Драмски театар - Скопје

From Wikipedia, the free encyclopedia

Драмски театар - Скопје
Remove ads

Драмскиот театар — Скопје — една од најстарите театарски установи во Македонија.

Кратки факти Основана, Вид ...

Историја

Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена.[1][2] Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов.[2] Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.

Од 1960 година во театарот започнала да работи и вечерната сцена, со првата претстава „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ (драматизација Миња Дедиќ, режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).

Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2.[3] Првата претстава што била изведена во новиот објект на театарот била „Богомилска балада“.[2] Едновремено се формирал и постојан професионален ансамбл, чии членови-основачи биле: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“. Подоцна во театарот, доаѓа и помладата генерација на дипломирани глумци и веќе докажани професионалци: Стево Спасовски, Димче Мешковски, Снежана Стамеска, Благоја Чоревски, Ленче Делова, Коле Ангеловски, Мите Грозданов, Сабина Ајрула-Тозија, Владимир Ангеловски, Мето Јовановски, Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Лиле Георгиева, Гоце Тодоровски, Ненад Стојановски, Славица Зафировска, Петар Темелковски, Лилјана Велјанова, Мајда Тушар, Марин Бабиќ.

Remove ads

Претстави

До крајот на 2001 година, Драмски театар поставил 332 премиери и прикажал повеќе од 10.500 претстави. Најизведувани претстави во Драмскиот театар биле „Солунски патрдии“,[4] со 335 изведби во периодот 1979-2006, како и „Болва во уво“, со 333 изведби.Исто така, голема популарност имала претставата „Чија си“, која за само две години имала 181 изведба, како и претставите „Свадба“ на Васил Иљоски и во режија на Димитрие Османли и „Рибарски караници“ на Карло Голдони и во режија на Тодорка Кондова-Зафировска. Во 1963 година, претставите на Драмскиот театар ги гледале 142.465 гледачи, а таа година имало пет премиери и 259 одиграни претстави. Успешна година била и 1974 година, со 140.406 гледачи. Потоа, посетеноста на претставите започнала да се намалува и изнесувала: 80.000 гледачи во 1990 година, околу 50.000 во 2010 година (на 213 претстави) и 26.000 посетители во 2013 година (на 112 претстави). Првата Стериина награда, Драмски театар ја освоил за претставата „Покојник“ од Нушиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски, додека најнаградувани претстави биле: „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски а во режија на Слободан Унковски, „Еригон“ од Јордан Плевнеш а во режија на Љубиша Георгиевски и „Диво месо“ на Горан Стефановски а во режија на Унковски.[2]

На сцената на Драмски театар биле поставени следниве претстави:

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads