1224
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1224 (MCCXXIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1224 година од новата ера, 224. од вториот милениум, 24. од XIII век и петта од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6732 и 6733 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5974 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4984 и 4985 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1977.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1224 година се протега во 3860 и 3861, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3920 и 3921 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1767. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 620 и 621 исламска година.
Remove ads
Настани

- февруари - Во Карион кралот на Кастиља, Фердинанд III, објавува дека има намера да продолжи со „Реконквиста“ против ел-Андалус.[1] Истата година, алмохадскиот калиф Јусуф II ел-Мустансир умира и е наследен од Абу Мухамед ел-Вахид, но во ел-Андалус, двајца претенденти, исто така, ги бараат своите права на престолот. Оваа политичка нестабилност на муслиманската страна му овозможува на кастилискиот принц победоносно да го започне својот поход во октомври, со освојувањето на Кесада, Шпанија.
- Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта.
- Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот ги поразуваат Естонците. Со предавањето на тврдината Тарту, само островите на Саремаа и Муху остануваат под контрола на Естонија.
- Теодор Ангел Дука Комнин, владетел на Епирско Деспотство, го освојува Солунското Царство.
- Основан е Универзитет Неапол.
- За првпат се споменува градот Битерфелд-Волфен.
- Јуденбург ги добива своите градски привилегии.
- Опава ги добива своите градски привилегии.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads