општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.
Општина Старо Нагоричане | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Старо Нагоричане | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Жаклина Јовановска | ||
Површина | |||
• Вкупна | 433,41 км2 (167,34 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.501 | ||
• Густина | 8,1/км2 (21/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +031 | ||
Регистарски таблички | KU | ||
Мреж. место | staronagoricane.gov.mk |
Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).
Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.
Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]
Најголема река која тече низ Општината Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.
Во атарот на село Орах се наоѓа Мокро Езеро природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато како Карпинско Езеро.
До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[3]
Населението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.
Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.
Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.
Застапено е и одгледување на винска лоза.
Попис на населението во Македонија (2002) на територија на Општина Старо Нагоричане имало 4840 жители од кои:[4]
Националности | Број на жители |
Македонци | 3906 |
Срби | 926 |
Албанци | 1 |
Роми | 1 |
Не кажале националност | 6 |
Попис на населението во Македонија (2021) бројката на население во Општината Старо Нагоричане е намалена на 3501 жители, што е намалување за огромни 27.6%.[5]
Националности | Број на жители |
Македонци | 2513 |
Срби | 585 |
Албанци | 13 |
Роми | 3 |
Не кажале националност | 9 |
На територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:
Градоначалник на општина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била реизбрана на Локални избори во Македонија (2021) за нов мандат од четири години.[7] Советот на општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Претходни градоначалници:
Милован Трајковиќ (1996-2000)
Власте Димковиќ (2000-2009)
Миодраг Јовановиќ (2009-2013)
Милован Стојковски (2013-2017) [8]
Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.