1221
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1221 (MCCXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1221 година од новата ера, 221. од вториот милениум, 21. од XIII век и втора од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6729 и 6730 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5971 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4981 и 4982 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1974.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1221 година се протега во 3857 и 3858, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3917 и 3918 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1764. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 617 и 618 исламска година.
Remove ads
Настани

- јануари - Монголската армија на чело со Џучи го освојува денешниот град градот Кенеургенч во Туркменистан) и ги масакрира жителите.
- февруари - Островот Мерв на Патот на свилата е освоен од страна на монголските сили на чело со Толуј по наредба на Џингис Кан. Современите научници сметаат дека над еден милион луѓе систематски биле убиени.
- 16 јуни - Евреите од Ерфурт, Германија се масакрирани.
- 29 јули - 10-годишниот Цар Го-Хорикава се искачува на престолот на Јапонија[1]
- декември - Јован III Дука Ватац станува византиски цар (Никејско Царство[2]
- Голема и мошне ефикасна монголска армија, испратена под Субутај од Џингис Кан во Грузија, поразува две грузиски војски околу Тбилиси.
- Џингис Кан влегува во долината на Инд во денешен Пакистан[3][4]
- Маџд ел-Мулк ал-Музафар, големиот везир на Голем Корасан, е убиен од монголските освојувачи.
- Маите од Јукатан започнуваат револт против владетелите на Чичен Ица.[5][6]
- Султан ел-Камил, син на ел-Адил, кој бил брат на Саладин, го понудил Ерусалим на Крстоносците за десет години во замена за Дамиета, но крстоносците на крајот се откажале, во замена за безбедно повлекување од делот на Нил.
- Основан е градот Нижни Новгород, Русија.
Remove ads
Родени
- 9 октомври - Салимбене ди Адам, италијански хроничар[7]
- 23 ноември - Алфонсо Х Кастилски (1284)[8]
- Бонавентура, италијански теолог и светец[9]
- Маргарет Француска, кралица на Франција (п. 1295)
- Болеслав Побожниот
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads