1241
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1241 (MCCXLI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1241 година од новата ера, 241. од вториот милениум, 41. од XIII век и втора од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6749 и 6750 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5991 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5001 и 5002 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1994.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1241 година се протега во 3877 и 3878, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3937 и 3938 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1784. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 638 и 639 исламска година.
Remove ads
Настани
- 18 март - Битка на Хмјелник (Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков.
- 9 април - Битка кај Легњица: Монголските сили, под команда на Бајдар, Кадан и Орда-кан, ги поразуваат полските благородници вклучувајќи ги и Темпларите.
- 11 април - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа.
- мај - Битка кај Џиљо: Царската флота ја победува џеновската флота во Тиренско Море.
- Рано северно лето - Кризата за наследување на престолот или други приоритети резултираат со повлекување на монголските сили.
- 23 септември - Снори Стурлусон, писател на исландски јазик, е убиен од Гицур Торвалдсон, емисар на кралот Хокон IV.
- 25 октомври - Папа Целестин IV го наследува Папа Григориј IX, како 179-тиот папа.
- Ливонска крстоносна војна: Естонскиот бунт од 1237 е потиснат.
- За првпат се споменува градот Зебниц.
Remove ads
Родени
- 4 септември - Крал Александар III Шкотски (п. 1286)
- Еленора Кастилска, сопруга на Едвард I (п. 1290)
- Софија Данска, кралица на Шведска (п. 1286)
- Григориј II Цариградски, Вселенски патријарх.
Починале
- 28 март - Валдемар II Дански (п. 1170)
- 9 април - Хенри II Побожениот
- 24 јуни - Иван Асен II
- 10 август - Елеонор, Фер-мајка на Бретања (р. 1184)
- 22 август - Папа Григориј IX
- 20 септември - Конрад II, германски благородник и епископ
- 23 септември - Снори Стурлусон, исландски историчар, поет и политичар (р. 1178)
- 10 ноември - Папа Целестин IV
- 1 декември - Изабела Англиска (п. 1214)
- Огатај-кан
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads