1951
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1951 (MCMLI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1951 година од новата ера, 951. од вториот милениум, 51. од XX век и втора од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7459 и 7460 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6701 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5711 и 5712 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2704.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1951 година се протега во 4587 и 4588, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4647 и 4648 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2494. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1370 и 1371 исламска година.
Remove ads
Настани
- 6 јануари – Во Југославија е донесен закон со кој се забранува носење зар и фереџе.
- 27 февруари – Во САД е ратификуван 27-от амандман на Уставот на САД со кој се ограничува мандатот на претседателот на двапати.
- 29 март – Во САД Етел и Јулиус Розенберг се осудени на смртна казна поради заговор и вршење шпионажа.
- 18 април – Потпишан е Парискиот договор со кој е основана Европската заедница за јаглен и челик.
- 15 мај – Во Боливија е извршен воен удар.
- 16 јули – Белгискиот крал Леополд III абдицира во корист на својот син Бодуен.
- 20 јули – Јорданскиот крал Абдулах I е убиен од страна на еден Палестинец.
- 11 ноември – Хуан Перон е повторно избран за претседател на Аргентина.
- 24 декември - Либија прогласува независност од Италија. Идриз I се прогласува за крал на Либија.
Remove ads
Родени
- 30 јануари - Фил Колинс, британски музичар
- 20 февруари - Гордон Браун, британски премиер
- 17 март - Курт Расел, американски глумец
- 23 мај - Антонис Самарас, грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи; Анатолиј Карпов, руски шахист
- 5 септември - Мајкл Китон, американски глумец
- 29 септември - Мишел Башле, чилеански претседател
- 2 октомври - Стинг, британски музичар
- 26 ноември - Чичолина, италијанска глумица и политичарка
- 11 декември - Катица Ќулавкова, македонски писател
Починале
- 8 јануари – Војдан Чернодрински, македонски драматург
- 10 јануари – Синклер Луис, американски писател, Нобеловец
- 30 јануари – Павел Шатев, македонски револуционер
- 19 февруари – Андре Жид, француски писател, Нобеловец
- 29 април – Лудвиг Витгенштајн, австриски филозоф
- 13 јули - Панко Брашнаров, македонски револуционер
- 23 јули – Филип Петен, француски колаборационист
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads