |
Тур де Свис | — | — | — | — | — | 8 | — | — | — | — | — | — | НСО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Монумент | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | не настапил во текот на неговата кариера | |||||||||||||
Трка околу Фландрија | ||||||||||||||
Париз-Рубе | ||||||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | 118 | 99 | 58 | — | 5 | 1 | 39 | СО | 47 | 2 | 18 | СО | 11 | — |
Џиро ди Ломбардија | — | 8 | СО | 2 | 16 | 4 | 1 | 52 | 48 | — | 9 | 18 | — | 38 |
Класик | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Амстел Голд Рејс | — | СО | — | — | СО | 75 | СО | 15 | — | СО | СО | — | НСО | — |
Флеш Валон | — | 56 | 17 | СО | 6 | 4 | 2 | СО | 3 | 2 | 61 | СО | 5 | — |
Класика де Сан Себастијан | — | — | — | — | 18 | — | 25 | 7 | 12 | — | — | — | НСО | — |
Класик Бретања | — | 5 | 64 | — | 81 | — | — | — | — | — | — | — | — | 40 |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.